Пјермарио Морозини
Пјермарио Морозини (италијански: Piermario Morosini, роден на 5 јули 1986 во Бергамо, починал на 14 април 2012 во Пескара) беше италијански фудбалер кој играше за италијанскиот второлигаш Ливорно во средниот ред како позајмен од Удинезе.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Пјермарио Морозини | ||
Висина | 183 см | ||
Клупски информации | |||
Тековен клуб | Ливорно | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
Аталанта | |||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. (Гол.) | |
2005–2007 2006–2007 2007–2009 2009–2010 2010 2010–2011 2011 2011–2012 2012 |
Удинезе Болоња (позајмен) Виченца (позајмен) Реџина (позајмен) Падова (позајмен) Удинезе Виченца (позајмен) Удинезе Ливорно (позајмен) |
5 (0) 16 (0) 66 (1) 17 (0) 14 (0) 0 (0) 15 (0) 0 (0) 8 (0) | |
Вкупно | 142 | (1) | |
Меѓународна кариера | |||
2001–2003 2003–2004 2004–2005 2005–2007 2006–2009 |
Италија U-17 Италија U-18 Италија U-19 Италија U-20 Италија U-21 |
16 (1) 7 (0) 12 (0) 3 (0) 18 (0) | |
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Животопис
уредиМорозини беше роден на (5 јули 1986-14 април 2012) година во Бергамо, Италија. Неговата мајка Камилла починала во 2001 година, кога имал само 15 години, наредната година го загубил и татко му Алдо, а по кратко време се самоубил и неговиот хендикепиран брат по што Морозини останал сам со неговата постара сестра, исто така хендикепирана.
На 14 април 2012 година, во 31 минута од натпреварот Пескара - Ливорно во рамките на 35. коло од Серија Б, Морозини добил срцев удар по што паднал на теренот. Бил пренесен во болница, по што била утврдена смртта. Натпреварот бил веднаш прекинат при резултат од 0:2, а ФИГЦ решила да ги одложи сите натпревари кои требало да се играат викендот.
Клубот Удинезе решил да го повлече дресот со број 25 кој го носел Морозини, а истиот чин го направил и клубот Виченца.
Клупска кариера
уредиПјермарио Морозини ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на клубот Аталанта од неговиот град Бергамо. Во 2005 година половина од неговата сопственост била продадена во Удинезе. На 23 октомври 2005 година дебитирал за Удинезе во Серија А во натпревар против Интер. Во 2006 година за околу 1,5 милиони евра Удинезе целосно го откупил неговиот договор од Аталанта, а наредната клубот го пратил на позајмица во Болоња. Но, позајмицата во Болоња ќе се покаже како чекор по кој никогаш повеќе нема да заигра за Удинезе, бидејќи по Болоња ќе следат позајмици и во Виченца, Реџина, Падова, повторно Виченца и на крајот во Ливорно.
Репрезентативна кариера
уредиГи поминал сите младински категории во репрезентацијата на Италија, но никогаш не заиграл за сениорите. Врвот го достигнал во 2009 година кога со репрезентацијата на Италија до 21 година учествувал на Европското првенство во Шведска каде Италија стигнала до полуфиналето.