Рум
Рум претставува дестилиран алкохолен пијалак од производи од шеќерната трска, првенствено меласата. Румот може да се пие чист или помешан и се користи во десерните сосови и за други јадења.
Историја
уредиРумот како пијалак е првпат споменат во документите од Барбадос во 1650 година. Румот играл улога во трговијата со робови: робовите од Африка биле продавани во Западните Инди за меласа, меласата се произведувала во рум во Нова Англија и румот потоа бил продаван во Африка за многу повеќе робови. Британските морнари добивале редовни следувања рум до 80-тите години на XX век.
Видови рум и нивно добивање
уредиДвата главни типа - светол и темен рум, се продаваат на пазарот. Свелиот рум, традиционално од Порторико и Куба, произведен е со култивиран квасец, кој се дестилира со непрекинат технолошки процес во садови, пред да се помеша и складира да созрее (остари) четири години. Посилниот темен рум, традиционално од Јамајка, за кого се користат спорите на квасецот од воздухот и се дестилираат во едноставни казани пред да се помеша и да се складира да созрева пет години.
Надворешни врски
уредиИсторија и информација
уреди- Историја на румот Архивирано на 9 октомври 2007 г. (англиски)
- Министерство за рум (англиски)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |