Џамија (Нистрово)
Изглед
Џамија во Нистрово | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Координати: 41°44′0″N 20°38′13.2″E / 41.73333° СГШ; 20.637000° ИГД | |
Место | Нистрово |
Општина | Општина Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Џамија во Нистрово — главна и единствена џамија во горнореканското село Нистрово.[1] Џамијата се наоѓа во западниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува кон селото Жужње.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од два дела. Првиот има квадратна основа и во него е сместен главниот молитвен простор. Вториот е понизок, претставува продолжение од западната страна и во него е сместен влезниот простор во објектот. На ѕидовите од џамијата има неколку залачени прозорци во два реда. Во дворот на џамијата се сместени и селските гробишта.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 76. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џамија (Нистрово) на Ризницата ?