26 април
датум
<< | април | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
2024 |
26 април — 116-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (117-и во престапна година). Остануваат 249 денови до крајот на годината.
Настани:
1962 | Во Кејп Канаверал, во САД е лансиран првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат. |
1964 | Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија. |
1986 | Катастрофа во атомската централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на зрачењето, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил. |
1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина. |
1992 | Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“. |
1993 | Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија. |
Родени:
121 | Марко Аврелиј — римски цар и филозоф. |
1564 | Вилијам Шекспир — англиски поет и драмски писател. |
1711 | Дејвид Хјум — шкотски филозоф и историчар. |
1894 | Рудолф Хес — заменик-фирер во нацистичка Германија. |
1899 | Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф. |
1900 | Чарлс Рихтер — пионер на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. |
1905 | Жан Виго — француски режисер. |
1910 | Меша Селимовиќ — босански и југословенски писател. |
1916 | Марио де Са-Карнеиро — португалски писател. |
1940 | Џорџо Мородер — италијански композитор и музички продуцент, познат како „татко на диското“. |
1945 | Васил Икономов — македонски поет и преведувач. |
1949 | Карлос Бјанки — аргентински фудбалер и тренер. |
1953 | Владо Калембер — хрватски поп-пејач, член на групата Сребрна крила. |
1959 | Гордан Здравков — македонски и југословенски фудбалер и тренер. |
1960 | Роџер Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата Дјуран Дјуран. |
1962 | Наско Сираков — бугарски фудбалер. |
1977 | Том Велинг — американски глумец. |
1985 | Џон Иснер — американски тенисер. |
1986 | Филип — принц на Грција. |
1986 | Мартин Богатинов — македонски фудбалер. |
1986 | Владимир Исајчев — руски велосипедист. |
1997 | Мориц Вагнер — германски кошаркар. |
Починале:
757 | Стефан II — римски папа. |
1731 | Даниел Дефо — англиски писател, новинар и памфлетист. |
1916 | Марио де Са-Карнеиро — португалски писател. |
1984 | Каунт Бејзи — американски џез-музичар. |
1990 | Декстер Гордон — американски џез-музичар. |