Тодор Симовски

македонски историчар, специјалист по Егејска Македонија

Тодор Христов Симовски (14 февруари 1924, Извор, Кукушко, Егејска Македонија - 4 јануари 1998, Скопје, Македонија) — македонски партизан, издавач, историчар и национален деец.

Тодор Симовски
Роден 14 февруари 1924
Извор, Кукушко, Егејска Македонија
Починал 4 јануари 1998
Скопје, Р Македонија
Занимање историчар, писател и борец

Животопис

уреди

Тодор Симовски е роден во кукушкото село Извор, Егејска Македонија. Учествувал во партизанското антифашистичко движење и националноослободителната борба на македонскиот народ во Егејска Македонија, во која е организиран од 1941 година. Од мај 1942 година е секретар на ОКНЕ за Гуменџиската околија, а од 1943 организационен секретар на окружниот одбор на ЕПОН за Воденскиот, Катеринскиот, Берскиот и Кукушкиот округ. Во февруари 1946 година станува функционер на НОФ за Гуменџиската и Ениџевардарската околија. По војната пребегнува во СР Македонија и дипломира во Отсекот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Тодор Симовски се занимавал со новинарство, картографија, научна публицистика и теми од областа на историјата на македонскиот народ, претежно на егејскиот дел на Македонија.[2]

Творештво

уреди

Тодор Симовски е автор на книгите[3][4]:

  • Тодор Христов Симовски: ”Миграционите движења и етничкиот состав на населението во Воденска околија 1912-1940”, Гласник на ИНИ, год.XIII, бр.1-2, Скопје 1969
  • Тодор Христов Симовски: ”Балканските војни и нивните реперкусии врз етничката положба на Егејска Македонија”, ИНИ, год.XIII, бр.3, Скопје 1972
  • Тодор Христов Симовски: ”Населените места во Егејска Македонија”, ИНИ, Скопје 1978
  • Тодор Христов Симовски: ”Атлас на населените места во Егејска Македонија”,Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и Македонска книга, Скопје 1997. ISBN 9989-9819-2-2[5]
  • Тодор Христов Симовски: ”Населените места во Егејска Македонија Д. 1”,Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија : Печатница „Гоце Делчев”, Скопје 1998. ISBN 9989-9819-4-9 и ISBN 9989-9819-5-7 (д. 1)
  • Тодор Христов Симовски: ”Населените места во Егејска Македонија Д. 1”,Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија : Печатница „Гоце Делчев”, Скопје 1998. ISBN 9989-9819-4-9 и ISBN 9989-9819-6-5 (д. 2)

Наводи

уреди
  1. Македонска Енциклопедија. II (МАНУ. изд.). Скопје. стр. 1360.
  2. Основање на Историјата, стр. 132.
  3. Институт за национална историја
  4. Todor Simovski on OpenLibrary
  5. Тодор Христов Симовски, Атлас на населените места во Егејска Македонија