Хектар
Хектар (симбол: ха или ha) — мерна единица за површина еднаква на 10.000 квадратни метри, или пак еден квадратен хектометар, и се користи за изразување на големина на земјиште. Еден хектар земјиште е површината на квадратна парцела со димензии 100 на 100 метри. Оваа единица наоѓа примена на разни полиња, како во геометарството за секојдневни правни документи како тапии, катастарски уверенија, хипотеки, урбано планирање, заштита на околината и други должности кои треба да ги задоволат правните барања на надлежните органи.
Неговата основна единица е арот, утврден во рамките на постарите облици на метричкиот систем, но истиот денес не му припаѓа на современиот метрички систем. Меѓународниот комитет за тежини и мерки го класификува хектарот како единица прифатена за употреба заедно со системот SI.[1]
Објаснение
уредиХектарот како мерка се користи во највеќето земји во светот, особено во планирањето и раководењето со стопанските сфери како земјоделството, шумарството и урбанистиката. Во САД, Бурма, и во извесна мера во Канада се користи британската единица акр, еднаква на 43.560 квадратни стапки, или 33 стапки x 1/4 милја, што е еднакво на 0.404686 ха.
Претворање
уредиЕден хектар е еднаков на:
Метрички
уреди- 10.000 квадратни метри
- 0,01 квадратен километар
- 1 квадратен хектометар = 100 метри × 100 метри (квадрат со страни од по 100 метри)
- 10 декари
- 2,47105 ари
- 10.000 центиари
Британски
уреди- 2,4710538 меѓународни акри
- 2,40710439 американски геометарски акри
- 107.639 квадратни стапки
- 0,00386102 квадратни милји (статутни)
Други
уредиПоврзано
уреди- 1 E 4 m² за понатамошнио споредби
- Акрт
- претворање на мерни единици
- Хекто-
- Хектометар
- Величински редови (површина)
Наводи
уреди- ↑ Меѓународно биро за тегови и мерки (2006). "Меѓународен систем на мерни единици (SI)". VIII издание.. (консултирано на 13 февруари 2008) Глава 5. (англиски)