Џејмс Вајсман
Џејмс Вајсман James Wiseman | ||
Роден | 29 август 1934 Норт Литл Рок | |
---|---|---|
Националност | Американец | |
Занимање | археолог, академик |
Џејмс Вајсман (Норт Литл Рок, 29 август 1934) – американски археолог, универзитетски професор, надворешен член на МАНУ (од 2003).[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Вајсман дипломирал на Универзитетот во Мисури во 1957 година, а потоа завршил класични студии во Американската школа во Атина (1959-1960). Магистрирал во1960 и докторирал во 1966 година на Универзитетот во Чикаго. Неговите професионални интереси биле насочени кон проучување на односот меѓу Римјаните и автохтоното население, трговијата и економијата во римскиот период и градовите и населените места во антиката и во доцноантичкиот период во источниот дел на Средоземјето. Предавал на универзитетите во Остин (Тексас), Колорадо, Бостон и во Американската школа за класични студии во Атина. Раководел со археолошки истражувања во Македонија (Стоби), Грција (Елис, Коринт, Никополис) и во Шпанија (Менорка). Од 1970 до 1981 година бил кораководител на археолошките ископувања во Стоби и уредник напубликацијата Студии за старините во Стоби I-III (Studies in the Antiquities of Stobi), а во 1979 година, во негова организација, на Универзитетот во Бостон е одржан симпозиум посветен на истражувањата на овој антички град. Тој бил основач и главен уредник на списанието Journal of Field Archaelogs (19741985), а покрај големиот број општествени дејности бил и потпретседател (1981‡1984) и претседател (1985-1988) на Археолошкиот институт на САД, каде што во 1993 година бил избран за почесен претседател. За надворешен член на МАНУ бил избран во 2003 година.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]- Studies in the Antiquities of Stobi, I-III, Beograd-Titov Veles, 1973-1981 (уредник);
- The Land of the Ancient Corinthians. Studies in Mediterranean Archaeology, 50, Goteborg, 1978;
- Landscape Archaeology in Southern Epirus, Greece, I, Hesperia Supplement, 32, Athens, 2003 (уредник).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 235. ISBN 978-608-203-023-4.