Пресијан

бугарски владетел

Хан Пресијан I или Пресиjaн[1][2][3][4] — бугарски владетел на Првото Бугарско Царство од Крумовата династија во периодот од 836 до 852 година. Тој бил син на Звиница, внук на хан Омуртаг и внук на хан Маламир. Во времето на неговото владеење се намалила визаниската моќ на Балканскиот Полуостров и целата територија на Македонија попаднала под контрола на Бугарското Царство. Пресијан ја поделил Бугарија на 10 комитати (области). Тој бил татко на идниот цар Борис I. Во натписот од Филипи е ја има титулата: На многуте Бугари од Бога архонт.

Пресијан
Хан на Бугарија
Натпис од Филипи, кој денеска се наоѓа во Археолошкиот музеј во Филипи, Грција.
На престол836–852
ПретходникМаламир
НаследникБорис I
Починал(а)852
Сопружникнепознато
ДецаБорис I
ДинастијаКрумова династија
најверојатно Дуло
ТаткоЗвиница

Управување

уреди

Војна со Византија

уреди

По стапување на престолот, Пресијан ја продолжил војната со Византија, кога испратил една бугарска војска под команда на кавхан Исбул во правец кон Солун, со цел да се поддржи бунтот против византиската власт на словенското племе Смолјани, кои ја населувале долината на реката Места односно Западните Родопи. Во близина на античкиот град Филипи (837), Бугарите извојувале победа над византиските сили на чие чело се наоѓал Алексиј Мозеле[5]. За овој настан сведочи т.н. Натпис од Филипи:

Кој и да ја бара вистината, Бог го набљудува, кој и да лаже, Бог го гледа. На христијаните Бугарите направија многу добрини. И христијаните ги заборавија, но Бог тоа го гледа[6].


Како резултат на овие настани Бугарија ја контролирала Родопската област и за првпат достигнала на брегот на Бело Море. На тој начин на Византијците им била прекината копнената врска меѓу главниот град Цариград и Солун.

Присоединување на Македонија

уреди

Најверојатно во периодот 837 - 842 година Бугарите ги зазеле словенските територии од Македонија, западно од реката Струма.

 
Територијата на Бугарија во времето на Пресијан

Војна со Србија

уреди

Вознемирена од навлегувањето на Бугарите во Македонија, царицата Теодора II, регент на малолетниот син Михаил III Пијаницата, се обидела да ги насочи српските племиња против Бугарија, кои неодамна се обединиле под управува на кнез Властимир. Во 842 година меѓу Бугарите и Србите избувнал конфликт. Бугарите извршиле инвазија во српските земји, но по три години војна претрпиле пораз. Мирот бил обновен без територијални промени[7].

Односи со Франките

уреди

Во 843 година се случил еден настан кој имал големи последици за Западна Европа. Владетелот на Франките и император на Западот, Лудвиг Побожниот починал, по што управувањето на неговите територии било поделено помеѓу неговите синови. Во 845 година во Падерборн, кај владетелот на источниот дел од земјата, пристигнале бугарски амбасадори, кои го потврдиле мировниот договор кој постоел помеѓу двете земји[8].

Смрт

уреди

Хан Пресијан починал во 852 година и бил наследен на престолот од неговиот син Борис I.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Йордан Андреев, „Българските ханове и царе VII-XIV век“, „Петър Берон“, София, 1998, стр. 208 - 217, ISBN 954-402-034-9
  • „Христоматия по история на България“ под ред. на П. Петров и В. Гюзелев, Т. 1. С. 1978, с. 113, 116 и 187.
  • Продължителят на Георги Монах (ГИБИ).
  • Продължителят на св. Теофан Изповедник (ГИБИ).
  • Георгиев, П., „Първобългарският надпис от Филипи в нова светлина. Исторически преглед“, 1990, № 3.
  • Павлов, Пл., Забравени и неразбрани (Събития и личности от българското Средновековие). С., 2010.
  • Йордан Андреев/Иван Лазаров/Пламен Павлов: Кой кой е в средновековна България, София 1999.
  • Йордан Андреев, България през втората четвърт на XIV век, Велико Търново 1993.
  • Веселин Бешевлиев, Die protobulgarische Periode der bulgarischen Geschichte. Amsterdam 1981.
  • Васил Златарски, История на българската държава, 1:1, София, 1918.
  • Иван Божилов, Фамилията на Асеневци (1186–1460). София 1985.
  • John V. A. Fine, Jr., The Early Medieval Balkans. Ann Arbor: University of Michigan Press 1991. ISBN 978-0-472-08149-3.
  • Константин Јиречек, Geschichte der Bulgaren, Georg Olm Verlag, 1977 (Orig.: Verlag von F. Tempsky, Prag, 1876)
  • Gerhard Podskalsky, Theologische Literatur des Mittelalters in Bulgarien und Serbien 815-1459. München 2000. ISBN 3-406-45024-5
  • Bury, J. B. (2008). History of the Eastern Empire from the Fall of Irene to the Accession of Basil: A.D. 802-867. ISBN 1-60520-421-8.
  • Fine, John Van Antwerp (1991). The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century. Michigan: The University of Michigan Press. ISBN 0-472-08149-7.
  • Runciman, Steven (1930). A history of the First Bulgarian Empire. London: G. Bell & Sons.

Наводи

уреди
  1. Натпис од Филипи
  2. Бешевкиев, Веселин, Прабългарски епиграфски паметници, Издателство на Отечествения фронт, С., 1981, стр. 78-80
  3. Божилов, Иван, Стара българска литература, Том III — Исторически съчинения, Български писател, С., 1983, стр. 352
  4. Гюзелев, Васил, История на България, Том I — История на Средновековна България, Дял втори : Езическа България, Глава седма : Хан и ханство „на многото българи" (814 - 852), Анубис, С., 1999, стр. 159
  5. Гюзелев, Васил, История на Средновековна България VII — XIV век, Дял втори : Езическа България, Глава седма : Хан и ханство на „многото българи" (814 - 852), Анубис, С., 1999, стр. 160
  6. Бешевлиев, Веселин, Прабългарски епиграфски паметници, Издателство на Отечествения фронт, С., 1981, стр 79 - 80
  7. Гюзелев, Васил, История на Средновековна България VII — XIV век, Дял втори : Езическа България, Глава седма : Хан и ханство на „многото българи", Анубис, С., 1999, стр. 161
  8. Л.И.Б.И., Том II, Фулденски летописи, Издание на Българската Академия на Науките, С., 1960, стр. 43
Владејачки титули
Претходник
Маламир
Кан на Бугарија
836–852
Наследник
Борис I