Теодор Рузвелт

26-тиот претседател на САД

Теодор Рузвелт бил 26. претседател на САД (1901-1909 година). Тој се памети по извонредниот идентитет, опсегот на интереси и достигнувања, неговото водство на Прогресивните Движења, себеси се нарекувал „ каубој“, но познат е по својата мажественост. Бил водач на Републиканската Партија, а во 1912 година ја основал Прогресивната партија. Пред да стане претседател, вршел служба на градско, државно и федерално ниво. Неговите достигнувања како природонаучник, истражувач, ловец, автор и војник се дел од неговата популарност како и секоја служба која ја работел како политичар.

Теодор Рузвелт
Рузвелт околу 1904 година
26. Претседател на Соединетите Американски Држави
На должноста
14 септември 1901 – 4 март 1909
Потпретседател Ниеден (1901–1905)[б 1]
Чарлс В. Фербенкс
(1905–1909)
Претходник Вилијам Мекинли
Наследник Вилијам Хауард Тафт
25. потпретседател на Соединетите Држави
На должноста
4 март 1901 – 14 септември 1901
Претседател Вилијам Мекинли
Претходник Герет Хобарт
Наследник Чарлс В. Фербенкс
33. гувернер на Њујорк
На должноста
1 јануари 1899 – 31 декември 1900
Намесник Тимоти Л. Вудраф
Претходник Френк С. Блек
Наследник Бенџамин Баркер Одел Помладиот
Помошник секретар на морнарицата
На должноста
19 април 1897 – 10 мај 1898
Претседател Вилијам Мекинли
Претходник Вилијам Мекаду
Наследник Чарлс Херберт Ален
Претседател на Одборот на полициски комесари на градот Њујорк
На должноста
6 мај 1895 – 19 април 1897[1]
Претходник Џејмс Џ. Мартин
Наследник Френк Мос
Малцински водач во Државното собрание на државата Њујорк
На должноста
1 јануари 1883 – 31 декември 1883
Претходник Томас Г. Алворд
Наследник Френк Рајс
Член на Собранието на Њујорк
од 21. округ
На должноста
1 јануари 1882 – 31 декември 1884
Претходник Вилијам Џ. Тримбл
Наследник Хенри А. Барнум
Лични податоци
Роден(а) Теодор Рузвелт Помладиот
(изворно: Theodore Roosevelt Jr.)

октомври 27, 1858(1858-10-27)
Менхетен, Њујорк, Њујорк, Соединетите Држави
Починал(а) 6 јануари 1919(1919-01-06) (возр. 60)
Ојстер Беј, Њујорк, Соединетите Држави
Почивалиште Спомен гробишта Јангс, Ојстер Беј, Њујорк, Соединетите Држави
Партија Републиканци (1880–1911, 1916–1919)
Други припадности Напредна партија („Мажјак лос“; "Bull Moose") (1912–1916)
Сопружник
Роднини Рузвелтови
Деца
Родители Теодор Рузвелт Постариот
Марта Стјуарт Булок
Образование Универзитет Харвард (додипломец)
Професија
  • Автор
  • зачувувач на природната околина
  • истражувач
  • историчар
  • природонаучник
  • полициски комесар
  • политичар
  • војник
  • спортист
Граѓански награди Нобелова награда за мир (1906)
Потпис Cursive signature in ink
Воена служба
Род  Њујорк Национална гарда на војската на Њујорк
Траење 1882–1886, 1898
Чин Полколник
Заповеда со 1. Доброволска коњаница на Соединетите Држави
Битки/војни Војната меѓу Шпанија и САД
 • Битка кај Лас Гуасимас
 • Битка кај Ридот Сан Хуан
Воени одликувања Медал на честa
(посмртно; 2001)

Роден е во богато семејство, неговата мајка Мити Булок од Росвел, Џорџија, била наследничка на гувернерот Арчибалд Булок кој ја читал Декларацијата за независност на граѓаните од Џорџија. Како дете боледувал од астма. Дома ја учел историјата на природата. Поради неговата физичка слабост , тој се впушта во напорен живот. Како дете кое дома се образувало, тој станал љубопитен за природата како студент. Тој студирал на Харвард Универзитетот, каде го покажал својот интерес кон морнарството. Неговиот вујко, Џејмс Булок, бил морнарски агент во конфедерацијата во Англија каде останал таму по војната. Понекогаш Теодор Рузвелт се срамел бидејќи неговиот татко не служел во Граѓанската војна. Во 1871 година, на 13 годишна возраст гледа како народот го избрал Твид. Новите водачи во Градското Собрание поднеле обвиненија против многу корумпирани судии на Твид, некои од нив биле осудени, а некои притворени, како и самиот Твид. Во 1881 година, бил избран како најмлад член на Парламентот на Њујорк. Младиот член на законодавното тело, Теодор Рузвелт започнал постапка за отповикување на судијата Вестбрук до Врховниот суд во Њујорк, каде Вестбрук дал оставка со осрамотување, исто како и таткото на Кардозо пред една декада. Потоа Рузвелт станал станал главен на Републиканската партија во државата, но шефовите на партиите го спречиле да стане водач. Неговата книга, Поморската војна од 1812 година (1882 година), го зацврстил неговиот углед како историчар. Во 1884 година, во ист ден починале неговата мајка и сопруга. Тој се откажал од политиката и заминал од Њујорк во Дакота. По неколку години одгледување на добиток, се вратил во Њујорк, каде во 1886 година бил „кандидат-жртва“ за градоначалник на Републиканската партија, каде завршил трет со 60,000 гласови, но подоцна се стекнал со слава во борбата против корупцијата. Шпанско-Америкаската војна избувнала кога Рузвелт ефикасно го водел одделението на морнарицата. Набрзо се откажал и започнал да води полк во Куба познат како Сурови јавачи (Rough Riders), откако испловил од Пенсакола, Флорида, се здобил со номинација за Медал на честа (Medal of Honor), којшто му бил доделен посмртно на 16 јануари 2001 година. По војната се вратил во Њујорк каде бил избран за Гувернер на потесни избори. За две години, бил избран за потпретседател на САД.

Во 1901 година, претседателот Вилијам МекКинли бил убиен, а Рузвелт на 42-годишна возраст станал најмладиот претседател во историјата на САД. Рузвелт се обидел да ја приближи Републиканската партија кон Прогресивизмот, вклучувајќи борба против трустови и зголемено регулирање на бизнисите. Рузвелт ја сковал фразата „Square Deal“ за да ја опише својата домашна агенда, со тоа истакнувајќи дека секој граѓанин ќе добие подеднаква сума со неговата политика. Како комуникативен човек и природонаучник, го поддржувал движењето за одбрана. На светската сцена, политиката на Рузвелт се одликувала со слоганот: „Зборувај полека и носи голем стап“. Рузвелт бил силата која стоела позади свршетокот на дејствијата на Панамскиот Канал, ја испратил морнарицата на патување низ светот за да ја покаже Американската моќ, и преговарал за крај на Руско-Јапонската војна, за што ја добил Нобеловата награда за мир. Рузвелт бил првиот Американец кој добил Нобелова награда.

Рузвелт одбил да се кандидира за повторен избор во 1908 година. Откако си заминал од Белата куќа, заминал на сафари во Африка и на патувања низ Европа. По враќањето во САД, дошло до тежок прекин помеѓу Рузвелт и неговиот заменик претседател, Вилијам Хауард Тафт. Во 1912 година, Рузвелт се обидел да му ја одземе номинацијата на Тафт за Републиканците, а по неуспехот ја основал Bull Moose партијата. На изборите кои доаѓале, Рузвелт станал единствениот кандидат од трета партија, кој го освоил вторто место, победувајќи го Тафт, но изгубил од Вудроу Вилсон. По изборите Рузвелт тргнал на голема експедиција во Јужна Америка, реката по која пловел денес го носи неговото име. На патувањето се заразил од маларија, што му го влошило здравјето, а тој починал неколку години подоцна на 60-годишна возраст. Научниците го сметат Рузвелт за еден од најдобрите претседатели на САД.

Семејство

уреди

Потекло

уреди

Рузвелт за своето потекло вели дека е „пола Ирец и пола Холанѓанец“. Семејството на Рузвелт, колонисти со холандско потекло живееле во Њујорк од средината на 17 век. Рузвелт е роден во значително богата фамилија, до 19 век, фамилијата се збогатила, се здобила со моќ и влијание од профитот од неколку бизниси, меѓу кои и увозот на железарија и стакло. Сè до средината на 1850 години, политичките погледи на неговото семејство биле наклонети кон Демократската партија, а потоа се приклучиле кон новата Републиканска партија. Таткото на Теодор, познат во семејството како „Thee“, бил њујоршки филантроп, трговец и партнер во семејната фирма за увоз на стакло „Рузвелт и синот“. „Татко“ како што му се обраќале децата, бил жесток унионист, виден поддржувач на Абрахам Линколн и на силите на Унијата во текот на Американската граѓанска војна. Неговата мајка Марта „Мити“ Булок била јужњачка убавица од семејство кое поседувало робови во Росвел, Џорџијаи и одржувало симпатии кон Конфедерацијата. Братот на Мити, вујкото на Рузвелт, Џејмс Данвуди Булок, бил офицер во морнарицата на САД, кој станал конфедеративен адмирал и морнарски подводник, и таен агент во Британија. Другиот вујко, Ирвин Булок бил припадник на воено-приморската академија на CSS Alabama, по војната и двајцата останале во Англија. Рузвелт бил далечен роднина со 32-от претседател на САД, Франклин Делано Рузвелт (тие биле петти братучеди), а тој бил вујко на сопругата на Франклин Д. Рузвелт, Еленор Рузвелт.

Детство

уреди

Теодор Рузвелт е роден на 27 октомври 1858 година,[2] во Њујорк како второ дете на Теодор Рузвелт Сениор (1831-1878 година) и Марта „Мити“ Булок (1835-1884 година). Тој имал постара сестра Ана, и помладиот брат Елиот (таткото на идната Прва Дама Еленор Рузвелт) и сестра му Корин.

Болежлив и асматичен како дете, Рузвелт морал да спие потпрен во кревет или да одмара испружен во столица, и имал чести оброци во поголемиот дел на неговото детство. И покрај неговата болест, тој бил хиперактивен и непослушен.[3] Неговите доживотни интереси за зоологија се појавиле на негови 7-годишна возраст, откако видел мртва фока на локалниот пазар. Откако ја добил главата на фоката, младиот Рузвелт и неговите двајца братучеди го формирале „Природо-научниот музеј на Рузвелт“. Учејќи ги основните работи за препарирањето на животни, тој го наполнил неговиот импровизиран музеј со изложување на животни што тој ги убил или фатил, проучил или подготвил за прикажување. На 9-годишна возраст, го кодифицирал неговото набљудување на инсекти под името „Историја на природата на инсектите“.[4]

Со поддршката од својот татко, Рузвелт започнал да вежба и да боксува за да ја зацврсти неговата слаба физичка кондиција. Две патувања во странство имале траен впечаток, семејните патувања низ Европа, и во Египет, во 1872 и 1873 година.[5] Теодор Постариот имал огромно влијание врз неговиот син, за што Рузвелт напишал: „Мојот татко, Теодор Рузвелт, е најдобариот човек што го знам. Тој ги мешше силата и смелоста со кроткост, добродушност и огромна несебичност. Тој кај нас децата, не би толерирал себичност или суровост, безделништво, кукавичлук или неискреност.

Образование

уреди

Како дете го нарекувале Теди, повеќето време го подучувале дома тутори и неговите родители. Еден истакнт биограф рекол: „Најочигледната незгода во домашното школување на Рузвелт било нееднаквото покривање на различни области од човековото познавање“.[6] Имал одлично познавање од географија (благодарение на неговите внимателни набљудувања на сите патувања) и добро ја познавал историјата, премногу знаел биологија, зборувал француски и германски јазик, но бил неуспешен во математика, латински и грчки јазик.

Во 1876 година се запишува на Универзитетот Харвард. Во 1878 година, смртта на неговиот татко претставувало огромен удар, но Рузвелт ги удвоил активностите.[7] Се усовршил во науката, филозофијата и реториката, но слабо напредувал со латинскиот и грчкиот јазик. Тој ја проучивал биологијата со значителен интерес и станал речиси природонаучник и орнитолог. Тој имал фотографска меморија, со што развил доживотна навика да ги консумира книгите, запаметувајќи го секој детаљ.[8] Тој бил елоквентен раскажувач, кој во текот на животот се дружел со најпаметните луѓе. Тој можел да извршува повеќе задачи одеднаш на извонреден начин, да диктира писмо на секретарка и меморнадум на друга, додека ја разгледувал новата книга. Додека студирал на Харвард, активно се занимавал со веслање и бокс, бил активен член во книжевното здружение Алфа Делта Фи, во братството Делата Капа Епсилон и бил член на клубот Порцелиан. Тој бил уредник и на студентско списание. На првенството во бокс на Харвард го освоил второто место.[9]

По дипломирањето, тој направил физичко испитување, а докторот му препорачал поради тоа што имал сериозни срцеви проблеми да најде друга работа и да избегнува напорни активности. Но, тој избрал да води бурен живот. Во 1880 година, дипломирал на Фи Делата Капа (22 од 177) при Харвард со големи почести (A.B. magna cum laude) и се запишал на правниот факултет во Колумбија. Кога му се пружила шанса да се кандидира за член на Собранието во Њујорк, тој се откажал од правниот факултет за да ја оствари неговата цел и да влезе во јавниот живот.

Прв брак Во 1880 година, Рузвелт се оженил со Алис Хатавеј Ли (29 јули 1861 – 14 февруари 1884 година) од Честнут Хил, Масачусетс. Таа починала млада од недијагностицирана болест на бубрезите, по два дена откако се родила нивната ќерка Алис. Нејзината бременост ја прикрвала болеста. Мајката на Рузвелт, Мити починала од стомачен тифус на истиот ден, во 3 часот наутро, околу 11 часа порано во истата куќа. По речиси истовремената смрт на неговата мајка и сопруга, Рузвелт ја оставил својата ќерка кај сестра му Ана во Њујорк. Во неговиот дневник напишал едно огромно X на страницата и „ Светлината излезе од мојот живот“.

До крајот на неговиот живот , Рузвелт никогаш не зборувал за неговата сопруга Алис ниту во јавноста ниту во приватниот живот, и не пишувал за неа во неговата автобиографија. Во 1919 година, кога Рузвелт работел со бискупот Џосеф Баклин на биографија, која вклучувала колекција од неговите писма, тој не го споменал ниту првиот ниту вториот брак во Лондон.

Рана политичка кариера

уреди

Додека студирал на Харвард, Рузвелт започнал систематско проучување за неговата улога како почетник во морнарицата на САД во војната во 1812 година,[10][11] во голема мера ги завршил првите две поглавја од книга која решил ќе ја издаде по дипломирањето. Делумно со помошта од неговите двајца вујковци, тој направил сопствено истражување при што користел оригинални извори и материјали и официјални податоци од морнарицата на САД. Книгата за внимателните истражувања на Рузвелт била споредувана со современи докторски дисертации, пополнета со цртежи на поединци и комбинирани бродски маневри, дијаграми кои ја опишуваат разликата на железо испукано во топовски истрели меѓу Американските и Британските сили, како и анализи за разликите меѓу водствата на САД и Британија со бродовите. „Поморската војна од 1812 година“, Рузвелт ја издал по дипломирањето, а била пофалувана поради научноста и стилот.[12] Оваа книга му донела на Рузвелт углед на сериозен историчар. Еден модерен морнарички историчар напишал: „Проучувањето на Рузвелт за Војната од 1812 година, влијаеше врз сите понатамошни научности од поморски аспект за војната од 1812 година и продолжило да се препечатува. По 120 години, живее повеќе од класично дело, кое сè уште останало стандардно истражување за војната.“

Државен член на Собранието

уреди

За време на неговото членство во Парламентот Рузвелт бил републикански активист кој напишал повеќе меници од било кој друг државен законодавец на Њујорк. Кога бил водечки играч во државната политика, во 1884 година, тој ја посетувал Републиканскиот државна Конвенција и се борел заедно со Мугвумпските реформатори. Тие изгубиле од фракцијата Сталвар која го номинирала Џејмс Г. Блејн. Одбивајќи да се придружи на Мугвампсите во поддржувањето на Грувер Кливленд, номинаран од Демократите, тој зборувал со неговиот пријател Хенри Кабот Лоџ за тоа дали да биде за или против лојалноста. Кога некој новинар го прашал дали ќе го поддржи Блејн, тој одговорил: „Одбивам да одговорам на прашањето. Тоа е тема за која не би сакал да коментирам.“ Веднаш по заминувањето од конгресот, тој му се пожалил неофицијално на новинарот за номинацијата на Блејн. Во 1912 година, во цутот на неговата политичка кариера, тој му одолеал на инстинктот кој му велел да се откаже од Партијата, што ќе придонесе во уништувањето на неговото политички сетило. Друг новинар од Конвенцијата, објавил дека Рузвелт рекол дека: „Срдечно ќе го поддржи било кој чесен Демократ. Подоцна ќе му треба многу за да се оддалечи од неговиот претходен коментар (а некои историски критичари како што Хенри Прингл ќе ги смета за лицемерни), наведувајќи дека додека тој го правел, не го наменувал за објавување. Кога заминувал од Конвенцијата со неговите срушени илузии од политиката на партијата, Рузвелт рекол дека не сакал ништо друго освен да се пензионира и да замине на својот ранч во Бандландс на територијата на Дакота, кој го купил минатата година кога бил на ловечка експедиција. Каубој во Дакота Рузвелт изградил уште еден ранч, кој го нарекол Елк Хорн, на 56 километри јужно од развиеното гратче Медора, во Северна Дакота. На бреговите на малата Мисури, Рузвелт започнал со живот на западњачки начин, со јаже и лов. Тој повторно го изградил неговиот живот и започнал да пишува за пограничниот живот за Источните магазини. Како заменик шериф, тој фатил тројца злосторници кои му го украле бротчето и избегале на север со него по реката малата Мисури. Кога ги фатил, се изјаснил против бесилка, го испратил назад неговиот надзорник со бротче, а тој ги одвел крадците на судење во Дикинсон, каде стражарел 40 саати без да спие и го читал Толстој за да се одржи буден. Кога ги завршил книгите, тој започнал да чита шунд-роман којшто еден од крадците го носел со себе. Додека барал група на немилосрдни крадци јавачи на коњ, се сретнал со Сет Булок, познатиот шериф од Дедвуд, Јужна Дакота. Тие останале пријатели до крајот на животот.

Враќање во Њујорк

уреди

Откако исклучително студената зима 1886-1887 година во САД, му го збришала стадото ( заедно со оние од неговите конкуренти) и инвестициите од 60 000 долари, Рузвелт се вратил на Истокот. Во 1885 година, ја изградил Сагамор Хил на заливот Ојстер во Њујорк , која му бил дом и имот сè до смртта. Во 1886 година, Рузвелт се кандидирал за градоначалник на Њујорк, опишувјќи се себеси како „каубојот од Дакота“, но бил трет на листата.

Втор брак

уреди

Во 1886 година, по изборите, заминал за Лондон каде се оженил со неговата љубов од детството, Едит Кермит Кароу.[13] Медениот месец го минале низ Европа, и Рузвелт водел група на врвот на Монблан, што довело кон воведување во британското Кралско друштво.[14] Тие имале пет деца: Теодор Џуниор Кермит, Ител Кароу, Арчибалт Булок „Арчи“ и Квентин.

Повторно враќање на јавниот живот

уреди

Комисија за државна служба

уреди

На претседателските избори во 1888 година, Рузвелт се борел за Бенџамин Харисон во Мидвест. Претседателот Харисон го поставил Рузвелт во Комисијата за државна служба на САД (United States Civil Service Commission), каде што служел сè до 1895година. За време на неговиот мандат, Рузвелт храбро се борел против корумпираните луѓе и барал зацврстување на законите во државната служба. Неговиот близок партнер, пријател и биограф Џозеф Баклин Бишоп, го опишува нападот на Рузвелт врз системот на корумпираноста: Самата дотогаш неосвоена тврдина на политичката корумпираност, која што цврсто стоела откако била издигната на темелите поставени од Ендрју Џексон, потклекнала под нападите на храбриот и нескротливиот млад човек... Кои и да биле чувствата на (пријателот од Републиканската партија) претседателот (Харисон), а постои мало сомневање дека тој не знаел кога го поставил Рузвелт дека тој ќе биде таков - тој одбил да го отстрани и цврсто го поддржувал до крајот на неговиот мандат. Во текот на овој период Њујорк Сан (New York Sun) го опишал Рузвелт како нескротлив, воинствен и занесеник. Покрај поддршката на Рузвелт за повторниот избор на Харисон понудена на претседателските избори во 1892 година, потенцијалниот победник Грувер Кливленд (Бурбон Демократ) повторно го постави на истото место.

Комесар во Њујоршката полиција

уреди

Во 1895 година, Рузвелт станал претседател на Советот на Комесари во Њујоршката полиција. Во текот на тие две години на ова место, Рузвелт извршил коренити реформи во полицијата. Полициските сили важеле за најкорумпирани во Америка. Одделот на Њујоршката полиција забележува дека Рузвелт бил насомнено чесен водач со железна волја, којшто покажал преданост кон реформите во Комисијата на Њујорк. Рузвелт и неговите пријатели комесари воспоставиле нови дисциплински правила, создале „оддел на велосипеди“ (bicycle squad) за стапување на сила на сообраќајните закони во Њујорк и стандардизирање на употребата на пиштоли од страна на полицајците. Рузвелт вовел редовни испитувања со огненото оружје и годишни физички испити, назначил 1600 регрути коишто се засноваат на нивните физички и психички кфалификации, а не на политичка припадност, воспоставил заслужни медали за служење и ги затворал корумпираните полициски служби. За време на неговиот мандат, Советот на добротворни организации (Board of Charities) основал Градски пансион (Municipal Lodging House), а Рузвелт барал Советот да ги регистрира полицајците. Тој поставил и телефони во станиците. Во 1894 година, Рузвелт се запознал со скандалозниот новинар на Ивнинг Сан (Evening Sun ) Џејкоб Рис, кој со книгите како што е How the Other Half Lives, им ги отвораше очите на њујоршките богаташи во поглед на ужасните услови на милионите сиромашни имигранти во градот. Рис во автобиографијата го опишува влијанието на неговата книга врз новиот полициски комесар: Кога Рузвелт ја прочитал мојата книга, тој дојде... Никој друг ми нема помогнато како тој. Ние бевме браќа две години во (зафатениот од криминал Њујорк) Малбери Стрит. Кога замина тој, јас го видов неговото златно доба... Како што и сите самите откривме, не постои многу леснотија кога Теодор Рузвелт е на власт. Прекршителот на закони открил кој потсмешливо предвидува дека тој ќе и се покори на политиката како и сите, и живеел за да го почитува, иако го колнел како еден од сите оние коишто биле посилни од влијанието, тоа е она што ја направило добата златна, она што за првпат моралната цел излегла на улиците. Во светлина на тоа, сè се променило. Рузвелт го воведе како обичај кружењето на полицајците доцна во ноќта и рано наутро за да се осигурат дека тие се на должност. Пред да стане потпретседател во март 1901 година, како гувернер на Њујорк Рузвелт потпишал документ со којшто биле заменети полициските Комесари со еден единствен полициски Комесар. Појава како државна фигура Помошник секретар во Морнарицата Рузвелт отсекогаш го фасцинирала морнаричката историја. Претседателот Вилијам МекКинли, поттикнат од страна на близок пријател на Рузвелт, Конгресменот Хенри Кабот Лоџ, го поставил Рузвелт на местото на Помошник секретар во Морнарицата во 1897 година. Неактивноста на Секретарот на Морнарицата, Џон Д. Лонг, му овозможила на Рузвелт преземе контрола врз одделението. Десет дена откако оклопниот брод Maine експлодирал во пристаништето на Хавана во Куба, Секретарот заминал на масажа, а Рузвелт го заменувал Секретарот четири часа. Рузвелт и соопштил на Морнарицата распространета низ целиот свет да се подготви за војна, побарал муниција и набавки, вовел експерти и се упатил во Конгресот да бара овластување за да вработи морнари колку што сака, па според тоа, ја водел нацијата во војна. Рузвелт бил вклучен во подготовките на Шпанско-Американската војна и страсно го поддржувал тестирањето на американската војска во борба, во една прилика рекол: “Јас би требало срдечно да ја пречекам речиси било која војна, бдејќи сметам дека на оваа земја има потреба од некоја.”

Војна во Куба

уреди

Со Декларацијата за војна од 1898 година, со која започнала Шпанско-Американската војна, Рузвелт дал оставка од Морнарицата. Со помош на Полковникот на Американската Армија Леонард Вуд, Рузвелт пронашол волонтери од каубојците од западните територии па сè до пријатели од Ајви Лигата (Ivy League) од Њујорк, со што се оформил Првиот американски коњанички полк на волонтери.[15] Весниците го нарекле „Суровите Јавачи“ (Rough Riders). Во почетокот, Рузвелт ја имал титулата Поручник полковник и служел кај Полковникот Вуд. Во сопствениот извештај на Рузвелт „The Rough Riders“: „Откако Генералот Јанг бил фатен од треска, Вуд ја презел одговорноста за бригадата. Ова ми даде овластувања во полкот, за што ми беше многу драго, таквото искуство што го имавме беше брзо учење“. Според тоа, Вуд беше унапреден во Генерален бригадир на Волонтерските сили, а Рузвелт беше унапреден во Полковник и му била доделена власт над полкот.

Под негово водство, „Суровите Јавачи“ (Rough Riders) станале познати по двојниот напад на Кетл Хил и Сан Хуан Хил на 1. Јули 1898 година (битката била именувана по „Хил“, кое што било ритчето познато како Висините на Сан Хуан (San Juan Heights)). Од сите Сурови Јавачи (Rough Riders), Рузвелт бил единствениот кој имал коњ, затоа што коњите на војските биле оставени назад бидејќи превозните бродови биле ретки. Тој јавал назад и напред помеѓу истрелите во предниот дел на Кетл Хил, истапување кое што заземал без никаква наредба од некој претпоставен. Тој се изморил поради тоа што бил принуден да го изоди пешки последниот дел од Кетл Хил , а и поради бодликава мрежа од жици и позади својот коњ. Рузвелт бил одликуван со Медал на честа (Medal of Honor) за неговите дела, којшто подоцна не бил одобрен. Како што историчарот Џон Гејбл напишал: „Во подоцнежните години, Рузвелт ќе ја опише битката на Сан Хуан Хил на 1. Јули 1898 година, како „најголемиот ден во мојот живот“ и „мојот презафатен час“, но сега од маларијата и другите болести починаа многу повеќе луѓе отколку во битката.“ Во Август, Рузвелт и други полицајци побарале војниците да се вратат дома. Познатото заедничко писмо (round robin letter) и друго посилно писмо од Рузвелт, во улога на бригадин командир, биле објавени во печатот од генералниот командант, со што ги разбесниле Секретарот за војна, Расел Алџер и претседателот МекКинли. Рузвелт бил убеден дека токму со овој инцидент го изгубил Медалот на честа (Medal of Honor).

Во септември 1997 година, Конгресменот Рик Лацио којшто го претставувал Вториот Округ на Њујорк, испратил две наградни признанија на Американската бранша за воени признанија. Овие признанија, кои биле упатени кон Генералниот бригадир Ерл Симс, кон помошник Генералот и главен Водник на Армијата, Гери Сутс, кон Шефот на овластувања, успешно им биле доделени. Во 2001 година, Рузвелт бил посмртно награден за неговите подвизи со Медал на честа.[16] Медалот е прикажан во Собата на Рузвелт во Белата Куќа. Тој бил првиот и досега, единствениот претседател на САД којшто бил одликуван со највисоки воени почести и единствената личност во историјата која што ги примила и највисоката почест за воена храброст на сопствената држава и најзначајната награда за мир во светот. И неговиот најстар син Теодор Рузвелт Џуниор, ќе биде посмртно одликуван со Медал на честа, за неговите подвизи во Нормандија на 6. Јуни 1944 година Откако се вратил на граѓанскиот живот Рузвелт повеќе сакал да го нарекуваат Полковник Рузвелт или само Полковник. Со прекарот „Теди“ останал многу попопуларен во јавноста, и покрај тоа што го сметал за вулгарен и го сметал за претерано непристоен. Политичките пријатели и други коишто блиско соработувале со Рузвелт вообичаено му се обраќале со неговата титула.

Гувернер и потпретседател

уреди

Кога заминувал од Армијата, бидејќи бил Републиканец, Рузвелт го избрале за Гувернер на Њујорк во 1898 година. Тој направил големи напори за да ги искорени корупцијата и машинските политики (machine politics) коишто шефот на Републиканците Томас Колје Плат му ги наметнал на МекКинли како партнер на изборите во 1900 година, против волјата на менаџерот на МекКинли, Сенаторот Марк Хана. Рузвелт бил моќна предност на списокот на кандидати на Републиканската партија, која што го поразила Вилијам Џенингс Брајан понесувајќи целосна победа по враќањето на домашната благосостојба и успешна војна и нов углед во странство. Брајан повторно држел говори за Free Silver, а ветувањето на МекКинли за напредок преку стандардите на златото, високите тарифи и враќањето на бизнис довербата ги зголемиле неговите можности за победа. Брајан цврсто ја поддржувал војната против Шпанија, но објавил дека припојувањето на Филипините како империјализам би ја нарушило невиноста на Америка. Рузвелт се судрил со многу говори коишто расправале за тоа дека најдобро за Филипинците е да имаат стабилност, а за Американците да имаат на што да се гордеат во светот. Шестмесечниот мандат како потпретседател на Рузвелт (од март до септември 1901 година) поминал без инциденти. На 2 септември 1901 година, на панаѓурот во Минесота, Рузвелт прво употребил во говорот изрека со која што подоцна ќе биде општо поврзуван: „Зборувај нежно и носи голем стап, и ќе стигнеш многу далеку.“ Претседателски мандат 1901-1909 година.

Претседателствување

уреди

На 6 септември, претседателот МекКинли бил застрелан за време на една Пан-Американска излозжба во Бафало, Њујорк. Првичните извештаи во наредните денови наведувале дека неговата состојба се подобрувала, па затоа Рузвелт заминал на одмор во Маунт Марси во североисточен Њујорк. На 13 септември, кога тој се враќал од искачување на врвот, ренџер од паркот му донел телеграма со која што го известиле дека состојбата на МекКинли се влошувала, и дека бил на работ на смртта.

Рузвелт и неговото семејство тргнале веднаш кон Бафало. Кога стигнале до најблиската железничка станица во Норт Крик утрото на 14 септември во 5:22 часот, тој примил друга телеграма со која што го известиле дека МекКинли починал неколку часа претходно. Рузвелт пристигнал во Бафало попладнето, каде што положил заклетва за Претседател во 3:30 часот пред Окружниот судија Џон Р. Хејзел.[17]

Рузвелт го задржал кабинетот на МекКинли и ветил дека ќе ја продолжи неговата политика. Едно од неговите први видни истапувања како претседател било обраќањето од 20 000 зборови пред Конгресот со кое побарал да ја ограничи моќта на големите корпорации (т.н. "trusts" - трустови). Поради неговите агресивни напади на трустовите бил нарекуван "trust-buster" – борец против трустови.

Рузвелт праведно понесе целосна победа на претседателските избори во 1904 година. Негов потпретседател беше Чарлс Фербенкс.

Рузвелт се справуваше и со синдикалните работници. Во мај 1902 година, Обединетите рудари штрајкуваа за да добијат повисоки плати и помалку работни денови. Тој основаше комисија за разоткривање на фактите која што го прекина штрајкот, а работниците се здобиле со поголема плата за помалку работни часови.

Во август 1902 година, Рузвелт беше првиот претседател којшто го виделе како се вози во автомобил во јавност. Ова се случило во Хартфорд, Конектикат. Колата била Columbia Electric Victoria Phaeton, произведена во Хартфорд. Полицискиот одред возеле велосипеди покрај колата. (Напомената вклучува слика од настанот.)

Во 1905 година, тој го истакнал ефектот од доктрината на Монро, која му овозможила на САД да ја применува моќта на меѓународната политика за да можат да интервенираат и да ги држат помалите земји на нивните нозе. Рузвелт ја помагал благосостојбата на луѓето со донесувањето на закони како што е Законот за испитување на месото од 1906 година и Законот за чистота на храна и лекови. Законот за испитување на месото од 1906 година ги забранил лажните етикети и средства за чување коишто содржат штетни хемикалии. Законот за чистота на храна и лекови забранува храна и лекови коишто се загадени или лажно етикетирани да се произведуваат, продаваат и транспортираат. Рузвелт го послужувале и како почесен претседател на училишната здравствена организација „Американско училишно здружение за хигиена“ (American School Hygiene Association) од 1907 до 1908 година, а во 1908 година, тој ја свикал првата Конференција за здравјето на децата зависници во Белата Куќа.

Договорот помеѓу господа (Gentlemen's Agreement) со Јапонија се одржал во 1907 година, со кој се забранувала секаква училишна сегрегација на Јапонците, но сепак ја контролирал Јапонската имиграција во Калифорнија. Истата година, Рузвелт го потпишал осамостојувањето на Окалахома како 46-та држава на Унијата.

Со надградувањето на ефикасната употреба на МекКинли на печатот, Рузвелт ја направи Белата Куќа центар на секојдневните вести, обезбедувајќи интервјуа и фотографии. Еден ден, откако забележал дека новинарите на Белата Куќа се туркаат надвор на дождот, тој им дал нивна соба внатре, со што успешно го измислил претседателскиот брифинг за печатот. Благодарниот печат за новиот пристап до Белата Куќа го наградил Рузвелт со опширна репортажа. Тој избрал да не се кандидира за следен мандат во 1908 година и го поддржувал Вилијам Тафт во кампањата, наместо Фербенкс. Фербенкс се повлекол од трката, а подоцна го поддржувал Тафт за повторен избор против Рузвелт на изборите во 1912 година.

Рузвелт назначил рекорден број на 75 федерални судии. Рузвелт назначил тројца судии во Врховниот суд на САД: Оливер Вендел Холмс Џуниор (1902 година), Вилијам Руфас Деј (1903 година), Вилијам Хенри Муди (1906 година). Покрај овие тројца, Рузвелт назначил 19 судии во Апелациониот суд на САД и 53 судии во Окружните судови во САД.

По мандатот

уреди

Сафари во Африка

уреди

Во март 1909 година, кратко време откако завршил неговиот мандат, Рузвелт го напуштил Њујорк поради сафари во источна и централна Африка. Партијата на Рузвелт слетала во Момбаса, Британска Источна Африка (денес Кенија), отпатувале во Белгиското Конго (денес Демократска Република Конго) пред да стигнат до Нил во Картум во современ Судан. Финансирана од Ендрју Карнеги и од неговото сопствено предложено пишување, партијата на Рузвелт барала примероци за Смитсоновиот институт и за Американскиот природонаучен музеј во Њујорк. Групата предводена од легендарниот ловец-трагач Р. Џ. Канингејм, вклучувала научници од Смитсоновиот институт и била придружувана од време-навреме од Фредрик Селус, познатиот ловец на дивеч и истражувач. Покрај другите предмети, Рузвелт понел со себе четири тони сол за зачувување на кожата на животните, Помеѓу другите предмети што ги понел со себе, Рузвелт понел и четири тони сол за зачувување на животинските кожи, среќна нога од зајак која му ја дал боксерот Џон Л. Саливан, Holland and Holland двојна пушка in .500/450 донирана од група на 56 Британски обожаватели, Winchester 1895 пушка in .405 Winchester, воен (M1903) Springfield in .30-06 со калибар поставен и нанишанет за него, Fox No. 12 сачмарка, и познатата Pigskin Library, колекција на класици врзани со свинска кожа и пренесени во еден прицврстен голем ковчег.

Рузвелт и неговите придружници убиле и заробиле повеќе од 11 397 животни, од инсекти, кртови, па сè до нилски коњи и слонови. Ова вклучува 512 диви животни, вклучувајќи шест ендемски видови на бели носорози. Членовит на експедицијата изеле 262 животни. Тони солени животни и нивните кожи биле транспортирани до Вашингтон, количината била толку голема што им требале години за сите да ги пренесат, а Смитсоновиот институт споделил со други музеи многу од животните кои ги имало по двапати. Додека го гледал големиот број на животни кои ги земале, Рузвелт рекол: „Можат да ме осудат, само доколку постоењето на Националниот Музеј, на Американскиот природонаучен музеј и на други слични зоолошки институции го прогласат за непотребно“.

Иако навидум сафарито било спроведувано за науката, тоа колку што било политички и општествен настан, дотолку било и ловечка екскурзија. Рузвелт комуницирал со прочуени професионални ловци и со семејства коишто поседувале земја и се сретнал со многу староседелци и локални водачи. Во 1907 година, Рузвелт станал доживотен член на National Rifle Association, додека бил претседател, а потоа плаќал 25 долари членарина. Тој подоцна напишал детален извештај во книгата African Game Trails, каде што ја опшал возбудата од потерата, луѓето со коишто се сретнал и флората и фауната коишто ги собрал за науката.

Поделба на Републиканската партија

уреди

Рузвелт го прогласил Вилијам Хауард Тафт за навистина прогрсивен во 1908 година кога Рузвелт се истакнал со номинацијата за претседател од страна на неговиот Секретарот за војна. Тафт лесно го победил трикратниот кандидат Вилијам Џенингс Брајан. Тафт промовирал различен прогресивизам, таков којшто ставал акцент на владеењето на правото и повеќе сакал судиите да ги донесуваат основните одлуки за правдина отколку администраторите или политичарите. Тафт вообичаено се докажувал како помалку вешт политичар од Рузвелт и му недостасувала енергија и личен шарм, а да не зборуваме за рекламните средства, предадените приврзаници и широката основа на поддршка од јавноста која го направила Рузвелт толку опасен. Кога Рузвелт сфатил дека со намалувањето на тарифите ризикува сериозни тензии внатре во Партијата на Републиканците, со поставувањето на производителите (производители и фармери) наспроти трговците и потрошувачите, тој престанал да зборува за проблемот. Тафт ги занемарил ризиците и многу ги намалил тарифите, од една страна ги охрабрувал реформаторите да се борат за пониски стапки, а потоа склучувал зделки со конзервативните водачи коишто главно ги чувале високите стапки. Пејн-Алдриховата тарифа која произлегла во 1909 година била премногу висока за повеќето реформатори, но наместо да го обвини за ова Сенаторот Нелсон Алдрих и големиот бизнис, Тафт искористил со тоа што ја нарекол најдобрата тарифа досега. Тој повторно успеал да ги оддалечи сите страни. Додека кризата растела внатре во партијата, Рузвелт бил на турнеја низ Африка и Европа, со цел да му овозможи на Тафт да биде сам свој човек. За разлика од Рузвелт, Тафт никогаш не ги напаѓал бизнисите или стопанствениците во неговиот говор. Сепак, тој внимавал на законот, па затоа започнал 90 судски процеси против антитрустовите, вклучувајќи еден против најголемата корпорација Американски челик (U.S. Steel), за придобивка која што Рузвелт лично ја одобрил. Со тоа, Тафт ја изгубил поддршката од антитруст реформаторите (кои што не ги сакале неговите конзервативни говори), од големите бизниси (кои што не ги сакале неговите постапки) и од Рузвелт којшто се почувствувал засрамен од неговиот штитеник. Левото крило на Републиканската партија започнало со агитирање против Тафт. Сенаторот Роберт Лафолет од Висконсин ја формирал Националната прогресивна лига на Републиканците (претходник на Прогресивната партија (САД, 1924 година)) за да ја победи моќта на политичкото господарско владеење на државното ниво и да го замени Тафт на националното ниво. Повеќе неволји дошле кога Тафт го отпуштил Гифорт Пинчот, водечки конзервативец и близок сојузник на Рузвелт. Пинчот тврдел дека Секретарот за Внатрешни работи на Тафт, Ричард Балинџер бил со големи интереси. Конзервативците застанале на страната на Пинчот, а Тафт стапил во сојуз со друга изборна единица.

Рузвелт кога се вратил од Европа, неочекувано започнал напад на судовите. Неговиот познат говор во Осаватоми, Канзас во август 1910 година, бил најрадикалниот во неговата кариера и отворено го одбележал неговиот прекин со администрацијата на Тафт и со кеконзервативните Републиканци. Осаватоми бил добро познат како базата која ја искористил Џон Браун кога ги започнал неговите крвави напади на ропството. Тафт бил длабоко вознемирен. Рузвелт го напаѓал судството и длабоката доверба која што Републиканците ја имале во нивните судии (од кои повеќето биле назначени од МекКинли, Рузвелт или Тафт). Во 1910 година, на изборите во Конгресот, Демократите дошле на власт, а сè повеќе се сомневало во повторниот избор на Тафт. Во 1911 година, Тафт одговорил со енергична турнеја на политички говори која што му овозможила да ги запише повеќето партиски водачи многу порано пред да објави Рузвелт. Создавање на партијата Bull Moose.

На Конвенцијата на Републиканците во Чикаго, и покрај тоа што бил тогашен претседател, победата на Тафт не била веднаш загарантирана. Рузвелт кога сфатил дека тој нема целосно да ги добие номинациите, ги замолил неговите приврзаници да ја напуштат конвенциската сала. Тие се преместиле во салата за јавни собири, и потоа Рузвелт заедно со неговите главни сојузници, меѓу кои Пинчот и Алберт Бевериџ ја создале Прогресивната партија, градејќи ја во вид на трајна организација која ќе понуди комплетна список на кандидати за претседател и список на кандидати на државно ниво. Во народот била позната како Bull Moose партија, која го добила името откако Рузвелт изјавил за новинарите дека „бил згоден како мажјак лос“ ("I'm as fit as a bull moose."). На Конвенцијата, Рузвелт извикал: „Стоиме на Армагедон и се бориме за Господ.“ Политичката програма на Рузвелт ги повторувала предлозите од 1907-08 година, повикувајќи на силна владина интервенција во заштитата на луѓето од себичните интереси.

Уништување на оваа невидлива Влада, раскинување на несветата алијанса помеѓу корумпираните бизниси и политики е првата задача на државништвото на денот. Во 1912 година, платформата на Прогресивната партија му припишала и го цитирала во неговата автобиографија, каде што тој продолжува „Оваа земја им припаѓа на луѓето. Нејзините ресурси, бизниси, закони, институции, би требало да се искористуваат, одржуваат или менуваат на кој било начин на којшто најдобро ќе се промовира општиот интерес.“ Ова тврдење е јасно. Г-дин Вилсон треба да знае дека секој монопол во САД е спротивен на Прогресивната партија. Го предизвикувам, да го именува монополот кој ја поддржува Прогрсивната партија, било тоа да е: Sugar Trust, Steel Trust, Harvester Trust, Standard Oil Trust, Tobacco Trust, или кој било друг. Наша е единствената програма на која тие се противат, а тие ги поддржувале или Г-дин Вилсон или Г-дин Тафт.

Обид за убиство

уреди

На 14. октомври 1912 година, додека траела кампањата на Рузвелт во Милвоки, Висконсин, еден крчмар кој се викал Џон Шренк го застрелал, но куршумот застанал во неговиот граден кош, веднаш откако ја пробил неговата челична кутија за леќи и преминал низ дебелата (50 страници) превиткана копија од говорот која што ја носел во палтото. Рузвелт како искусен ловец и анатомичар, прецизно заклучил дека штом не искашлува крв, куршумот не го пробил целосно градниот кош, па затоа одбил да оди веднаш во болница. Наместо тоа, тој го одржал говорот којшто му бил на распоредот со крв на неговата маица. Зборувал 90 минути. Неговите почетни коментари за насобраната толба биле: „Дами и господа, не знам дали вие целосно разбирате дека јас јас само што бев застрелан, но треба многу повеќе од тоа за да се убие еден мажјак лос (Bull Moose).“ Потоа, истражувања и рендгенски снимки покажале дека куршумот се пробил три инчи (76 мм) во ткивото и се вгнездил во ткивото на градниот кош на Рузвелт, но не навлегол во плеврата, и ќе било многу поопасно да се обиде да се отстрани куршумот, отколку да се остави на тоа место. Рузвелт си го носел до крајот на животот. Поради прострелната рана, Рузвелт бил тргнат од кампањата во последните недели од изборната трка (која завршила со денот на изборите, 5 ноември).

Белешки

уреди
  1. Тој бил заменик претседател под Вилијам Мекинли и станал претседател по атентатот на Мекинли на 14 септември 1901 година. Ова било пред прифаќањето на 25. Амандман во 1967, и празната функција на заменик претседателот не била пополнета сè до следните избори и инаугурацијата.

Наводи

уреди
  1. A Chronology. Theodore Roosevelt Association online Архивирано на 4 март 2019 г. Accessed December 2, 2018
  2. Morris 1979, стр. 3.
  3. Putnam 1958, стр. 23–27.
  4. TR's Legacy — The Environment, PBS, Архивирано од изворникот на 2008-12-24, Посетено на March 6, 2006.
  5. Roosevelt 1913, стр. 13.
  6. Brands (1998). T.R.: The Last Romantic. стр. 49. ISBN 978-0-465-06959-0.
  7. Miller 1992, стр. 80–82.
  8. Brands 1997, стр. 62.
  9. Clark, Suzanne (2000). Cold Warriors: Manliness on Trial in the Rhetoric of the West. SIU Press. ISBN 978-0-8093-2302-9.
  10. Roosevelt 1913, стр. 35.
  11. Morris 1979, стр. 565.
  12. Crawford, Michael J. (April 2002). „The Lasting Influence of Theodore Roosevelt's Naval War of 1812“ (PDF). International Journal of Naval History. 1 (1). Архивирано од изворникот (PDF) на July 13, 2018. Посетено на October 6, 2017.
  13. Thayer 1919, стр. 4, 6.
  14. Rice, Sir Cecil Spring (1929), Gwynn, S (уред.), The Letters and Friendships, London: Constable & Co, стр. 121.
  15. „The World of 1989: The Spanish–American War; Rough Riders“. Library of Congress. Посетено на February 7, 2015.
  16. Woodall, James R. (2010). Williams-Ford Texas A and M University Military History: Texas Aggie Medals of Honor: Seven Heroes of World War Ii. Texas A&M University Press. стр. 18. ISBN 978-1-60344-253-4.
  17. Miller 1992.

Книги

уреди

Целосни биографии

уреди

Личност и активности

уреди

Домашни политики

уреди
  • Brinkley, Douglas (2009). The Wilderness Warrior: Theodore Roosevelt and the Crusade for America. New York: HarperCollins.online review; another online review
  • Cutright, P.R. (1985) Theodore Roosevelt: The making of a Modern Conservationist (U of Illinois Press.)
  • Dorsey, Leroy G (1997), „The Frontier Myth and Teddy Roosevelt's Fight for Conservation“, Во Gerster, Patrick; Cords, Nicholas (уред.), Myth America: A Historical Anthology, II, St. James, NY: Brandywine Press, ISBN 1-881089-97-5.
  • Gould, Lewis L (2011), The Presidency of Theodore Roosevelt (2. изд.), standard history of his domestic and foreign policy as president.
  • Bakari, Mohamed El-Kamel. "Mapping the 'Anthropocentric-ecocentric'Dualism in the History of American Presidency: The Good, the Bad, and the Ambivalent." Journal of Studies in Social Sciences 14, no. 2 (2016).
  • Keller, Morton, уред. (1967), Theodore Roosevelt: A Profile (excerpts from TR and from historians).
  • Murphey, William (March 2013), „Theodore Roosevelt and the Bureau of Corporation: Executive-Corporate Cooperation and the Advancement of the Regulatory State“, American Nineteenth Century History, 14 (1): 73–111, doi:10.1080/14664658.2013.774983, S2CID 146629376.
  • Redekop, Benjamin. (2015). "Embodying the Story: The Conservation Leadership of Theodore Roosevelt". Leadership (2015) DOI:10.1177/1742715014546875 online
  • Swanson, Ryan A (2011), „'I Never Was a Champion at Anything': Theodore Roosevelt's Complex and Contradictory Record as America's 'Sports President'“, Journal of Sport History, 38 (3): 425–46.
  • Zacks, Richard (2012), Island of Vice: Theodore Roosevelt's Doomed Quest to Clean Up Sin-Loving New York.

Политика

уреди
  • Blum, John Morton (1954), The Republican Roosevelt, Cambridge: Harvard University Press, OCLC 310975. How TR did politics.
  • Chace, James (2004), 1912: Wilson, Roosevelt, Taft, and Debs: The Election That Changed the Country, ISBN 978-0-7432-0394-4, 323 pp.
  • Chambers, John W. (1974), Woodward, C. Vann (уред.), Responses of the Presidents to Charges of Misconduct, New York, New York: Delacorte Press, стр. 207–237, ISBN 0-440-05923-2
  • Gould, Lewis L (2008), Four Hats in the Ring: The 1912 Election and the Birth of Modern American Politics (by a leading scholar), ISBN 978-0-7006-1564-3.
  • Haverkamp, Michael (2001), „Rossevelt and Taft: How the Republican Vote Split in Ohio in 1912“, Ohio History, 110 (1): 121–35, Архивирано од изворникот на March 5, 2008.
  • Kohn, Edward P (Spring 2006), „A Necessary Defeat: Theodore Roosevelt and the New York Mayoral Election of 1886“, New York History, 87: 205–27.
  • ——— (2006), „Crossing the Rubicon: Theodore Roosevelt, Henry Cabot Lodge, and the 1884 Republican National Convention“, Journal of the Gilded Age and Progressive Era, 5 (1): 18–45, doi:10.1017/s1537781400002851, hdl:11693/48372.
  • Leuchtenburg, William E. (2015), The American President: From Teddy Roosevelt to Bill Clinton, Oxford University Press
  • Milkis, Sidney M (2009), Theodore Roosevelt, the Progressive Party, and the Transformation of American Democracy, Lawrence: University Press of Kansas. 361 pp.
  • Mowry, George E (1939), „Theodore Roosevelt and the Election of 1910“, The Mississippi Valley Historical Review, 25 (4): 523–34, doi:10.2307/1892499, JSTOR 1892499.
  • ——— (1946), Theodore Roosevelt and the Progressive Movement. Focus on 1912; online free
  • ——— (1954), The Era of Theodore Roosevelt and the Birth of Modern America, 1900–1912 (general survey of era). online free
  • Powell, Jim (2006), Bully Boy: The Truth About Theodore Roosevelt's Legacy, Crown Forum, ISBN 0-307-23722-2. Attacks TR policies from conservative/libertarian perspective.
  • Ruddy, Daniel (2016), Theodore the Great: Conservative Crusader, Washington D.C.: Regnery History, ISBN 978-1-62157-441-5

Воени и надворешни политики

уреди
  • Beale, Howard K (1956), Theodore Roosevelt and the Rise of America to World Power (standard history of his foreign policy). online
  • Hattendorf, John B., and William P. Leeman (2020), Forging the Trident: Theodore Roosevelt and the United States Navy.
  • Hendrix, Henry J (2009), Theodore Roosevelt's Naval Diplomacy: The US Navy & the Birth of the American Century.
  • Holmes, James R (2006), Theodore Roosevelt and World Order: Police Power in International Relations. 328 pp.
  • Jones, Gregg (2012), Honor in the Dust: Theodore Roosevelt, War in the Philippines, and the Rise and Fall of America's Imperial Dream
  • Marks III, Frederick W (1979), Velvet on Iron: The Diplomacy of Theodore Roosevelt.
  • McCullough, David (1977), The Path between the Seas: The Creation of the Panama Canal, 1870–1914.
  • Mears, Dwight S. (2018). The Medal of Honor: The Evolution of America's Highest Military Decoration. Lawrence, KS: University Press of Kansas. ISBN 978-0-7006-2665-6. OCLC 1032014828.
  • Oyos, Matthew (2011), „Courage, Careers, and Comrades: Theodore Roosevelt and the United States Army Officer Corps“, Journal of the Gilded Age and Progressive Era, 10 (1): 23–58, doi:10.1017/s1537781410000022.
  • Oyos, Matthew M. In Command: Theodore Roosevelt and the American Military (2018) online review
  • Pietrusza, David (2018). TR's Last War: Theodore Roosevelt, the Great War, and a Journey of Triumph and Tragedy
  • Ricard, Serge (2006), „The Roosevelt Corollary“, Presidential Studies Quarterly, 36 (1): 17–26, doi:10.1111/j.1741-5705.2006.00283.x.
  • ——— (2008), „Theodore Roosevelt: Imperialist or Global Strategist in the New Expansionist Age?“, Diplomacy and Statecraft, 19 (4): 639–57, doi:10.1080/09592290802564379, S2CID 154317468.
  • Rofe, J Simon (2008), „'Under the Influence of Mahan': Theodore and Franklin Roosevelt and their Understanding of American National Interest“, Diplomacy and Statecraft, 19 (4): 732–45, doi:10.1080/09592290802564536, S2CID 154454947.
  • ———; Thompson, John M (2011), „Internationalists in Isolationist times – Theodore and Franklin Roosevelt and a Rooseveltian Maxim“, Journal of Transatlantic Studies, 9 (1): 46–62, doi:10.1080/14794012.2011.550773, S2CID 143650928.
  • Tilchin, William N (1997), Theodore Roosevelt and the British Empire: A Study in Presidential Statecraft
  • Tilchin, William N; Neu, Charles E, уред. (2006), Artists of Power: Theodore Roosevelt, Woodrow Wilson, and Their Enduring Impact on US Foreign Policy, Praeger. 196 pp.

Историографиј

уреди
  • Cullinane, Michael Patrick (2017). Theodore Roosevelt's Ghost: The History and Memory of an American Icon. LSU Press. ISBN 978-0-8071-6672-7.
  • Cunliffe, Marcus. "Theodore Roosevelt, President of the United States 1901–1908" History Today (Sept 1955) 4#9 pp 592–601, online.
  • Dalton, Kathleen (2017). „Changing interpretations of Theodore Roosevelt and the Progressive era“. Во Nichols, Christopher M.; Unger, Nancy C. (уред.). A Companion to the Gilded Age and Progressive Era. стр. 296–307.
  • Grantham, Dewey W., Jr. (January 1961). „Theodore Roosevelt in American Historical Writing, 1945–1960“. Mid-America. 43 (1): 3–35.
  • Ricard, Serge. "The State of Theodore Roosevelt Studies" H-Diplo Essay No. 116 24 October 2014 online
  • Ricard, Serge, уред. (2011). A Companion to Theodore Roosevelt. ISBN 978-1-4443-3140-0., excerpt and text search, 28 new essays by scholars; focus on historiography. online Архивирано на 14 декември 2020 г.
  • Tilchin, William (Summer 1989). „The Rising Star of Theodore Roosevelt's Diplomacy: Major Studies from Beale to the Present“. Theodore Roosevelt Association Journal. 15 (3): 2–24.

Примарни извори

уреди