Југ-Пиринеи
Југ-Пиринеи | ||
---|---|---|
Земја | Франција | |
Префектура | Тулуза | |
Департмани | ||
Управа | ||
• Претседател | Мартен Малви (PS (Социјалистичка партија)) | |
Површина | ||
• Вкупна | 45.348 км2 (17,509 ми2) | |
Население (2009-01-01) | ||
• Вкупно | 2.865.000 | |
• Густина | 63/км2 (160/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC 1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC 2) | |
ISO 3166 | FR-N | |
БДП (2006)[1] | Грешка во Lua: во земјата | |
Вкупно | млј € | 73|
По жител | € | 26,200|
NUTS | FR6 | |
Мреж. место | midipyrenees.fr |
Југ-Пиринеи (француски: Midi-Pyrénées; окситански: Miègjorn-Pirenèus или Mieidia-Pirenèus) е најголемиот региони на континентална Франција според површина, поголем од Холандија или Данска.
Југ-Пиринеи не е историска или географска целина туку вештачки бил создаден кон крајот на XX век за да служи како подрачје на влијание на неговиот главен град Тулуза, еден од таканаречените „рамнотежни метрополи“ (métropoles d'équilibre).[2] Друг ваков пример е регионот Рона-Алпи кој бил создаден како регион за Лион. За името одлучила централната власт и истото е одлика на географскиот аспект без прибегнување кон историските провинции во оваа област (Midi ("Јужна Франција") - Pyrénées (Пиринеи – планините кои се природна јужна граница која Франција ја одвојува од Шпанија).
Историски аспект
[уреди | уреди извор]Историски, Југ-Пиринеи се составен од повеќе француски провинции кои постоеле во минатото:
- 24.2% од територијата на Југ-Пиринеи било дел од поранешна Гаскоња. Регионот Аквитанија исто така е дел од Гаскоња.
- 23.4% од територијата било дел од Лангдок чиј преостанат дел денес е во регионот Лангдок-Русијон.
- 19.9% од Југ-Пиринеи е дел од поранешен Руерг. Целата поранешна провинција Руерг денес е дел на новосоздадениот регион Југ-Пиринеи.
- 15.4% од Југ-Пиринеи е поранешен Керси. Целата поранешна провинција е интегрирана во новиот регион.
- 16.6% од Југ Пиринеи биле серија помали провинции, од исток кон запад: Грофовство Фоа (источна половина од Ариеж), Кузеран (западен дел од Ариеж), Небузан (краен југ на Горна Гарона и краен исток на Горни Пиринеи), Четири Долини и Бигор (запад и центар на Горни Пиринеи). Сите овие провинции целосно се содржани во денешниот регион Југ-Пиринеи.
- 0.5% од територијата било Ажене. Поголемиот дел од Ажене денес се протега во регионот Аквитанија.
Ваквата поделба на Југ-Пиринеи не била лесна бидејќи провинциите кои се именувани погоре биле поделени на pays (буквално "земји", односно држави), секоја со свој посебен идентитет. Сите овие поранешни историски провинции биле во минатото создадени од старата римска провинција Новемпопулана, подоцна позната како Васконија (поради влијанијата на Баските), а подоцна како Гасконија, односно Гаскоња. После 16 век овие пиринејски провинции биле дел од воениот регион Гаскоња. Доколку овие пиринејски провинции се сметаат за Гаскоња, тогаш 35.4% од Југ-Пиринеи би бил дел од Гаскоња, а 23.4% дел од Лангдок.
Демографија
[уреди | уреди извор]Тулуза и околината е густо населена и некаде густината на население достигнува и до 3,500 жители на км² додека некои територии во регионот бележат само 12 до 60 жители на км², што според проценките е најниската населеност во цела Европа.
Регионот Југ-Пиринеи броел 2.787.000 жители во 2007[3] од кои :
Број на жители по департман во Југ-Пиринеи[4] | ||||||||||||||||||
|
Тулуза и околината е густо населена и во некои области густината на население достигнува и до 3,500 жители на км² додека пак други територии во регионот бележат само 12 до 60 жители на км², што според проценките е најниската населеност во цела Европа. Тулуза и околината брои 1,000,000 жители и е далеку понаселен од второрангираниот град во Југ-Пиринеи Тарб, со само 110,000 жители.
Во однос на старосната структура, населението во Тулуза и околината е значително помладо и со повисок степен на образование за разлика од останатиот дел на Југ-Пиринеи. Надвор од околината на Тулуза населението старее и се разретчува, како што е случај со Лимузен и други слични области во Франција. Заради овие причини, Југ-Пиринеи честопати се нарекува "Тулуза и јужно-пиринејската пустина", што се однесува на познатата реченица "Париз и француската пустина" што ја изрекол францускиот географ Жан-Франсоа Гравие зборувајќи за централизацијата во 1947, кога со огромната експанзија на Париз и неговата околина, многу поголем од останатите градови во Франција, можел набрзо кон себе да го привлече целото француско население и економија, претворајќи го остатокот на државата во пустина.
Јазик
[уреди | уреди извор]Денес, францускиот јазик е доминантен јазик во целиот регион додека порано, до почетокот на 20 век, окситанскиот јазик секојдневно се користел во долините на Гарона и Тарн. Подалечните и поизолираните подрачја повеќе го задржале својот традиционален јазик така што тој сè уште можел да се слушне на пазарите во Гаскоња или Руарг сè до 70-тите на минатиот век. Сепак, промените во последните години на 20 век придонеле овој јазик полека да изумира и покрај регионалните напори за негово заживување со тоа што бил вклучен како предмет во училиштата. Денес на окситански главно зборуваат постарите луѓе во подалечните области Керси, Руерг а гаскоњски јазик зборуваат постарите кои живеат во подалечните области на Гаскоња и по пиринејските долини. Регионалниот канал France 3 неколку часа неделно емитува програми на окситански (но не и на гаскоњски). Бранителите на гаскоњскиот јазик негодуваат заради хегемонијата на окситанскиот јазик додека некои самопрогласени јазичари, како Лафит, одбиваат гаскоњскиот да се класифицира како дијалект на окситанскиот јазик. Францускиот јазик во Југ-Пиринеи се зборува со карактеристичен југозападен нагласок (со многу варијанти од Руерг, до Тулуза и Бигор). Згора на тоа, луѓето од Југ-Пиринеи користат некои изрази кои се разликуваат од оние на стандарден француски јазик и тешко се разбираат надвор од регионот. Во однос на тоа, јазичаричката ситуација во Југ-Пиринеи може да се спореди со онаа на Ирска, каде ирско-галскиот дијалект иако во изумирање, оставил силен печат на акцентот и вокабуларот.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Југ-Пиринеи е најголемиот регион во Франција. Тој зазема стратешка положба меѓу Средоземното Море и Атлантскиот Океан. Во 2006 вкупниот БДП изнесувал 87,915 милијарди $ for на популација од 2,755,000 жители. БДП по глава на жител изнесувал $32,519 годишно и стапка на невработеност од 8.9%.
Регионалната економија доминира во урбаната област на Тулуза. Главната дејност на Тулуза е во аеронаутичката индустрија. Само Ербас (Airbus), првиот светски производител на комерцијални авиони, има околу 20 000 вработени во регионот. Во однос на земјоделието, поради големината на регионот, тој има околу 60.000 активни фарми за развој на сточарството на земјоделска површина од 2.6 милиони хектари.
Тулуза исто така е значаен во областа на науката и истражувањето со својот три универзитета и големиот број на факултети.
Туризам
[уреди | уреди извор]Туризмот е значајна дејност во регионот како поради топлата клима и добрата местопоставеност, така и поради присуството на Пиринеите. Регионот е познат по својата гастрономија и по квалитетот на живеење. Освен вообичаениот туризам кој го нудат природните ресурси, Југ-Пиринеи честопати е посетуван и од страна на религиозните христијани кои го посетуваат малиот познат град Лурд, како нивно место на поклонение. Лурд е втората најпосетувано одредиште во Франција после Париз.
Природно и културно наследство
[уреди | уреди извор]Знаменитостите во регионот се класифицирани по региони:
Родез - Конк - Вијадуктот Мијо - Вилфранш-де-Руерг - Нажак;
Ош - Маркијак - Баиз - Армањак
Тулуза - Каналот на двете мориња (под заштита на УНЕСКО) - Лишон;
Јужен бигорски врв - Лурд - Мост на Шпанија - Гаварнија;
Каор - Фижак - Рокамадур - Долина на Дордоња - Сен-Сирк-Лапопи
Алби (Катедрала Света Сесилија од Алби- под заштита на УНЕСКО) - Корд-сир-Сиел - Сорез - Ревел-Сен Фереол
Позначајни градови
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (француски) Официјално мрежно место на Југ-Пиринеи Архивирано на 13 септември 2011 г.
- (француски) Регионален портал на INSEE
- (француски) Види Архивирано на 2 јуни 2010 г. - Тематско досие на INSEE, демографска и социјална статистика.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „GDP per inhabitant in 2006 ranged from 25% of the EU27 average in Nord-Est in Romania to 336% in Inner London“ (PDF). Eurostat.
- ↑ Во 60-тите, осум големи регионални градови во Франција (Тулуза, Лил, Нанси, Стразбур, Лион, Нант, Бордо, и Марсеј) биле направени „рамнотежни метрополи“, добивајќи посебна финансиска и техничка поддршка како противтежа на Париз (децентрализација).
- ↑ Населението во Југ-Пиринеи во 2007
- ↑ проценки на INSEE - 1 јануари 2006
43°30′N 1°20′E / 43.500° СГШ; 1.333° ИГД
|