9 октомври — 282-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (283-и во престапна година). Остануваат 83 денови до крајот на годината.

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

Настани:

1000  Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка.
1595  Шпанската армија го зазема Камбраи.
1604  Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат.
1876  Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1967  Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ.
1975  На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда.
1995  Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.

Родени:

1547  Мигел де Сервантес — шпански писател, автор на романотДон Кихот“.
1608  Џон Милтон — англиски поет.
1757  Шарл Xкрал на Франција.
1893  Марио де Андраде — бразилски писател.
1899  Хенри Сајмонс — американски економист.
1894  Владимир Мошин — проучувач на македонската средновековна уметност и култура.
1903  Карел Стекли — чехословачки режисер.
1907  Жак Тати — француски филмски глумец и режисер.
1920  Јусеф Латиф — американски џез-музичар.
1921  Тадеуш Ружевич — полски писател.
1938  Хајнц Фишеравстриски политичар.
1944  Абдулах Сидран — босански писател и сценарист.
1944  Нона Хендрикс — американска поп-пејачка.
1948  Џексон Браун — американски музичар.
1955  Стив Овет — британски атлетичар.
1958  Срѓан Шапер — српски и југословенски рок-музичар, член на групата Идоли.
1962  Хорхе Буручага — аргентински фудбалер.
1967  Георге Попеску — романски фудбалер.
1971  Евгениј Наместников — руски хокеар.
1973  Тери Балсамо — американски гитарист.
1990  Кевин Кампл — германско-словенечки фудбалер.

Починале:

1047  Климент IIримски папа.
1569  Владимир Андреевичруски кнез
1841  Карл Фридрих Шинкел — германски архитект, урбанист и сликар.
1924  Валериј Брјусов — руски писател.
1934  Александар IКрал на Југославија (убиен).
1956  Мари Доро — американска глумица.
1999  Милт Џексон — американски џез-музичар.
2010  Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
2014  Борис Бузанчиќ — хрватски и југословенски глумец.
2016  Анджеј Вајда — полски режисер.
2016  Арон Прајор — американски боксер.