Љубов Попова
Љубов Попова | |
---|---|
Љубов Попова, пред 1920 | |
Роден(а) | април 24, 1889 Ивановское |
Починал(а) | мај 25, 1924 | (возр. 35)
Националност | руско |
Познат(а) по | сликарство |
Правец | Кубизам Супрематизам Конструктивизам (уметност) |
Љубов Сергеевна Попова (руски: Любо́вь Серге́евна Попо́ва; 24 април 1889 – 25 мај 1924) - руска авангардна сликарка и дизајнерка(кубист, супрематист и конструктивист).
Животопис
[уреди | уреди извор]Љубов Попова е родена во Ивановско, блиску до Москва, во богатото семејство. Татко ѝ бил Сергеј Максимович Попов, успешен трговец со текстил, а мајка ѝ Љубов Василиевна Зубова. Љубов Попова имала двајца браќа и една сестра. Едниот од браќата, Павел, бил филозоф и чувар на уметничката оставнина на неговата сестра.[1] Таа се интересирала за уметноста, посебно за италијанското ренесансно сликарство. На единаесетгодишна возраст, започнала со часови по уметност, најпрво дома, а потоа и во женската гимназија Јалтинскаја.[2] На свои осумнаесет години, таа ја изучувала уметноста заедно со Станислав Жуковски, а во 1908 година, во приватните ателјеа на Константин Јуон и Иван Дудин. Од 1912 до 1913 година, почнала да ги посетува атељеата на сликарите кубисти Хенри Ла Фоконе и Жан Меценже.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Попова често патувала со цел да истражува и да учи од различните стилови на сликање, но најмногу ја интересирале руските икони, сликите на Џото, како и делата на италијанските сликари од 15 и 16 век.
Во 1909 година, отишла во Киев, потоа во 1910 година во Псков и Новгород. Наредната година посетила други градови во Русија, меѓу кои Сент Петерсбург, каде ги проучувала иконите. Во 1912 година, работела во московското атеље познато како „Кулата“ заедно со Иван Аксенов и Владимир Татлин.
Во текот на 1912 и 1913 година, студирала уметност во Париз. Откако се вратила во Русија, работела со Татлин, Удалцова и со браќата Веснин. Во 1914 година, патувала низ Франција и Италија, во времето кога се создавале кубизмот и футуризмот.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dabrowski, M., Liubov Popova, Museum of Modern Art, New York, 1991, p.122.
- ↑ 2,0 2,1 Harris, Ann Sutherland (1976). Women Artists, 1550-1950. New York: Museum Associates of the Los Angeles County Museum of Art. стр. 310. ISBN 0-394-41169-2.
- ↑ Sarabianov, Dmitri, and Adaskina, Natalia, Popova, Harry N Abrams Inc. New York, 1990