Чичен Ица е политички и културен центар на Маите во северниот дел на полуостровот Јукатан во Мексико. Во моментот е под заштита на УНЕСКО, а на 7 јули 2007 година е прогласен за едно од седумте светски чуда на Новиот Свет.

Пред-хиспански град Чичен Ица
светско наследство на УНЕСКО
Критериумкултурен: i, ii, iii
Навод483
Запис1988 (12-та заседание)
Воздушен поглед на мал дел од Чичен Ица

Најверојатно бил основан во 7 век пр.н.е. Во текот на 10 век бил освоен од страна на толтеките. Од средината на 11 век бил престолнина на толтекската држава. Во 1178 бил разрушен од страна на трите обединети армии на град-државите Маипан, Ушмал и Ицмал, под раководство на Хунак Кел. Во време на шпанските завојувања во средината на 16 век бил под рушевини. На територијата на Чичен Ица многупати биле правени археолошки ископувања,и во резултат на кое биле откриени големи архитектурни споменици на маите и толтеките: храм Кукулкан - 9-катната пирамида (висока 24 метри) со широки столбови на секоја од страните; храм на војните на невисока 4-катна пирамида и храм на јагуарите; опсерваторија Каракол; 7 стадиони за игри со топка; рушевини на 4 колонади, кои образуваат огромен правоаголник, и др. Откриени се исто така и статуи на божества со карактерна стилизација, релјефи, богати со растителни и геометриски орнаменти.

Поврзано

уреди

Додатни информации

уреди
  • Chichen Itza was popularized by American John Lloyd Stephens in Incidents of Travel in Yucatan, (two volumes, 1843)
  • Holmes, Archæological Studies in Ancient Cities of Mexico, (Chicago, 1895)
  • Spinden, Maya Art, (Cambridge, 1912)
  • Coggins & Shane, "Cenote Of Sacrifice", (U. of Texas, 1984) very scarce.

Надворешни врски

уреди