Право е неделен весник, официјален орган на политичките и духовните интереси на бугарското население во Отоманското Царство, а подоцна станува орган на македонско-одринските интереси откако овие две области по Берлинскиот конгрес останале во рамките на империјата. Со текот на времето Право станува неофицијален орган на Македонскиот комитет од Софија и Македонската револуционерна организација, со што започнува да ги претставува интересите на македонското револуционерно движење.

Право
Насловна страница
УредникВасил Маков
Основан12 ноември 1894
ЈазикБугарски
Престанал13 март 1903
СедиштеСофија

Уредници

уреди

Го уредувале Васил Маков (главен уредник), Никола Наумов (главен уредник), од бројот 13 како уредници се јавуваат Христо Дојчинов и Тома Карајовов [1]

Дејност

уреди

Македонското прашање и Одринско

уреди

Весникот во почетокот се занимавал со прашањето за Македонија и Одринско кој останале под управата на Отоманското Царство.

Првенствено биле разгледувани културните и духовните интереси на тамошното население, подобрување на положбата врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес и спроведување на реформи.

Со засилувањето на македонското револуционерно движење весникот почнува да се занимава и со политички прашања и станува неофицијално гласило на Македонскиот комитет со што јавно се барало автономија на Македонија.

Неофицијален орган на МРО

уреди

По создавањето на Македонската револуционерна организација, односно по создавањето на нејзиното Задгранично претставништво, весникот станува неофицијален орган на Организацијата и ги пренесува нејзините ставови за решавање на Македонското прашање.

Според Пејо Јаворов, весникот ги претставувал личните ставови на Гоце Делчев меѓутоа треба да се истакне дека тој како задграничен претставник ги застапувал интересите и потребите на самата Организацијата.

Во овој весник е објавена и статијата на Ѓорче Петров под наслов Македонското ослободително дело на бугарска почва како и голем број на други текстови како што и ставот на Организацијата во однос на Македонското прашање:

Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот Полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ [2].

Извори

уреди
  1. Шапкарев, Кузман. За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма. София, 1984, стр. 636.
  2. Право, II/31 (39), 22. 09. 1902, 3

Литертура

уреди
  • д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945) Скопје, 1980
  • д-р Боро Мокров - м-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993