Теорба (итал. tiorba) — вид на долговратна лејта усовршена во доцниот XVI век, заради потребата од поголем басов опсег за употреба во оперите на Фирентинската камерата и новите музички дела на основа на генералбас.

Теорба

Музичарите ја конструирале теорбата со прилагодување на басова лејта (должина на жици ц.80 см) со додаток на вратот каде додале бас жици, наречени дијапазони. Слични прилагодувања на тенорски лејти (должина на жици околу 55 см) резултирале во создавањето на надлејтата, која е слична по изглед, но различно наштимана. Штимањето на теорбата генерално се одликува со со октавно поместување на двете најгорни жици, со тоа ограничувајќи го горниот дијапазон на инструментот.

При изведбата на генералбас, теорбата често се свири заедно со мала органа. Теорбата се користела сè до средината на XVIII век.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди