Франк[1][2] — историско име на парична единица на неколку земји. Се смета дека зборот франк потекнува од латинскиот натпис francorum rex („крал на Франките“) кој бил втиснат на првите француски парички. Исто така, постои мислење дека зборот франк потекнува од францускиот збор franc, што значи „слободен“.

1 француски франк од 1960 година
1 француски франк од 1960 година
1 швајцарски франк од 1980 година
1 швајцарски франк од 1980 година

Франкот се користел во Франција, Белгија, Монако и Луксембург до воведувањето на еврото на 1 јануари 2002 година. Франкот сè уште е монетарната единица во Швајцарија. Освен во Швајцарија, франкот сè уште е парична единица во поранешните француски колонии во Африка (т.н. Franc CFA ) и Полинезија (т.н франк CFP ).

Валути во оптек

уреди

Историски валути

уреди

Наводи

уреди