Прејди на содржината

Југио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корицата на првиот том, вклучувајќи го Југи Муто

Југио[1] (јапонски: 遊☆戯☆王, англиски: Yu-Gi-Oh!) — авантуристичка манга од Казуки Такахаши и аниме-адаптации со исто име. Оваа манга била објавена во списанието Weekly Shonen Jump на Shueisha осум години: од 1996 до 2004 г. и станала едно од најпознатите дела во својот жанр. Американската лиценца ја добила компанијата VIZ Media. Првата аниме-адаптација на серијата била направена од Toei Animation во 1998 г. Серијата од 27 епизоди, заснована на првите седум тома на мангата, никогаш не била распределена низ целиот свет.[2]

Попознатото аниме Yu-Gi-Oh! Duel Monsters (遊戯王デュエルモンスターズ) е направено од компанијата NAS во 2000 г. Оваа верзија е преведена на повеќе од 20 јазици. Исто така, се заснова на заплетот на мангата, од том 8 па наваму, и се состои од 224 епизоди. Анимето го завршило своето прикажување во Јапонија на 29 септември 2004 г. Направени се и ТВ-сериите: Yu-Gi-Oh! GX (јап. 遊戯王デュエルモンスターズGX Yu-Gi-Oh! Duel Monsters GX), Yu-Gi-Oh! 5D's (遊戯王5Ds) и Yu-Gi-Oh! Capsule Monsters (遊戯王カプセルモンスターズ) и неколку анимирани филмови.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Приказната се сосредоточува околу Југи Муто, младо момче што решава загадочна, древна загатка позната како Милениумската загатка, будејќи го духот на безимениот фараон од пред илјадници години. Првично несвесен за присуството на духот, Југи наскоро дознава за него. Тој се соочува со бројни противници на турнирите со високи залози, борејќи се со злобници како Максимилион Пегаз, Марик Иштар и Дарц. Југи дознава дека неговата судбина е да ги спречи овие зли сили, вклучувајќи ги Јами Марик, Јами Бакура, Дарц и други, кои бараат светска надмоќност.[3]

Заедно со Југи е верната група пријатели: Џои Вилер, Теа Гарднер и Тристан Тејлор. Подоцна им се придружува Дјук Девлин и сестрата на Џои, Серенити.

  1. „Среќен 20-ти роденден Гоблин“. IT.mk.
  2. „Yu-Gi-Oh! (manga)“. Yu-Gi-Oh! Wiki (англиски). Посетено на 2024-05-18.
  3. Cullen, Lisa Takeuchi (December 18, 2002). 'I've Always Been Obsessed With Games'. Time Asia. Архивирано од изворникот на July 2, 2002. Посетено на November 13, 2018. In a game, the player becomes the hero. [...] The main character, Yugi, is a weak and childish boy who becomes a hero when he plays games. [...] As far as the manga story goes, I think all kids dream of henshin [...] if you combine the "yu" in Yugi and the "jo" in Jounouchi [...] Yujo translates to friendship in English, [...]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]