Свиена приближна согласка
Свиената приближна согласка (ретрофлексен апроксимант) е согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɻ ⟩, а X-SAMPA користи r\`. Симболот на МФА е превртена буква r со надесно опавче што излегува од долниот десен дел на буквата.
Свиена приближна согласка | |||
---|---|---|---|
ɻ | |||
| |||
МФА-бр. | 152 | ||
Шифрирање | |||
Единица (дек.) | ɻ | ||
Уникод (хекс.) | U 027B | ||
X-SAMPA | r\` | ||
Киршенбаум | r. | ||
Особености
уредиСвиената приближна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
- Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Јазици
уредиОваа согласка се јавува во американскиот англиски („американско р“), мандаринскиот, паштунскиот, извесни јазици во Индија како тамилскиот и малајалскиот, како и неколку австралиски и јужноамерикански индијански јазици.
Јазик | Збор | МФА | Значење | Белешки | |
---|---|---|---|---|---|
англиски | американски наречја | red | [ɻʷɛd] | 'црвен' | |
арандски | [се бара пример] | ||||
ениндиљагва | angwura | [aŋwuɻa] | 'оган' | ||
јагански | wárho | [ˈwaɻo] | 'пештера' | ||
кинески | мандарински | 肉 ròu | [ɻou̯˥˩] | 'месо' | Може да биде и звучната свиена струјна согласка ([ʐ]). |
малајалски | വഴി | [ʋɐɻi] | 'пат' | ||
мапучки | rúka | [ˈɻuka] | 'куќа' | ||
паштунски | سوړ | [soɻ ] | 'студен' | Алофон на свиената странична едноударна согласка ([ɺ̢ ]). | |
пиѓанѓаѓарски | Uluṟu | [ʊlʊɻʊ] | 'Улуру' | ||
тамилски[1] | வழி | [ʋɐɻi] | 'пат' |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Keane (2004:111)
Библиографија
уреди- Keane, Elinor (2004), „Tamil“, Journal of the International Phonetic Association, 34 (1): 111–116, doi:10.1017/S0025100304001549
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |