1974
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1974 (MCMLXXIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1974 година од новата ера, 974. од вториот милениум, 74. од XX век и петта од 1970-тите.
Грегоријански календар | 1974 MCMLXXIV |
Ab urbe condita | 2727 |
Ерменски календар | 1423 ԹՎ ՌՆԻԳ |
Асирски календар | 6724 |
Бахајски календар | 130–131 |
Балиски календар | 1895–1896 |
Бенгалски календар | 1381 |
Берберски календар | 2924 |
Будистички календар | 2518 |
Бурмански календар | 1336 |
Византиски календар | 7482–7483 |
Кинески календар | 癸丑年 (вод. вол) 4670 или 4610 — до — 甲寅年 (дрв. тигар) 4671 или 4611 |
Коптски календар | 1690–1691 |
Етиопски календар | 1966–1967 |
Еврејски календар | 5734–5735 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2030–2031 |
- Сачка ера | 1895–1896 |
- Кали-југа | 5074–5075 |
Холоценски календар | 11974 |
Игбоански календар | 974–975 |
Ирански календар | 1352–1353 |
Исламски календар | 1393–1394 |
Јапонски календар | Шова 49 (昭和49年) |
Јавански календар | 1905–1906 |
Џуче-календар | 63 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4307 |
Мингуо-календар | Тајван 63 民國63年 |
Нанакшахи | 506 |
Тајландски сончев календар | 2517 |
Тибетски календар | 阴水牛年 (женска вода-вол) 2100 или 1719 или 947 — до — 阳木虎年 (машко дрво-тигар) 2101 или 1720 или 948 |
Униксно време | 126230400 – 157766399 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7482 и 7483 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6724 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5734 и 5735 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2727.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1974 година се протега во 4610 и 4611, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4670 и 4671 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2517. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1393 и 1394 исламска година.
Настани
уреди- 13 февруари – Александар Солженицин е протеран од СССР.
- 21 февруари – Донесен е новиот устав на СФРЈ.
- 23 февруари – Во Скопје допатува кубанска партиско-државна делегација на чело со Раул Кастро.
- 25 февруари – Свечено е прогласен новиот Устав на СР Македонија.
- 3 април – Во Домот на младите во Скопје е отворен Планетариумот.
- 10 април – Во Израел, премиерот Голда Меир поднесува оставка.
- 11-13 април – Во Скопје се одржува Шестиот конгрес на Сојузот на комунисти на Македонија. За претседател повторно е избран Ангел Чемерски.
- 25 април – Во Португалија е изведен воен удар со кој е обновена демократијата.
- 7 мај – Канцеларот на Западна Германија, Вили Брант, поднесува оставка.
- 16 мај - Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата.
- 16 мај – Собранието на СФРЈ го избира за свој претседател Киро Глигоров.
- 19 мај – По вториот круг на претседателските избори во Франција, Валери Жискар Д’стен го победува Франсоа Митеран и станува француски претседател.
- 1 јули – По смртта на Хуан Перон, претседател на Аргентина станува дотогашниот потпретседател, неговата жена Исабел Перон. Таа е прва жена шеф на држава во Јужна Америка.
- 15 јули – Во Кипар е извршен воен удар со кој е соборен претседателот Макариос.
- 20 јули – Турските сили извршуваат инвазија врз Кипар.
- 23 јули – Паѓа воената хунта во Грција.
- 8 август – Соочен со сигурен импичмент, американскиот претседател Ричард Никсон поднесува оставка.
- 14 август
- 8 септември – Новиот американски претседател Џералд Форд го помилува Ричард Никсон.
- 22 ноември – Генералното собрание на ОН ѝ доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација.
- 8 декември – Во Грција избирачите го отфрлаат предлогот за обновување на монархијата.
Родени
уреди- 16 јануари – Кејт Мос, англиски модел
- 13 февруари – Роби Вилијамс, англиски пејач
- 9 април – Џена Џејмисон, американска глумица
- 28 април – Пенелопе Круз, шпанска глумица
- 1 јуни – Аланис Морисет, канадска пејачка
- 23 јули – Морис Грини, американски атлетичар
- 9 ноември – Алесандро Дел Пјеро, италијански фудбалер
- 11 ноември – Леонардо Ди Каприо, американски глумец
Починале
уреди- 2 април – Жорж Помпиду, француски претседател
- 18 јуни – Георги Жуков, советски генерал
- 1 јули – Хуан Перон, аргентински претседател
- 26 август – Чарлс Линдберг, американски пилот
- 9 октомври – Оскар Шиндлер, австриски индустријалец
- 24 октомври – Давид Ојстрах, украински виолинист
- 25 ноември – У Тант, бурмански дипломат и генерален секретар на Обединетите Нации