Правилник за селски чети
Правилникот за селските чети е норматив акт на Македонската револуционерна организација, со кој четите во секое село и град биле задолжени да одат на помош, со цела селска милиција, со што дошло до разграничување на административо - граѓанскиот дел од воениот и уште повеќе се поставила воената основа на Организацијата.
Особености
уредиМакедонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Правилникот за селските чети се состои од 15 члена поделени во III глави. Во првата глава се регулирани составот и устројсвото на четите, како и казните за четниците. Во втората и третата глава се задачите и инструкциите.
Глава I. Состав
уреди- Член 1. Во секое село, се составува чета од 7-10 селани.
- Член 2. За војвода на четата се определува најопитниот селанец, најпогодниот за таквата работа.
- Член 5. Секој селски четник треба да има исправна и секогаш чиста пушка, потоа какво и да е ладно оружје (кама, нож, касатура) или револвер, опинци и гуња.
- Член 8. Воопшто, селските чети се должни секоја минута да ги заштитуваат интересите и авторитетот на Организацијата. Тие, со реонската чета на чело, ја составуваат така што се рече активната војска за дадениот реон.
- Член 10. Вакви чети се составуваат и во градовите.
Глава II. На помош
уреди- Член 11. Кога реонската чета (или некој нејзин дел) се наоѓа во опасност селските чети се должни да и дојдат на помош. Во тој случај не само селските туку и сите вооружени селани (најблиската народна милиција) треба да се кренат на нозе особено кога ќе падне мрак. Револуционерното тело толку отишло напред што некој селани (не треба да мислат за враќање назад во селото туку да си останат во четите) штом ќе видат дека не е возможно да се скрие нивното учество во судирот.
Глава III. Инструкции
уреди- Член 14. За да се привикнат новоформираните селски чети, па и сите селани на четничкиот живот, на готовност, на ризик, реонскиот војвода зема по неколку селани и ги води 5-6 дена. Кога ќе ги врати, зема други од селото [1]
Извори
уреди- ↑ Љубен Лапе, Одбрани текстови... II, Скопје, 1976.
Литература
уреди- д-р Владимир Картов, Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894