Папрадиште (Кичевско)

село во Општина Кичево

Папрадиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Папрадиште
Папрадиште во рамките на Македонија
Папрадиште
Местоположба на Папрадиште во Македонија
Папрадиште на карта

Карта

Координати 41°38′53″N 21°1′36″E / 41.64806° СГШ; 21.02667° ИГД / 41.64806; 21.02667
Општина  Кичево
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 12053
Надм. вис. 1.359 м
Папрадиште на општинската карта

Атарот на Папрадиште во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди

Селото Папрадиште се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 20 километри северно од Кичево.

Историја

уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 7 семејства и 1 неженет, сите христијани.[2]

Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 290 жители муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Папрадиште живееле 220 жители, сите Албанци.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948206—    
1953237 15.0%
1961216−8.9%
1971239 10.6%
1981219−8.4%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994119—    
200275−37.0%
20218−89.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Папрадиште живеат 75 жители, од кои 74 Албанци и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 206 237 216 239 219 0 119 75 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Папрадиште е албанско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.

Родови во селото се: Џине (12 к.) најстариот род во селото. Нивниот предок се доселил пред околу 140 години од областа Матија во Северна Албанија. Калешовци (20 к.), се доселиле по родот Џине. И нивното потекло е од Мат во Албанија. Предокот Лиман Калеши се доселил пред околу 135 години. Се знае следното родословие: Сулејман (55 години) - Вели - Реџеп - Суљо - Реџо - Лиман. Имаат истоимени роднини во соседните села Туин, Србица и Ќафа. Манцуке (2 к.), се доселиле по родот Калешовци. Потеклото им е исто. Хаздуке (3 к.), најмладиот селски род. Се доселиле од соседното село Ќафа. Подалечното потекло им е исто како и на другите родови.[11]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 800 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.221
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.42
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди