Поморско Војводство

војводство во северна Полска

Поморско Војводство (полски: województwo pomorskie, кашупски: pòmòrsczé wòjewództwò) — војводство во северозападна Полска со седиште во градот Гдањск.

Поморско Војводство
województwo Pomorskie
војводство
Знаме на Поморско ВојводствоГрб на Поморско Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Земја Полска
СедиштеГдањск
Окрузи4 градски, 16 земски *
Површина
 • Вкупно18.293 км2 (7,063 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно2.302.077
 • Густина130/км2 (300/ми2)
 • Градскo1.478.802
 • Селско722.267
Рег. таб.G
Мреж. местоpomorskie.eu

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Гдањско, Елблоншко и Слупско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Се граничи со Западнопоморското Војводство на запад, Големополското и Кујавско-поморското на југ, Варминско-мазурското на исток и Балтичкото Море на север. Во мал дел се граничи и со Калиниградска Област (ексклава на Русија) во средината на тесниот Вислански Провлак. Војводството ја опфаќа речиси сета Померелија (најисточниот дел на областа Поморје), како и подрачјето источно од реката Висла. Западниот дел околу Слупск историски му припаѓа на Задно Поморје, додека пак Померелија и источниот брег наВисла belonged to the Прусија. The central parts of the province are also known as Кашубија, named after the кашупско малцинство.

Војводството има богато културно минато. Меѓу најзначајните културни, стопански и образовни центри во Полска е Триградјето (Трујмјасто), сочинето од градовите Гдањск, Гдиња и Сопот. Гдањск и Гдиња се најголемите пристаништа во државата, воспоставени од кнезот Мјешко I во X век и значително проширени во меѓувоениот период. Центарот на Гдањск е исполнет со ремек-дела на готската, ренесансната, барокната архитектура. Во Бендомин е сместен Музејот на државната химна, во родното место на нејзиниот автор — поетот и државнк Јузеф Вибицки (1747 - 1822). На ова подрачје се и најголемите средновековни цркви во Полска — катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гдањск, Богородничниот манастир во Пелплин), како и Малборчкиот замок. Во најсеверниот дел на војводството се протегаат тесниот Хелскиот и полската половина на Висланскиот Провлак. Други туристички места се Сопот, Јурата, Леба, Владиславово, Пуцк, Крињица Морска, Устка, Јастарња, Кужњинца, Битув и разни рибарски населби и светилници.

Латинизираниот назив Померанија (Pomerania) и германизираното Pomern се изведени од словенското по море или „приморје“.[1]

Градови и гратчиња

уреди
 
Гдањск — најважното пристаниште во Полска и седиште на војводството.
 
Гдиња — важно пристанишно место.
 
Слупск — најголем град во западниот дел на Поморското Војводство.
 
Тчев — најважен град во етнографската област Коќевје.
 
Вејхерово — значаен град во етнографската област Кашубија.
 
Старогард Гдањски — главен град на Коќевјето.
 
Сопот — мошне посетуван приморски одморалишен град.

Војводството има 42 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2014 година:[2]

  1. Гдањск (461.935)
  2. Гдиња (247.792)
  3. Слупск (93.706)
  4. Тчев (60.568)
  5. Вејхерово (50.310)
  6. Старогард Гдањски (48.513)
  7. Румја (47.506)
  8. Хојњице (40.146)
  9. Малборк (38.970)
  10. Квиѕин (38.849)
  11. Сопот (37.683)
  12. Лемборк (35.475)
  13. Прушч Гдањски (29.034)
  14. Кошќежина (23.696)
  15. Реда (23.343)
  16. Битув (16.828)
  17. Истка (16.158)
  18. Картузи (14.847)
  19. Члухув (14.311)
  20. Пуцк (11.369)
  21. Мјастко (10.890)
  22. Штум (10.322)
  23. Владиславово (10.175)
  24. Черск (10.046)
  25. Нови Двур Гдањски (10.042)
  26. Прабути (8.782)
  27. Пелплин (8.236)
  28. Скаршеви (7.087)
  29. Гњев (6.861)
  30. Жуково (6.512)
  31. Чарне (6.095)
  32. Ѓежгоњ (5.571)
  33. Дебжно (5.218)
  34. Бруси (5.051)
  35. Нови Став (4.328)
  36. Јастарња (3.808)
  37. Леба (3.808)
  38. Кемпице (3.775)
  39. Хел (3.613)
  40. Скурч (3.578)
  41. Чарна Вода (2.875)
  42. Крињица Морска (1.336)

Управна поделба

уреди

Поморското Војводство е поделено на 20 окрузи, од кои 4 се градски, а 16 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 123 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2014)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Гдањск
Gdańsk
262 456.103 1
Гдиња
Gdynia
136 251.183 1
Слупск
Słupsk
43,15 98.402 1
Сопот
Sopot
17,31 39.836 1
Земски окрузи
Битувски
powiat bytowski
2.193 75.313 Битув Мјастко 10
Вејхеровски
powiat wejherowski
1.280 181.834 Вејхерово Румја, Реда 10
Гдањски
powiat gdański
793 85.566 Прушч Гдањски 8
Картуски
powiat kartuski
1.120 109.311 Картузи Жуково 8
Квиѕински
powiat kwidzyński
835 80.704 Квиѕин Прабути 6
Кошќежински
powiat kościerski
1.166 66.778 Кошќежина 8
Лемборски
powiat lęborski
707 63.659 Лемборк Леба 5
Малборски
powiat malborski
495 62.960 Малборк Нови Став 6
Новодвурски
powiat nowodworski
653 35.498 Нови Двур Гдањски Крињица Морска 5
Пучки
powiat pucki
578 74.196 Пуцк Владиславово, Јастарња, Хел 7
Слупски
powiat słupski
2.304 92.172 Слупск * Устка, Кемпице 10
Старогардски
powiat starogardzki
1.345 121.963 Старогард Гдањски Скаршеви, Скурч, Чарна Вода 13
Тчевски
powiat tczewski
698 112.614 Тчев Пелплин, Гњев 6
Хојњички
powiat chojnicki
1.364 91.585 Хојњице Черск, Бруси 5
Члухувски
powiat człuchowski
1.574 56.797 Члухув Чарне, Дебжно 7
Штумски
powiat sztumski
731 41.808 Штум Ѓежгоњ 5
* седиштето не е дел од округот

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Der Name Pommern (po morze) ist slawischer Herkunft und bedeutet so viel wie „Land am Meer“. Архивирано на 29 септември 2013 г.
  2. „Wayback Machine“ (PDF). archive.org. 5 May 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 5 May 2008. Посетено на 2 May 2018.

Надворешни врски

уреди