Северна Кореја
Демократска Народна Република Кореја (корејски: 조선민주주의인민공화국) или позната како Северна Кореја е држава во Источна Азија која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров. Главен град на ДНР Кореја е Пјонгјанг, а службен јазик во државата е корејскиот јазик. ДНР Кореја се граничи со Кина на север и со Република Кореја на југ. Во крајниот северен дел има допирна точка и со Русија, преку реката Тумен.
Демократска Народна Република Кореја |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: 강성대국 „Моќна и просперитетна нација“ |
||||||
Химна: Патриотска песна |
||||||
Локација на Северна Кореја
|
||||||
Главен град (и најголем) | Пјонгјанг 39°2′N 125°45′E / 39.033° СГШ; 125.750° ИГД | |||||
Службен јазик | корејски | |||||
Служебно писмо | Чосонгул | |||||
Демоним | Кореец | |||||
Уредување | Унитарна еднопартиска Социјалистичка Република под Tоталитарна Диктатура | |||||
• | Вечен претседател | Ким Ил Сунг (починат)[a] | ||||
• | Врховен водач[2][3] | Ким Џонг Ун | ||||
• | Претседател на Националниот совет | Ким Џонг Ун | ||||
• | Претседател на Собранието | Чое Рионг-хае | ||||
• | Премиер | Ким Ток Хун | ||||
Законодавство | Врховно народно собрание | |||||
Формирање | ||||||
• | Советската администрација | 3 октомври 1945 | ||||
• | 1-а привремена влада | 8 февруари 1946 | ||||
• | 2-а привремена влада | 22 февруари 1947 | ||||
• | Основана КНДР | 9 септември 1948 | ||||
• | Тековен устав | 27 декември 1972 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 120.540 км2 (98.) | ||||
• | Вода (%) | 0,11 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 26.072.217[4] (54та) | ||||
• | Густина | 212 жит/км2 (45та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | 40 милијарди долари[5] | ||||
• | По жител | 1800 долари | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | 16 милијарди долари[6] | ||||
• | По жител | 640 долари | ||||
Валута | Севернокорејски вон (KPW ) |
|||||
Часовен појас | PYT (UTC 9) | |||||
Датумски формат | гггг/мм/дд (CE) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .kp | |||||
Повик. бр. | 850 | |||||
^ a. умрел 1994, назначен во 1998. ^ b. Ким Јонг Нам е шеф за надворешни работи. |
Корејскиот Полуостров бил под управа на Корејската Империја сè додека истиот не бил заземен од Јапонија по Руско-јапонската војна во 1905 година. По 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, полуостровот бил поделен на две влијателни зони, односно јужниот дел бил под управа на САД, а северниот под Русија. Набрзо, двата окупирани дела создале свои владини тела и двете новосоздадени држави тврделе дека целиот полуостров е под нивна контрола што довело до Корејската војна во 1950 година. Оваа Корејска војна завршила со договор во 1953 година, но официјално двете држави се сè уште во војна бидејќи договорот кој го потпишале не бил мировен.[7] В0 1991 година двете држави биле примени како членки на ООН.[8]
ДНР Кореја е еднопартиски систем каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Корејската Работничка Партија.[9][10][11][12] Владата на ДНР Кореја ја следи идеологијата на Џуче која се заснова на самоподршка и била елаборирана од поранешниот претседател Ким Ил Сунг. По неговата смрт, Ким Ил Сунг бил прогласен за Вечен претседтeл на Републиката. Истовремено, Џуче станала официјална државна политика кога се усвоил уставот од 1972 година,[13] иако Кил Ил Сунг ја користел оваа идеологија уште од 1955.[14]
По падот на Советскиот Сојуз, проследен со неколку природни непогоди во ДНР Кореја, државата се соочила со голем глад, што резултирал со смрт на 900.000 до 2 милиони жители.[15] Соочувајќи се со оваа новонастаната ситуација, Ким Џонг Ил го усвоил Сонгунот или „воената политика“ за да ја зацврсти државата и владата.[16] Иако официјално ДНР Кореја е социјалистичка држава, многу странски организации ја посочуваат како тоталитарно сталинистичко диктаторство[10][11][17][18][19] со силен развиен култ кон Ким Џонг Ил и неговото семејство, проследено со најлоши човекови права во светот.[20] ДНР Кореја е држава со најмногу војска во светот со околу 9.495.000 активен, резервен и паравоен состав. Покрај тоа, ДНР Кореја е држава со јадрено оружје и има активна јадрена програма.[21] Поради таинственоста на владата и недозволувањето на слободен проток на странски лица во државата, ДНР Кореја се смета за најизолирана држава во светот.
Потекло на поимот
уредиСлужбеното името на државата е Демократска Народна Република Кореја што го опфаќа, барем официјално, општественото уредување на земјата. Зборот Кореја, кој инаку е име и на јужниот сосед, потекнува од називот на една од династиите кои владеела со Кореја. Имено, зборот е добиен од династијата Горје, династија која се поврзува со Кралството Гогурје. Денешната форма „Кореја“ е заснована на персиската форма за именување на старото кралство. Кореја во ДНР Кореја се нарекува Чосон (조선), а во Република Кореја се нарекува Хангук (한국). Двете имиња се поврзани со две династии кои владеле со Кореја, односно со династиите Џосен и Гоџесен.
Историја
уредиСпоред легендите прв корејски крал бил Тан-Гун кој во 4270 г. пред нашата ера го основал древното Корејско кралство Ко-Чосан каде што главен град бил Пјонгјанг. Во времето на владеење на Лиланг од 106-37 г. пред нашата ера северниот дел на Кореја го зазема кинеската династија Хан. Когурио- го основал кралството Ко Жу Монг и 277 г. пред нашата ера создал држава во северниот дел на Кореја. Уште владееле повеќе кралеви во разни периоди како: Пекче и Шила. Двете кралества Пекче и Когурио пропаѓаат и како најјако кралство станува Шила кое во 668год. го соединила полуостровот во една држава. Генералот Ји Сонги во 1392 г. го променил името на земјата во Чосон како што Корејците денеска ја викаат Кореја. Династијата Ји владеела со Кореја околу 500 г. Од 1910-1945 г. Северна Кореја била под окупација на Јапонија т.е. била колонија. Владеела со Северна Кореја до крајот на Втората светска војна кога врз Јапонија била фрлена атомска бомба и Јапан бил приморан да капитулира. Со помош на Русија на власт во С.Кореја доаѓа Ким Ил Сунг и застанува на чело на Времениот Народен Комитет т.е. централно времено уредување основано во Пјонгјанг и на 16 септември е формирана КДП (Корејска Демократска Партија). Со влијанието на САД во јужниот дел на Кореја на 15 август 1948 г. се одржуваат избори и се формира Република Кореја. Во Северна Кореја се одржуваат избори и на 25 август 1948 е создадена Демократска Народна Република Кореја, каде на чело на државата застанува Ким Ил Сунг како премиер.
Географија и клима
уредиДНР Кореја е независна држава која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров и зазема вкупна површина од 120.540 км2. На југ ДНР Кореја се граничи со Република Кореја, која всушност не е стандардна гранична линија. На север ДНР Кореја се граничи со Кина, а сосема на северниот дел има допирна точка со Русија. На запад ДНР Кореја излегува на Жолтото Море и Корејскиот Залив, додека на исток излегува на Јапонското Море. Највисока точка во ДНР Кореја е планината Бекду со 2744 метри надморска височина. Најдолга река во ДНР Кореја е реката Амнок и има должина од 790 километри.[22]
ДНР Кореја има континентална клима со четири различни сезони.[23] Долгите зими во ДНР Кореја носат ладно време, проследено со обилни снегови како резултат на ветровите од Сибир. Просечни врнежи на снег има околу 37 дена и најладно е во северните предели. Летата во ДНР Кореја се пократки, топли, суви и дождливи поради појавата на монсуни. Просечно, еднаш лете има и тајфуни.[23] Пролетта и есента се преодни годишни сезони карактеристични со умерена температура.
Политички систем
уредиПолитиката на ДНР Кореја ја следи идеологијата Џуче, чиј основен концепт е самоиздршката на општеството.[24] Оваа идеологија е опишана од некои извори како „наследно диктаторство“[25] со изразен култ кон личноста на Ким Ил Сунг, основачот на ДНР Кореја и прогласен Вечен претседател на Републиката.
Иако службата на претседателот во ДНР Кореја е церемонијано извршувана од Ким Ил Сунг,[26][27][28] вушност како претседател до 2011 бил Ким Џонг Ил, а од 2011 Ким Џонг Ун, кој е претседател на комисијата за национална одбрана. Законодавно тело во државата е Врховното Народно Собрание, чиј сегашен претседател е Ким Јонг Нам. Премиер на ДНР Кореја е Че Јонг Рим.
Политичката структура на ДНР Кореја е опишана во уставот. Државата е еднопартиско општество каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Работничката Партија на Кореја и уште две помали партии, Корејската Социјалдемократска Партија и Партијата на младите пријатели на Небесниот пат.
Административна поделба
уредиСеверна Кореја или официјално ДНР Кореја е територијално поделена на: девет покраини, три специјални региони и два града под државна управа. Тие се:
име | чосонгул | ханча | |||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Непосредно управувани градови | |||||||||||||||||||||||||||||||
1 | Пјонгјанг | 평양직할시 | 平壤直轄市 | ||||||||||||||||||||||||||||
2 | Расон | 라선직할시 | 羅先直轄市 | ||||||||||||||||||||||||||||
Специјални административни региони | |||||||||||||||||||||||||||||||
3 | Кесонг | 개성공업지구 | 開城工業地區 | ||||||||||||||||||||||||||||
4 | Кумганг | 금강산관광지구 | 金剛山觀光地區 | ||||||||||||||||||||||||||||
5 | Синејџу | 신의주특별행정구 | 新義州特別行政區 | ||||||||||||||||||||||||||||
Покраини | |||||||||||||||||||||||||||||||
6 | Чаганг | 자강도 | 慈江道 | ||||||||||||||||||||||||||||
7 | Северен Пјонган | 평안북도 | 平安北道 | ||||||||||||||||||||||||||||
8 | Јужен Пјонган | 평안남도 | 平安南道 | ||||||||||||||||||||||||||||
9 | Јужно Хвангхе | 황해남도 | 黃海南道 | ||||||||||||||||||||||||||||
10 | Северно Хвангхе | 황해북도 | 黃海北道 | ||||||||||||||||||||||||||||
11 | Кангвон | 강원도 | 江原道 | ||||||||||||||||||||||||||||
12 | Јужен Хамгјонг | 함경남도 | 咸鏡南道 | ||||||||||||||||||||||||||||
13 | Северен Хамгјонг | 함경북도 | 咸鏡北道 | ||||||||||||||||||||||||||||
14 | Рјанганг * | 량강도 | 兩江道 | ||||||||||||||||||||||||||||
* – познат во јужните дијалекти како „Јанганг“ (양강도). |
Поголеми градови
уредиЕкономија
уредиДНР Кореја има индустриска, автарска, виско централизирана контролирана економија. ДНР Кореја е една од двете земји во светот каде владата целосно ја планира еконимијата, другата е Куба. Централниот комитет за планирање подготвува, надгледува и имплементира економски планови, додека Генералното биро за покраинска индустрија во секој регион е одговорно за менаџериња на локалното производство, како и за обезбедување на ресурси и пласман.[29]
Поради економската изолација и контрола, меѓународната трговија е ограничена. ДНР Кореја донела закон во 1984 година со кој се овозможило странски инвестиции да бидат застапени на пазарот,[30] но не се донеле значителни инвестиции па така во 1991 се основала економската специјална зона Раџин Сонбонг[31].
Демографија
уреди- Население
ДНР Кореја има население од околу 24 милиони жители и една од најхомогените лингистичка и етничка нација во светот, каде најголем дел се Корејци и зборуваат корејски јазик. Во државата има мал број на Кинези, Јапонци, Виетнамци и други. Според ЦИА, животниот век во ДНР Кореја бил 63.8 години во 2009.[32] Смртноста на новороденчињата изнесува 51.3, што е 2.5 поголем повисок од тој на Кина, 5 пати повисок од тој на Русија и 12 пати поголем од тој на Република Кореја.[33]
- Јазик
ДНР Кореја го споделува истиот јазик со Република Кореја, каде во двете држави корејскиот е службен. Сепак, има некои дијалектни различности меѓу земјите и политичката граница не е во согласност со дијалектните граници. Карактеристично за корејскиот јазик во Република Кореја е тоа што има прифаќано нови современи зборови од странско потекло, што не случај за корејскиот во ДНР Кореја. Кинеските знаци не се користат во ДНР Кореја, но во Република Кореја понекогаш се користат. Исто така, има разлики во писмената форма, и таа во ДНР Кореја се вика Чосонгул, а во Република Кореја Хангул, и официјалните транскрипции во државите се разликуваат исто така.
- Религија
Според Religious Intelligence, населението на ДНР Кореја во поглед на религијата е следното:[34]
- без религија: 15.460.000 или 64.3% од населението - голем дел се следбеници на идеологијата Џуче
- корејски шаманизам: 3.846.000 или 16% од населението
- чендоизам: 3.245.000 или 13.5% од населението
- будизам: 1.082.000 или 4.5% од населението
- христијанство: 406.000 или 1.7% од населението
Култура
уреди- Државни празници
датум | име | забелешка | одбележување |
---|---|---|---|
1 јануари | Нова Година | ||
8 јануари | Роденден на Кин Џонг Ун[35] | ||
16 февруари | Роденден на Ким Џонг Ил | 2 дена | |
1 ден на 1 месечен месец | Селал | 3 дена | |
15 април | Роденден на Ким Ил Сунг | 2 дена | |
25 април | Ден на военото создавање | ||
1 мај | Ден на трудот | ||
5 ден од 5 месечев месец | Дано | ||
27 јули | Ден на победата | ||
15 август | Ден на ослободувањето | Се одбележува повлекувањето на Јапонија по Втората светска војна | |
9 септември | Ден на независност | Основање на ДНР Кореја во септември 1948 | |
15 ден од 8 месечев месец | Чусек | 3 дена | |
10 октомври | Ден на основањето на партијата | Основање на Работничката партија на Кореја. | |
27 декември | Ден на уставот | Донесување на уставот од 1998. |
Наводи
уреди- ↑ „Administrative Population and Divisions Figures (#26)“ (PDF). DPRK: The Land of the Morning Calm. Permanent Committee on Geographical Names for British Official Use. 2003-04. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-09-25. Посетено на 2006-10-10. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Choe, Sang-Hun (2009-09-28). „New North Korean Constitution Bolsters Kim's Power“. New York Times. Посетено на 2009-09-30.
- ↑ McGivering, Jill (2009-09-29). „N Korea constitution bolsters Kim“. BBC. Посетено на 2009-09-30.
- ↑ UNFPA (2009-10-01). „한반도 인구 7천400만명 시대 임박“. United Nations. Посетено на 2010-04-14. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Country Profile: North Korea“. Foreign and Commonwealth Office, UK. 2009-06-25. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 2010-02-10.
- ↑ GDP (official exchange rate) Архивирано на 27 декември 2018 г., The World Factbook, Central Intelligence Agency, last updated on April 26, 2010; accessed on May 17, 2010. Population data obtained from Total Midyear Population, U.S. Census Bureau, International Data Base, accessed on May 17, 2010. Note: Per capita values were obtained by dividing the GDP (official exchange rate) data by the Population data.
- ↑ Associated Press (2009-06-23). „U.S.: N. Korea Boosting Guerrilla War Capabilities“. FOX News Network, LLC. Посетено на 2009-07-04. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Sanger, David E. (1991-05-29). „North Korea Reluctantly Seeks U.N. Seat“. The New York Times Company. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Spencer, Richard (2007-08-28). „North Korea power struggle looms“. The Telegraph (online version of UK national newspaper). London. Посетено на 2007-10-31.
A power struggle to succeed Kim Jong-il as leader of North Korea's Stalinist dictatorship May be looming after his eldest son was reported to have returned from semi-voluntary exile.
Parry, Richard Lloyd (2007-09-05). „North Korea's nuclear 'deal' leaves Japan feeling nervous“. The Times (online version of UK's national newspaper of record). London. Архивирано од изворникот на 2008-07-26. Посетено на 2007-10-31.The US Government contradicted earlier North Korean claims that it had agreed to remove the Stalinist dictatorship’s designation as a terrorist state and to lift economic sanctions, as part of talks aimed at disarming Pyongyang of its nuclear weapons.
Walsh, Lynn (2003-02-08). „The Korean crisis“. CWI online: Socialism Today, February 2003 edition, journal of the Socialist Party, CWI England and Wales. socialistworld.net, website of the committee for a worker’s international. Архивирано од изворникот на 2007-12-03. Посетено на 2007-10-31.Kim Jong-il's regime needs economic concessions to avoid collapse, and just as crucially needs an end to the strategic siege imposed by the US since the end of the Korean war (1950–53). Pyongyang's nuclear brinkmanship, though potentially dangerous, is driven by fear rather than by militaristic ambition. The rotten Stalinist dictatorship faces the prospect of an implosion. Since the collapse of the Soviet Union, which deprived North Korea of vital economic support, the regime has consistently attempted to secure from the US a non-aggression pact, recognition of its sovereignty, and economic assistance. The US's equally consistent refusal to enter into direct negotiations with North Korea, effectively ruling out a peace treaty to formally close the 1950–53 Korean war, has encouraged the regime to resort to nuclear blackmail.
Oakley, Corey (2006). „US is threat to peace not North Korea“. Edition 109 - October–November 2006. Socialist Alternative website in Australia. Посетено на 2007-10-31.In this context, the constant attempts by the Western press to paint Kim Jong-il as simply a raving lunatic look, well, mad. There is no denying that the regime he presides over is a nasty Stalinist dictatorship that brutally oppresses its own population. But in the face of constant threats from the US, Pyongyang's actions have a definite rationality from the regime's point of view.
- ↑ 10,0 10,1 Brooke, James (2003-10-02). „North Korea Says It Is Using Plutonium to Make A-Bombs“. The New York Times. Посетено на 2007-10-31.
North Korea, run by a Stalinist dictatorship for almost six decades, is largely closed to foreign reporters and it is impossible to independently check today's claims.
- ↑ 11,0 11,1 Baruma, Ian. „Leader Article: Let The Music Play On“. The Times of India. Посетено на 2008-03-27.
North Korea, officially known as the Democratic People's Republic of Korea, is one of the world's most oppressive, closed, and vicious dictatorships. It is perhaps the last living example of pure totalitarianism - control of the state over every aspect of human life.
- ↑ Finn, Peter (2009-06-08). „U.S. to Weigh Returning North Korea to Terror List“. Washington Post. Посетено на 2009-06-19.
The Bush administration removed North Korea from the list of terrorist states last year as part of an unfulfilled commitment by the dictatorship to dismantle its nuclear weapons program.
- ↑ „Constitution of North Korea (1972)“. 1972. Посетено на 2009-05-07.
- ↑ Martin, Bradley K. (2004). Under the Loving Care of the Fatherly Leader: North Korea and the Kim Dynasty. New York, NY: Thomas Dunne Books. стр. 111. ISBN 0-312-32322-0.
Although it was in that 1955 speech that Kim gave full voice to his arguments for juche, he had been talking along similar lines as early as 1948.
- ↑ Lee, May (1998-08-19). „Famine May have killed 2 million in North Korea“. CNN. Архивирано од изворникот 2007-02-09. Посетено на 2007-08-01.
- ↑ "North Korea’s Military Strategy", Parameters, US Army War College Quarterly, 2003.
- ↑ „Freedom in the World, 2006“. Freedom House. Архивирано од изворникот на 2007-07-14. Посетено на 2007-02-13.
Citizens of North Korea cannot change their government democratically. North Korea is a totalitarian dictatorship and one of the most restrictive countries in the world.
- ↑ „Economist Intelligence Unit democracy index 2006“ (PDF). Economist Intelligence Unit. 2007. Посетено на 2007-10-09. North Korea ranked in last place (167)
- ↑ „A portrait of North Korea's new rich“. The Economist. 2008-05-29. Посетено на 2009-06-18.
EVERY developing country worth its salt has a bustling middle class that is transforming the country and thrilling the markets. So does Stalinist North Korea.
- ↑ „Human Rights in North Korea | Human Rights Watch“. 2009-02-17.
- ↑ International Space Dominance: 7 Nations Launching the Next Space Race, Popular Mechanics, October 1, 2009
- ↑ Caraway, Bill (2007). „Korea Geography“. The Korean History Project. Архивирано од изворникот на 2007-07-06. Посетено на 2007-08-01.
- ↑ 23,0 23,1 „North Korea Country Studies. Climate“. Lcweb2.loc.gov. Посетено на 2010-06-23.
- ↑ „18. Is North Korea a 'Stalinist' state?“. DPRK FAQ; Document approved by Zo Sun Il. Official Webpages of the Democratic People's Republic of Korea. 2005-05-05. Архивирано од изворникот на 2005-08-06. Посетено на 2007-10-31.
- ↑ Sheridan, Michael (16 September 2007). „A tale of two dictatorships: The links between North Korea and Syria“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 2010-05-25. Посетено на 2010-04-09.
- ↑ Hitchens, Christopher (December 24, 2007). „Why has the Bush administration lost interest in North Korea?“. Slate. Посетено на 2010-04-09.
- ↑ „Ansa.it“. Ansa.it. 2009-09-28. Архивирано од изворникот на 2009-10-01. Посетено на 2010-03-11.
- ↑ 10th Supreme People's Assembly. (1998-09-15). „DPRK's Socialist Constitution (Full Text)“. The People's Korea. Архивирано од изворникот на 2013-10-28. Посетено на 2007-08-01.
- ↑ Local factories in North Korea, Interview by staff reporter, Joon Ang Ilbo, taken from Tong-il Hankuk newspaper, 14 March 2002
- ↑ Kihl, Young Whan (1985). „North Korea in 1984: "The Hermit Kingdom" Turns Outward!“. Asian Survey. 25 (1): 65–79. doi:10.2307/2644057. JSTOR 2644057.
- ↑ „North Korean Economy Watch » Blog Archive » Scott Snyder on Rason“. Nkeconwatch.com. 2010-04-05. Посетено на 2010-06-23.
- ↑ „CIA - The World Factbook -- Country Comparison :: Life expectancy at birth“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. 2009. Архивирано од изворникот на 2018-12-29. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „Infant mortality rate“. The World Factbook -- Country Comparisons. CIA. 2009. Архивирано од изворникот на 2018-02-07. Посетено на 2009-05-01.
- ↑ „Religious Intelligence UK report“. Religious Intelligence. Religious Intelligence. Архивирано од изворникот 2007-10-13. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „N.Korea marks Kim jr's birthday as holiday: reports“. AFP. January 8, 2010. Архивирано од изворникот 2010-01-18. Посетено на 2010-12-04.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Naenara[мртва врска] – „Мојата земја“, официјален портал на ДНР Кореја.
- KCNA Архивирано на 10 септември 2009 г. – Корејска ентрална новинска агенција, официјалната новинска агенција во ДНР Кореја.
- Daily NK – нецензорирани вести од ДНР Кореја.
- Официјално мрежно место на ДНР Кореја
- 《우리민족끼리》 Архивирано на 7 март 2016 г. - мрежно место за ДНР Кореја на корејски
- Северна Кореја на Curlie (англиски)
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „ДНР Кореја“ (англиски)
- ДНР Кореја на Викимедииниот атлас
Википатување има туристички водич за North Korea. - Шеф на држава и кабинет Архивирано на 9 март 2013 г.
- Во Северна Кореја Архивирано на 12 август 2011 г. - презентација.