Тахо

река во Шпанија и Португалија

Тахо (шпански: Tajo) или Тежо (португалски: Tejo)[1] — најдолга река на Пиринејскиот Полуостров. Долга е 1.038 км, од кои 716 км се во Шпанија, 47 км долж шпанско-португалската граница и 275 км во Португалија, каде се влева во Атлантскиот Океан близу Лисабон. Сливот зафаќа површина од 80.100 км2 (втор по големина на полуостровот, по оној на Дуеро). Најголемиот дел од течението на реката е добро искористено за стопански цели. Постојат неколку брани и свртници што служат за водоснабдување за средна Шпанија (со Мадрид) и Португалија, како и десетици хидроелектрани за електростопански потреби. Помеѓу браните, течението е мошне стеснето, но по Алмоурол, реката влегува во огромна наносна долина што често ја поплавува. Устието на вливот во океанот е во Лисабон.

Тахо/Тежо
Tajo, Tejo
Река
Поглед на Тахо во Толедо
Земји Шпанија, Португалија
Притоки
 - леви Гвадиела, Алгодор, Гевало, Ибор, Алмонте, Салор, Север, Сораја
 - десни Харама, Гвадарама, Алберче, Тјетар, Алагон, Зезере
Извор Фуенте де Гарсија
 - место Албарасин, Теруел, Шпанија
 - височина 1.593 м
Утока Устие на Тахо
 - местоположба Атлантски Океан (кај Лисабон), Португалија
 - височина м
Должина 1.038 км
Слив 80.100 км2
Истек
 - просечен 500 м3
Сливот на Тахо
Сливот на Тахо
Сливот на Тахо
На Ризницата: Тахо/Тежо
Портал: Хидрографски сојуз на Тахо
Тахос крај ѕидните на замокот Алмоурол

Реката извира во Фуенте де Гарсија, како и од посебни водотеци на Универзалните, Ибериските и Албарасинските Планини. Сите поважни притоки се влеваат во реката од десниот брег. Тахо минува низ градовите Аранхуес, Толедо, Талавера де ла Реина и Алкантра во Шпанија и Абрантес, Сантарем, Алмада и Лисабон во Португалија.

Течение

уреди

Во Шпанија

уреди

Првото позначајно населено место на реката Тахо е Саседон. Под Аранхуес во реката заедно се влеваат притоките Енарес и Тахуња. Под Толедо ѝ се придружува и реката Гвадарама. Над Талавера де ла Реина се приклучува притоката Алберче. Кај Валдевердеха се наоѓа горниот крај на хидроакумулацијата „Валдекањас“, по која доаѓаат други: ХЕЦ „Торехон“, каде се влева Тјетар, и ХЕЦ „Алкантра“, во чиј долен крај истекува реката Алагон.

Во Португалија

уреди

Откако ќе протече низ пределите што ја образуваат државната граница, Тахо влегува во Португалија (под името „Тежо“) и минува низ Вила Велја де Родао, Абрантес, Констансија, Ентронкаменто, Сантарем и Вила Франка де Шира на почетокот на долг и тесен естуар, на чие устие е сместен градот Лисабон. Ова подрачје е заштитено како Природен резерват „Устие на Тахо“. Тука се наоѓа и најдолгиот мост во Европа — „Васко де Гама“ со распон од 17,2 км.

Регионите Алентежо и Рибатежо во Португалија се наречени по реката.

Геологија

уреди

Долното течение на Тахо се наоѓа на геолошки расед. Пролизгувањата (смолкнувања) долж него се причинител за поголем број на земјотреси, од кои особено историско значење имаат оние во 1309, 1531 и 1755 г. (познатиот Лисабонски земјотрес).[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Во антиката: латински: Tagus; старогрчки: Τάγος, Тагос.
  2. Hobbs, William Herbert (1907). Earthquakes: An Introduction to Seismic Geology. NewYork: D. Appleton and Company. стр. 142–144. На Google Книги

40°19′11″N 1°41′51″W / 40.31972° СГШ; 1.69750° ЗГД / 40.31972; -1.69750