Опава
Опава (чешки: Opava, германски: Troppau, полски: Opawa, латински: Oppavia) — град во северна Чешка на реката Опава, сместен северозападно од Острава. Историски главен град на Чешка Шлеска, Опава сега се наоаѓа во Моравскошлескиот крај и има население од околу 60.000 жители
Опава | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Горниот плоштад со театарот и катедралата | |||
Локација во Чешка | |||
Координати: 49°56′N 17°54′E / 49.933° СГШ; 17.900° ИГД | |||
Држава | Чешка | ||
Крај | Моравскошлески | ||
Округ | Опава | ||
Првпат спомнат | 1195 г. | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Мартин Витечек | ||
Површина | |||
• Вкупна | 90,61 км2 (3,498 ми2) | ||
Надм. вис. | 257 м | ||
Население (2014) | 57.772 | ||
• Густина | 638/км2 (1,650/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC 1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC 2) | ||
Поштенски факс | 746 01 | ||
Мреж. место | www.opava-city.cz |
Историја
уредиПрвите пишани податоци за постоењето на Опава потекнуваат од 1195 година. Според магдебуршкото право, Опава добил статус на град во 1224 година. Градот бил престолнина на Опавското војводство.
Во 1614 година Карло I од Лихтенштајн станал војвода на Опава. Откако поголемиот дел од Шлеска бил припоен кон Кралството Прусија за време на војната за австриското наследство по 1740 година, останатата шлеска територија која сè уште била под контрола на Хабсбуршката Монархија станала позната како Австриска Шлеска, со престолнина во Тропау. (1742–1918). Тропаускиот конгрес бил одржан во градот во периодот 27 октомври - 17 декември 1820 година.[1]
Според австрискиот попис од 1910 година, градот имал 30,762 жители, од кои 29,587 имале трајно живеалиште. Пописот покажал дека на 27,240 од жителите (92%) мајчин јазик е германскиот, на 2,039 (6.9%) мајчин јазик е чешкиот јазик, а пак 274 жители (0.9%) говореле полски јазик. На евреите не им било дозволено да се изјаснат дека зборуваат јидиш, и најголемиот дел од нив го пријавиле германскиот јазик. Главна религиозна група била католиците со 28,379 (92.2%), следени од протестантите со 1,155 (3.7%) и евреите со 1,112 жители (3.6%).[2]
По поразот на Австроунгарија во првата светска војна, Тропау станал дел од Чехословачка во 1919 година како Опава.
Во периодот 1938–45 година, Опава бил дел од Нацистичка Германија во согласност со минхенскиот договор. Еден ден пред германското приспојување на судетската област во 1938 година, градот се одделил од својот округ и станал независен град. По завршувањето на втората светска војна, целото германско население од Опава било насилно протерано во 1945–46 под услови утврдени во бенешовите декрети; градот бил повторно населен од чеси. Голем дел од протераното население се населил во Бамберг, Германија.
И покрај тоа што Опавското војводство повеќе не постои, титулуата Војвода на Тропау сè уште се употребува, и нејзин носител во моментов е Ханс-Адам II, кнез на Лихтенштајн.
Географија
уредиОпава се наоѓа во североисточниот дел на Чешка, на самата граница со Полска (само 5 км). Градот е оддалечен од главниот град Прага 340 километри источно. Од Острава, првиот поголем град, Опава е оддалечен 35 километри.
Релјеф: Опава се наоѓа во историската област Шлеска и припаѓа на нејзиниот западен дел. Градот се наоѓа на нерамен терен на приближно 250 метри надморска височина. Западно од градот се издигнува планинскиот масив Јасеники.
Клима: Климата во областа Опава е умерено-континентална.
Реки: Низ Опава протекува истоимената река Опава.
Население
уредиГодина | 1869 | 1880 | 1890 | 1900 | 1910 | 1921 | 1930 | 1950 | 1961 | 1970 | 1980 | 1991 | 2001 | 2005 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 27 011 | 32 105 | 35 698 | 42 043 | 47 361 | 49 366 | 54 263 | 40 633 | 48 091 | 53 269 | 58 788 | 62 815 | 61 382 | 60 345 | 58 709 |
Економија и култура
уредиОпава моментално е важен бизнис и културен центар на Опавска Шлеска.[4] Во градот се сместени неколку економски и културни институции кои го опслужуваат целиот крај, вклуувајќи го Шлескиот музеј кој е најстар музеј во Чешка,[5] и Шлескиот институт на академијата на науки. Во Опава се наоѓа единствениот државен универзитет во државата кој не е статициониран во главен град на еден крај, Шлескиот универзитет, основан во 1991 година. Градот е дел од индустриска зона заедно со Острава и тука се произведува рударска опрема. Опава исто така доделува своја награда на културата.
Шлескиот театар во Опава бил отворен во 1805 година. Претставите биле изведувани на германски јазик сè до крајот на втората светска војна.
Значајни личности
уреди- Џој Адамсон, природонаучник
- Франц Бардон, магионичар
- Петр Безруч, поет
- Едуард фон Бем-Ермоли, австриски војсководец
- Макс Ешиг, музички издавач во Франција
- Хелмут Нидермејер, австриски стопанственик
- Мартин Опавски, историчар од 13. век
- Јозеф Марија Олбрих, архитект
- Зузана Ондрашкова, тенисерка
- Јохан Пализа, астроном
- Борис Реснер, глумец
- Богдан Слама, филмски режисер
- Павел Сложил, тенисер
- Јосеф Гебауер, историчар
Партнерски градови
уредиГрадот Опава официјално е збратимен со следниве градови:
Наводи
уреди- ↑ Chronologie des civilisations, Jean Delorme, Presses universitaires de France, 1956
- ↑ Ludwig Patryn (ed): Die Ergebnisse der Volkszählung vom 31. Dezember 1910 in Schlesien Архивирано на 18 јули 2011 г., Troppau 1912.
- ↑ Balcar, Vladimír; Havel, Radek; Křídlo, Josef; Pavlíková, Marie; Růžková, Jiřina; Šanda, Robert; Škrabal, Josef (2006). „Историски лексикон на општините во Чешката Република 1869–2005“. Прага: Чешко статистичко биро. стр. 730–731. Отсутно или празно
|url=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „Opavian Silesia“. Архивирано од изворникот на 2016-05-14. Посетено на 2016-10-07.
- ↑ About Silesian Land's Museum (in czech) – "Slezské zemské muzeum je nejstarší muzeum v České republice. Bylo založeno v Opavě 1. května 1814." → "Шлескиот музеј е најстар музеј во Чешка. Тој бил отворен во Опава на 1 мај 1814 година."
Надворешни врски
уреди„Опава“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Вести од Опава
- staraopava.cz Стари разгледници (на чешки)