Kiss (музичка група)

американска хард-рок група
(Пренасочено од Kiss)

Kiss (транскрипција: Кис) — американска рок-група основана во Њујорк во јануари 1973. Основачки членови на групата биле: Пол Стенли (ритам-гитара и пејач), Џин Симонс (бас и пеење), Ејс Фрели (водечка гитара и пеење) и Питер Крис (тапани и пеење). Со нивните шминки и костуми, станале како ликови од стрип: The Demon (Демонот) (Симонс), Starchild (Ѕвездено Дете) (Стенли), Space Ace (Вселенски Ејс) (Фрели) и The Catman (Човекот Мачка) (Крис).

Kiss
Животописни податоци
ПотеклоЊујорк Сити, Њујорк, САД
ЖанровиХард рок, хеви метал, глам метал
Период на активност1973 — 2023
ИздавачиCasablanca, Mercury, Sanctuary, Columbia
СоработнициE.S.P., Frehley's Comet, Union, Vinnie Vincent Invasion, White Tiger, Wicked Lester
Мреж. местоwww.kissonline.com
Поранешни членови
Пол Стенли
Џин Симонс
Томи Тајер
Ерик Сингер
Питер Крис
Ејс Фрели
Ерик Кар
Вини Винсент
Марк Џон
Брус Кулик

Групата стекнала популарност по објавувањето на нивниот албум во живо Alive! (1975) и Kiss станала една од најуспешните американски рок-групи и феномен на поп-културата во втората половина на 1970-тите. Нејзините членови биле лесно препознатливи по шминканите лица и сценските одела, како и по разните сценски изведби.

На 14 ноември 2023 година Симонс потврдил дека групата нема повеќе да настапува во живо и дека не планира да снима нови албуми.[1] Последниот концерт го одржале во Медисон Сквер Гарден во Њујорк на 2 декември 2023 година.[2] Во април 2024 година, Kiss бил продаден на Pophouse, компанија за виртуелни сценски изведби, за пријавени 300 милиони долари, сосе сите нивни песни, нивниот бренд и интелектуалната сопственост.[3][4][5]

Kiss се смета за еден од највлијателните рок-групи на сите времиња,[6][7] и со продадени преку 75 милиони плочи во светски рамки тие се наоѓаат на списокот на „Музичари со најмногу продадени албуми на сите времиња“.[8] Kiss, исто така, се група со најмногу албуми сертифицирани со златен тираж во САД, вкупно 30. Kiss имале 14 платинести албуми, а три од нив биле мултиплатинести.[7] На 10 април 2014 година, четворицата оригинални членови на Kiss биле примени во Куќата на славните на рокенролот. MTV ги ставил Kiss на деветто место на списокот „Најдобри метал-групи на сите времиња“,[9] а групата се нашла на десетто место на листата „100 најдобри хард-рок изведувачи“ според VH1,[10] како и на трето место на „Најдобри метал и хард-рок групи во живо на сите времиња“ според списанието Loudwire.[11]

Историја на групата

уреди

Поранешни членови се Брус Кулик, Ерик Кар, Марк Џон,Вини Винсент, Ејс Фрели, Питер Крис а денес настапуваат во следната постава: Пол Стенли, Џин Симонс, Ерик Сингер, Томи Тајер. Кис имаат издадено 45 златни албуми со што го имаат срушено рекордот на Битлси. Еден албум се продавал по огромен тираж, околу 110 милиони примероци. Лесно се препознаваат по своите шминки на лицето, и големите количества пиротехника што ги употребуваат за време на концертите. Со нивните шминки изгледаат како ликови од стриповите: The Demon (Џин Симонс), Starchild (Пол Стенли), Spaceman (Ејс Фрели), The catman (Питер Крис). Пред КИС, Џин Симонс и Пол Стенли ја формирале групата Wicked lester, со која имаат издадено еден албум, но не постигнале голем успех. Затоа тие ја формирале групата КИС, која интересно пред тоа требало да се вика ФАК, но за среќа, Пол Стенли извикал What about KISS?. Сите се согласиле, а за името бил инспириран од песната Looking for a KISS од New York Dolls. На аудицијата за гитарист, се појавил и дотогаш непознатиот ван Хелен, но сепак гитарист на групата станал Ејс Фрели, кој се појавил на аудицијата со две различни патики, кој го создал и логото на бендот KISS (двете SS се како ZZ наопаку).

Првата изведба на КИС се случила на 30 јануари 1973, во Popcorn club. Во март истата година, бендот снимил 5 демо снимки со продуцентот Еди Крамер. Поранешниот ТВ директор Бил Аукен кога ги видел КИС, и бил воодушевен од нив, предложил да стане нивни менаџер во средината на октомври, а КИС се согласиле. КИС во Bell Sound Studios во Њујорк на 10 октомври 1973 и почнале со снимање на нивниот прв албум. Првата нивна турнеја почнала на 5 февруари 1974 во Едмонтон, Алберта, Канада. Првиот нивни албум кој бил насловен како KISS, бил издаден на 18 февруари. На 19 февруари, КИС ја изведоа "Nothin' to Lose", "Firehouse", и "Black Diamond" за нивното прво појавување на националната телевизија, на ABC's Dick Clark's In Concert.На 29 април, бендот ја извеле "Firehouse" во шоуто на Мајк Даглас. Првиот албум Kiss го продале со само 75,000 примероци поради што почнале да губат пари, па го создале албумот Hotter than Hell. Но, и овој албум бил со слаб тираж, па со Dressed to kill, издаден на 19 мај достигнале голем успех.

Од тогаш КИС имаат голем успех, имаат издадено 45 албуми по тираж од околу 120.000.000 примероци. До 1983 никој не знаел кој се крие под шминките и оклопите на легендарната група. Тогаш КИС за првпат, на 18 септември се појавиле без шминки на MTV, кога го издале нивниот нов албум LICK IT UP. на 28 февруари 1996, Тупак Шакур, ја поставил оригиналната постава на КИС, денот на реунијата на КИС. Во 2002 Томи Тајер го менува Ејс Фрели, а уште во 1991, по смртта на легендарниот тапанар Ерик Кар, на негово место бил поставен Ерик Сингер, поранешен член на Алис Купер, Black sabbath, Lita Ford. Пред реунијата Ејс Фрели бил заменет со Марк Џон(1956-2007), а потоа во 1984 бил заменет од Брус Кулик, кој свирел сè до реунијата на Kiss во 1996. Најновата турнеја на КИС, е во 2008 насловена како KISS WORLD TOUR 2008.

Рани години

уреди
 
Логото на Kiss

Корените на КИС водат од групата Wicked Lester њујоркшки рокенрол бенд кој го воделе Џин Симонс и Пол Стенли. Симонс и Стенли ги отпуштиле другите членови на групата откако Епик Рекордс го одбил албумот кој го снимала групата. Кон крајот на 1972 Симонс го забележал огласот во списанието Ролинг Стон кој го поставил Питер Крис. Крис (роден као Питер Крискула 20. декембври 1945. во Бруклин, Њујорк) дошол на аудиција и се придружил на Викед Лестер, кој тогаш станал трио. Во јануари 1973, на групата се придружува соло гитаристот Пол ”Ејс” Фрели (роден на 27 април 1953, во Бронкс, Њујорк) откако групата била импресионирана од неговата аудиција. Тој месец, името Викед Лестер е сменето и групата станува Кис. Стенли е заслужен за името и логото, додека Фрели дошол за идејата буквите ”SS” да изгледаат како громови, бидејќи така изгледало по кул.

Успех

уреди

Кис сакале да го доловат чувството од концертите па го снимиле својот прв албум во живо насловен како ALIVE!, снимен 10 септември 1975 година, а со песната „Rock n roll all nite“ - верзија во живо, Кис имале голем успех бидејќи песната се искачила меѓу првите на топ 40 листата. Тоа била првата верзија на Rock n roll all nite со гитарско соло. Следејќи го успехот, Kiss го продолжиле партнерството со продуцентот Боб Езрин, кој претходно работел и со Алис Купер. Резултатот бил албумот "DESTROYER" (снимен 15 март 1976), со кој постигнале најголем успех.

Во октомври 1976, Кис се појавиле на The Paul Lynde Halloween Special, изведувајќи ги "Detroit Rock City," "Beth," и "King of the Night Time World". За многу тинејџери, ова било нивното прво изложување на драматичното појавување на Kiss. Шоуто било производтсво на Bill Aucoin. Два нови успешни студиски албуми биле снимени за помалку од година—Rock and Roll Over (11 ноември 1976) и Love Gun (30 јуни 1977). Вториот албум во живо, Alive II, бил снимен 29 ноември 1977. Сите три албуми биле потврдени како платинести брзо после нивното снимање. Меѓу 1976 и 1978, Kiss собрале 17,7 милиони долари од снимените албумите и концертите. Во 1977 Gallup poll ги именувал КИС за најпопуларен бенд во Америка. Во Јапонија, Kiss извеле пет распродадени шоуа во Budokan Hall, со што го срушиле рекордот од 4 на Битлси. Првиот албум со двоен платинест тираж бил издаден на 2 април 1978. Обожавателите на КИС почнале да се нарекуваат KISS ARMY. Меѓу 1977 и 1979 KISS заработиле 100 милиони долари.

Соло кариери

уреди

По снимањето на ALIVE II KISS издале 4 соло албуми од членовите на KISS, каде што имале можнст да ги искажат своите сопствени квалитети, и музички вкусови поразлични од KISS. Пол Стенли и Ејс Фрели издале успешни албуми со хард рок музика, а песните од албумот на Питер Крис биле балади. Албумот на Џин Симонс бил најразновиден имало хард рок, балади, поп во стилот на Битлси, а една од попознатите песни од неговиот албум е „When You Wish upon a Star“ (песна од филмот Пинокио). Соло албумите биле снимени на 18 септември 1978.

Членови

уреди

Последен состав

уреди

Поранешни членови

уреди

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Kiss (1974)
  • Hotter than Hell (1974)
  • Dressed to Kill (1975)
  • Destroyer (1976)
  • Rock and Roll Over (1976)
  • Love Gun (1977)
  • Dynasty (1979)
  • Unmasked (1980)
  • Music from "The Elder" (1981)
  • Creatures of the Night (1982)
  • Lick It Up (1983)
  • Animalize (1984)
  • Asylum (1985)
  • Crazy Nights (1987)
  • Hot in the Shade (1989)
  • Revenge (1992)
  • Carnival of Souls: The Final Sessions (1997)
  • Psycho Circus (1998)
  • Sonic Boom (2009)
  • Monster (2012)

Шминка

уреди

Белешки

уреди
  1. Празен навод (help)
  2. DiVita, Joe (March 1, 2023). „Kiss Officially Announce Last Show on Their Farewell Tour“. Loudwire (англиски). Посетено на March 1, 2023.
  3. Ray, Siladitya (4 April 2024). „KISS Sells Music Catalog To Firm Co-Founded By Swedish Billionaire And ABBA's Bjorn“. Forbes (англиски). Посетено на 4 April 2024.
  4. „Pophouse Acquires Rock Band Kiss Songs and Brand For $300m“. The Republic Reporter. 5 April 2024. Посетено на 5 April 2024.
  5. Waddell, David (4 April 2024). „Hard rock band Kiss sells brand and songs for $300m“. BBC. Посетено на 5 April 2024.
  6. „15 Most Influential Bands of All Time“. Loudwire. August 30, 2018.
  7. 7,0 7,1 „KISS - America's #1 Gold Record Award Winning Group of All Time“. Recording Industry Association of America. September 15, 2015. Посетено на July 3, 2019.
  8. Martin-Brown, Becca (September 22, 2017). „Rooted In Enjoyment“. Arkansas Democrat-Gazette. Посетено на March 31, 2022.
  9. „MTVNews.com: The Greatest Metal Bands Of All Time“. Mtv.com. March 9, 2006. Архивирано од изворникот на July 28, 2010. Посетено на June 4, 2019.
  10. „VH1: '100 Greatest Hard Rock Artists': 1-50“. RockOnTheNet. Посетено на July 1, 2019.
  11. „The 50 Best Metal Hard Rock Live Bands of All Time“. Loudwire.com. October 19, 2016. Посетено на July 1, 2019.