Португалија
Португалија (португалски: Portugal) — република во западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во Југозападна Европа. Таа е најзападната земја во Континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азорите (Açores) и Мадејра.
Португалска Република República Portuguesa (португалски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "A Portuguesa" „Португалската“ |
||||||
Главен град (и најголем) | Лисабон5 38°46′N 9°11′W / 38.767° СГШ; 9.183° ЗГД | |||||
Службен јазик | Португалски1 | |||||
Признаени регионални јазици | мирандски | |||||
Народности (2011) |
|
|||||
Демоним | Португалци
(Португалец/Португалка) |
|||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Марсело Ребело де Соза | ||||
• | Премиер | Антонио Коста | ||||
Формирање | Општопризнат датум на независност е 1139 | |||||
• | Основање | 868 | ||||
• | Реосновање | 1095 | ||||
• | Де факто суверенитет | 24 јуни 1128 | ||||
• | Кралство | 25 јули 1139 | ||||
• | Призната | 5 октомври 1143 | ||||
• | Папско признавање | 1179 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 јануари 1986 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 92,345 км2 (110та) | ||||
• | Вода (%) | 0,5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2018 г. | 10,276,617[1] (88ма) | ||||
• | Попис 2011 | 10,562,178[2] | ||||
• | Густина | 114 жит/км2 (87ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2006 г. | |||||
• | Вкупен | $232.000.000.000 (40та) | ||||
• | По жител | $23.464 (2007) (34та) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.822[3] многу висок · 41ва |
|||||
Валута | Евро (€)² (EUR ) |
|||||
Часовен појас | ЗЕВ³ (UTC0) | |||||
• | (ЛСВ) | ЗЕЛТ (UTC 1) | ||||
НДД | .pt4 | |||||
Повик. бр. | 351 | |||||
1. | мирандски јазик, кој се зборува во некои села на општината Миранда до Дуро, бил официјално признат во (Lei n.° 7/99 de 29 de Janeiro), оттогаш давајќи му официјално право на користење на мирандскиот на јазичното малцинство кое го засега.[4] Португалскиот знаковен јазик е исто така признат. | |||||
2. | Пред 1999: Португалско ескудо. | |||||
3. | Азори: УКВ-1; УКВ во лето. | |||||
4. | Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија. | |||||
5. | Коимбра бил главен град на државата од 1139 до околу 1260 |
Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10.524.145 жители.
Историја
уредиИмето „Португалија“ само по себе открива делови рани од историјата на оваа земја - таа потекнува од римското име Portus Cale, можна мешавина на грчко и латинско име кое значи "Убаво пристаниште". Просторот на денешна Португалија во текот на историјата бил населуван од страна на многу народи и цивилизации, како Иберите, Келтите, Феникијците, Картагинците, Старите Грци, Германите и Маврите.
Португалија во текот на XV век и XVI век успеала да го прошири своето влијание. Славни личности од тие векови се: Фернандо Магелан кој го опколил светот, Бартоломео Дијас кој достигнал до ’Ртот на Добрата Надеж и источниот крај на Африка, Васко де Гама и др. Крајот на XV век, Португалија за првпат во историјата ја изгубила независноста, и тоа под власт на Шпанија преку кое почнало пропаѓање на Португалија како велесила.
Португалија продолжила да ја губи својата политичка и економска сила поради неколку причини, пред сè Лисабонскиот земјотрес од 1755 година, подемот на Наполеон Бонапарт, стекнување на независност на Бразил во 1822 година и граѓанската војна помеѓу либералите и апсолутистите. Во 1910 година била укината монархијата. Во 1975 година Протугалија дала независност на своите преостанати колонии.
Португалија е една од основачите на НАТО алијансата, а од 1986 година е член на ЕУ.
Потекло на поимот
уредиГеографија и клима
уредиПортугалија е држава на западниот и југозападниот дела на Пиринејскиот Полуостров. Граничи со Шпанија на север и исток и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадејра. Португалија е една од најтоплите држави во Европа со атлантско-средоземна клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите достигаат до -5 °C. Снежни врнежи има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на север и 18 °C на југ. Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доуро.
Државно уредување
уредиАдминистративна поделба
уредиСтопанство
уредиНаселение, јазик и религија
уредиБр. | Region | Нас. | Бр. | Region | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лисабон Порто |
1 | Лисабон | Лисабон | 545,245 | 11 | Келуш | Лисабон | 75,169 | Брага Вила Нова де Гаја |
2 | Порто | Север | 237,559 | 12 | Риу Тинто | Север | 64,815 | ||
3 | Брага | Север | 189 331 | 13 | Бареиро | Лисабон | 63,353 | ||
4 | Вила Нова де Гаја | Север | 186,503 | 14 | Авеиро | Центар | 60,058 | ||
5 | Амадора | Лисабон | 175,136 | 15 | Визеу | Центар | 57,975 | ||
6 | Коимбра | Центар | 143,052 | 16 | Одивелаш | Лисабон | 56,847 | ||
7 | Фуншал | Мадејра | 111,541 | 17 | Леирија | Центар | 50,533 | ||
8 | Сетубал | Лисабон | 98,131 | 18 | Матузињуш | Север | 49,486 | ||
9 | Алмада | Лисабон | 96,404 | 19 | Гимараеш | Север | 47,588 | ||
10 | Агуалва-Касен | Лисабон | 79,805 | 20 | Фару | Алгарве | 47,575 |
Култура во Португалија
уредиРелигија
уредиНајголема религија во Португалија е Римокатоличката. Околу 84% од населението се католици, но само околу 19% присуствуваат редовно на неделните литургии. Сепак, голем број од Португалците сакаат да бидат крстени, оженети во црквата и слично[5]. Иако црквата и државата формално биле разделени за време на Првата Португалска Република (1910-1926), со уставот од 1976 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во португалското општество и култура. Многу португалски празници, фестивали и традиции, имаат религиозно потекло. Иако црквата и државата се формално одвоени, Католичката црква сè уште добива одредени привилегии во земјата.
Денеска, најголемиот дел од португалското население е римокатоличко, односно 84.5% од вкупниот бој на населението се католици, а околу 2.2% припаѓаат на други христијански организации[6].
Музика во Португалија
уредиСпорт во Португалија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Redução da população residente em 2018 menor que a de 2017 - 2018“. Ine.pt. Посетено на 14 јуни 2019.
- ↑ [1] [мртва врска]
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Студија Евромозаик, мирандскиот во Португалија Архивирано на 13 март 2007 г., europa.eu - Европска Комисија мрежно место, пристапено на јануари 2007.
- ↑ „Portugal está mais secularizado do que a Espanha“. Diário Ateísta. 18 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2007-04-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „CIA — The World Factbook -- Portugal“. 17 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2020-05-19. Посетено на 2009-10-30.