Меѓународната фудбалска федерација (француски: Fédération Internationale de Football Association), попозната како ФИФА е меѓународен управен орган на светскиот фудбал. Нејзиното седиште се наоѓа во Цирих, Швајцарија. ФИФА е одговорна за организацијата и водењето на фудбалот на некои од најголемите светски турнири, како што е светското првенство, кое се одржува уште од 1930 година.

Меѓунардона федерација на фудбалските асоцијации
Мапа на членките на ФИФА според нивната конфедерација
КратенкаФИФА
ГеслоЗа играта. За Светот.
Основанамај 21, 1904; пред 120 години (1904-05-21)
ВидСпортска организација
СедиштеЦирих, Швајцарија
Координати47°22′53″N 8°34′28″E / 47.38139° СГШ; 8.57444° ИГД / 47.38139; 8.57444
РегионСвет
Членство209 национални федерации
Службени јазициEnglish, French, German, Spanish[1]
ПретседателСеп Блатер (4-ти мандат)
ПотпретседателПринц Али Бин Ал Хусеин
ПрипадностМеѓународен олимписки комитет
Мреж. местоwww.FIFA.com

ФИФА има 209 членки, што е за 17 повеќе од ОН, четири повеќе од МОК, но три помалку од ИААФ.

Конфедерации, чланови на ФИФА

Организацијата соработува со континенталните федерации кои го пратат и надгледуваат развојот на фудбалот во различни делови од светот. Шесте организации се:

Покрај останатото, ФИФА го организира следниве фудбалски турнири:

1.Светско првенство во фудбал
2.Фудбалски турнир на олимпијада
3.Светско првенство во фудбал за млади
4.Светско првенство во фудбал за помалди од 17 години
5.Светско првенство во фудбал за жени
6.Светско првенство во фудбал за жени помлади од 19 гофини
7.ФИФА Куп на Конфедерации
8.Светско клупско првенство во фудбал
9.Светско првенство во фудбал на песок
10.Светско првенство во футсал

Покрај ова, ФИФА ја промовира и ја унапредува фудбалската игра, ги регулира трансферите помеѓу тимовите, доделува награда Најдобар играч на годината и објавува ранг список на репрезентациите, на секој месец и на секои три месеци за жените.

Фудбалските правила, кои го определуваат начинот на игра ги раководи Меѓународниот одбор на фудбалски здруженија (International Football Association Board - IFAB), кој го сочинуваат четири претставника на ФИФА и по еден претставник од Англија, Велс, Шкотска и Ирска. Произведувачот на игри EA Sports има лиценца за да издава игра, која го носи името на ФИФА, а тоа се најиграните фудбалски симулации низ светот. ФИФА организира и светско првенство во овој виртуелен фудбал.

Раководство

уреди

Во мај 2015 година, Сеп Блатер по петти пат бил избран за претседател на ФИФА, но веднаш потоа бил принуден да поднесе оставка поради скандалот со корупција при изборот на домаќинот за светското првенство во фудбал. Вонредните избори за претседател биле закажани за 26 февруари 2016 година, а во трката за претседател на ФИФА учествувале четворица кандидати: Италијанецот Џани Инфантино (дотогашниот генерален секретар на УЕФА), Токио Сексвејл од Јужна Африка, принцот Ал бин ал Хусеин од Јордан, шеикот Салман бин Ибрахим ал Калифа од Бахреин и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Французинот Жером Шампањ.[2]

Наводи

уреди
  1. http://www.fifa.com/mm/document/affederation/federation/01/24/fifastatuten2009_e.pdf FIFA Statutes Aug 2009 see 8:1. Arabic, Russian and Portuguese are additional languages for the Congress. In case of dispute, English language documents are taken as authoritative.
  2. „Инфантино ги обезбеди гласовите од регионов во трката за претседател на ФИФА“, Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 24.

Надворешни врски

уреди
Меѓународен фудбал

ФИФА | Светско првентсво | Куп на конфедерации | У-20 Светско првенство | У-17 Светско првенство | Летни олимписки игри | Азиски игри | Сеафрикански игри | Панамерикански игри | Островски игри | Светско рангирање | Играч на годината | Екипи | Кодови

     Азија: АФЦАзиски купУ-22У-19У-16У-14
     Африка: ЦАФАфрикански куп на нациите
     Северна Америка: КОНКАКАФЗлатен куп
     Јужна Америка: КОНМЕБОЛКопа Америка
     Океанија: ОФЦКуп на нациите
     Ервопа: УЕФАЕвропско првенство
     Вон-ФИФА: N.F.-Board
ВИВА светски куп