Општина Струмица
Општина Струмица — општина која се простира во западниот и централниот дел на Струмичкото Поле, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општина Босилово, на запад со Општина Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54.676 жители.[2] Седиште на општината е Струмица.
Општина Струмица | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Струмица | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Костадин Костадинов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 321,49 км2 (124,13 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 49.995 | ||
• Густина | 160/км2 (400/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC 01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC 02:00) | ||
Повикувачки број | 034 | ||
Регистарски таблички | SR | ||
Мреж. место | strumica.gov.mk |
Географија
уредиСтрумичкиот регион се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија на 41°22' СГШ и 23°45' ИГД и располага со површина од 963 км2. Регионот на југ граничи со Егејска Македонија во денешна Грција, а на исток со Пиринска Македонија, во денешна Бугарија. Разврстен е во јужносредоземниот подреон, под таканаречениот индустриски микро-реон. Во рамките на регионот се подразбира Струмичкото Поле, кое е дел од Струмичко-радовишката котлина. Површината на регионот денес е поделена меѓу четирите општини Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, кои вкупно сочинуваат 72 населени места, со вкупно население од 92.625 жители. Според површината и бројот на населението, регионот има средна големина во земјата, но неговиот низински дел е најгусто населено подрачје во Македонија, на квадратен километар живеат над 100 жители. Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Овој дел од котлината е ограден со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од регионот е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорие, и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Струмица е Коста Јаневски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Струмица е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Стопанство
уредиЗемјоделство
уредиСтрумичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија, особено на градинарски култури. Во 2017 година од вкупното производство во Македонија, во Општина Струмица биле произведени 58% од краставиците, 32% од доматите, 22% од пиперот и 17% од зелката.
Култура | Произведено
(тони) |
Вкупно во
Македонија (тони) |
Удел
(%) |
---|---|---|---|
Грав | 398 | 4 867 | 8,18 |
Грашок | 106 | 1 893 | 5,60 |
Зелка | 23 783 | 132 821 | 17,91 |
Домати | 52 545 | 159 721 | 32,90 |
Пиперки | 39 050 | 175 100 | 22,30 |
Краставици | 29 948 | 51 532 | 58,12 |
Бостан | 7 331 | 121 168 | 6,05 |
Луцерка | 4 738 | 98 083 | 4,83 |
Цреши | 376 | 4 061 | 9,26 |
Бадеми | 24 | 533 | 4,50 |
Демографија
уредиНарод | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 41.871 | 91,92 |
Албанци | 2 | 0,1 |
Турци | 2.846 | 8,86 |
Роми | 102 | 0,27 |
Власи | 3 | 0,01 |
Срби | 153 | 0,34 |
Бошњаци | 2 | 0,01 |
останати | 108 | 0,58 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 47.515 |
муслимани | 4.193 |
католици | 1.447 |
протестанти | 101 |
останати | 2.420 |
Македонци | Турци | Срби | Роми | Бошњаци | Албанци | Власи | останати и непознато | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
апсолутно мнозинство | ||||||||
релативно мнозинство |
општина Струмица | Вкупно | Македонци | Турци | Срби | Роми | Бошњаци | Албанци | Власи | останати |
Вкупно | 54,676 (100,00 %) | 50,258 (91,91 %) | 3,754 (6,86 %) | 185 (0,33 %) | 147 (0,26 %) | 6 (0,01 %) | 3 (0,00 %) | 3 (0,00 %) | 320 (0,58 %) |
Баница | 1,137 | 1,129 | 0 | 2 | 0 | 1 | 0 | 0 | 5 |
Банско | 1,992 | 1,064 | 900 | 3 | 17 | 0 | 2 | 0 | 6 |
Белотино | 29 | 29 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Вељуса | 1,552 | 1,548 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Водоча | 318 | 316 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Габрово | 399 | 398 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 |
Градско Балдовци | 755 | 755 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Дабиље | 1,946 | 1,941 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Добрејци | 1,764 | 1,764 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Дорломбос | 117 | 0 | 117 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Злешево | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Костурино | 1,280 | 1,276 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 |
Куклиш | 2,532 | 2,529 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 |
Мемешли | 44 | 0 | 44 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Муртино | 2,209 | 2,203 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 4 |
Орманли | 34 | 0 | 34 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Попчево | 343 | 342 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 |
Просениково | 1,550 | 1,543 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 |
Раборци | 105 | 105 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Рич | 382 | 381 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Сачево | 540 | 540 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Свидовица | 325 | 309 | 16 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Струмица | 35,311 | 32,074 | 2,642 | 157 | 130 | 5 | 1 | 3 | 299 |
Три Води | 12 | 12 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Чепели | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2017 (PDF). Државен завод за статистика на Република Македонија. 2018. ISBN 9786082272948.
Надворешни врски
уреди„Општина Струмица“ на Ризницата ? |
- Општина Струмица — официјална страница
- Општина Струмица Архивирано на 30 септември 2007 г. — Министерство за локална самоуправа
- Струмица денес
- Општина Струмица во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- „Социјална карта на општина Струмица“ Архивирано на 8 февруари 2017 г.