<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

16 јануари — 16-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 349 денови до крајот на годината (350 во престапна).

Настани:

27 п.н.е.  Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула.
1492  Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I.
1547  Кнезот Иван IV Васиљевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
1605  Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес.
1778  Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1920  Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1945  Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.
1979  Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини.
1996  Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
2020  Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија.

Родени:

1853  Андре Мишлен — француски индустријалец.
1924  Александар Тишма — српски и југословенски писател.
1933  Сузан Зонтаг — американска писателка.
1935  Удо Латек — германски фудбалер и тренер.
1940  Лепа Лукиќ — српска фолк-пејачка.
1948  Џон Карпентер — американски режисер и сценарист.
1950  Дамо Сузуки — јапонски музичар, пејач на групата Кен (Can).
1956  Тадија Качар — српски и југословенски боксер.
1956  Џеарлс Хендерсон — американски кошаркар.
1957  Митар Мириќ — српски фолк-пејач.
1959  Шаде — англиска поп-пејачка.
1961  Хари Варешановиќ — босански поп-пејач.
1962  Златко Портнер — југословенски ракометар.
1969  Рон Џоунс — американски боксер.
1974  Кејт Мос — британска манекенка.
1979  Алија — американска пејачка.
1980  Ларс Бак — дански велосипедист.
1980  Сејду Кејта — фудбалер од Мали.
1981  Ник Валенси — американски рок-музичар, член на групата Строукс (The Strokes).
1984  Серхио Пардиља — шпански велосипедист.
1984  Штефан Лихтштајнер — швајцарски фудбалер.
1985  Пабло Забалета — аргентински фудбалер.
1995  Такуми Минамино — јапонски фудбалер.

Починале:

1927  Јован Цвииќ — српски географ и претседател на Српската академија на науките и уметностите.
1936  Алберт Фиш — американски сериски убиец.
1957  Артуро Тосканинииталијански диригент.
1962  Иван Мештровиќ — хрватски вајар.
1991  Густав Влахов — првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник.
1997  Олга Милосавлева — македонска балерина, кореограф и педагог.
2008  Никола Кљусев — македонски премиер.
2012  Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент.
2012  Џина Лолобриџида — италијaнска глумица.