Славко Јованоски
Славко Митанов Јованоски ( 1902 во Малкоец, Кичевско — 3 октомври 1943 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Славко Јованоски | ||
Роден | 1902 година Малкоец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 3 октомври, 1943 година Кичево, Македонија Стрелан од балистите. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Кога се формирал Кичевско - мавровскиот партизански одред во пролетта 1943 година и кога бил извршен нападот на возот на Пресека, Славко стапил во неговите редови. Со Одредот учествувал во повеќе акции низ Копачијата, а кога била нападната четата на Мирко Милески на Буковиќ на 1 октомври, Славко бил упатен на Буковиќ со засилување, но бил фатен од балистите, донесен во Кичево и стрелан на 3 октомври 1943 година во близина на касарната.[1]