<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

14 ноември — 318-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (319-и во престапна година). Остануваат 47 денови до крајот на годината.

Настани:

1944  Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.

Родени:

1650  Вилијам IIIкрал на Англија.
1719  Леополд Моцарт — австриски композитор.
1765  Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач.
1838  Август Шеноа — хрватски писател.
1840  Клод Моне — француски сликар, еден од основачите на импресионизмот.
1863  Лео Бакеланд — белгиски хемичар, кој го открил бакелитот.
1889  Џавахарлал Нехру — индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето.
1901  Цирил Боуда — чешки сликар.
1922  Бутрос Бутрос Гали — египетски политичар и поранешен Генерален секретар на ООН.
1935  Хусеин I — крал на Јордан.
1941  Филип Симоновски — македонски новинар, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1946  Денко Малески — прв министер за надворешни работи на Македонија.
1955  Сулејман Халиловиќ — босански и југословенски фудбалер.
1984  Марија Шерифовиќ — српска пејачка.
1985  Томас Вермален — белгиски фудбалер.
1984  Винченцо Нибали — италијански велосипедист.
1993  Самуел Умтити — француски фудбалер.
1996  Борна Ќориќ — хрватски тенисер.
1997  Кристофер Нкунку — француски фудбалер.

Починале:

565  Јустинијан Iвизантиски цар.
1263  Александар Невски — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство.
1391  Никола Тавелиќ — хрватски светец.
1522  Ана де Божу — ќерка на Луј XI.
1716  Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски филозоф и математичар.
1831  Георг Вилхелм Фридрих Хегел — најистакнат претставник на германската идеалистичка филозофија.
1884  Алфред Едмонд Брем — германски природонаучник и зоолог.
1915  Андриј Лисенко — украински писател.
1946  Мануел де Фаља — шпански композитор.
1977  А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада — индиски хиндуистички теолог.
1990  Адолф Рудницки — полски писател.
1992  Ернст Хапел — австриски фудбалер и тренер.