Прејди на содржината

Ѕвездичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од *)
*

Интерпункција

апостроф ( ' )
загради ( ( ) ), ( [ ] ), ( { } ), ( < >)
две точки ( : )
запирка ( , )
црта ( , , , )
три точки ( , ... )
извичник ( ! )
точка ( . )
закосени наводници ( « » )
цртичка ( -, )
прашалник ( ? )
наводници ( ‘ ’, “ ” )
точка и запирка ( ; )
коса црта ( / )
знак ⁄ ( )
Одделување на зборови
празно место ( ) () () ( ) () () ()
интерпункт ( · )
Општа типографија
амперсанд ( & )
знак ет ( @ )
ѕвездичка ( * )
обратна коса црта ( \ )
потточка ( )
карета ( ^ )
валута општ: ( ¤ )
особени: ฿, ¢, $, , , £, , ¥, ,
крст ( , )
степен ( ° )
превртен извичник ( ¡ )
превртен прашалник ( ¿ )
тараба ( # )
знак за нумеро ( )
реден показател (º, ª)
отсто и сл. ( %, ‰, )
нов ред ( )
прим ( )
отсечок ( § )
тилда ( ~ )
преглас ( ¨ )
долна црта ( _ )
вертикална/испрекината црта ( |, ¦ )
Необична типографија
астеризам ( )
индекс ( )
знак ∴ ( )
знак ∵ ( )
интеробанг ( )
знак за иронија ( ؟ )
ромб ( )
знак за референца ( )

Ѕвездичка (*) — правописен знак кој може да стои од десната или од левата страна на зборот или на текстот.[1]

Ѕвездичката се употребува:

а) За да се објасни извесен збор, тврдење, став и др., ѕвездичката стои од десната страна, над последната буква од зборот. Ако на страницата има повеќе такви објаснувања, бројот на ѕвездичките се наголемува секогаш за една повеќе. Објаснувањата обележани со * потоа одат во фусноти.

За да се избегне повторувањето на ѕвездичките на иста страница или ист текст, најчесто објаснувањата се бележат со надредни бројки.

б) Ѕвездичка се пишува и пред или по наслов на статија за да се обележи податок кој не се однесува на содржината на статијата, туку на податоци што се однесуваат на самата статија, на пр.: кому му е посветена, дали е некаде претходно прочитана како реферат, дали се препечатува и сл.

в) Со ѕвездичка се обележуваат и зборови, најчесто реконструирани од јазици без писмена засведоченост.

  1. 1,0 1,1 Правопис на македонскиот јазик. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“, Култура АД. 2017. стр. 142. ISBN 978-608-220-042-2.