Население

единки што живеат во заедница или на дадено подрачје

Население во биологијата се подразбира група на единки од ист вид, кои населуваат одреден простор и кои можат меѓусебно да се размножуваат и да даваат потомство.

Распореденост на човечкото население во светот.

Во природата многу ретко можат да се најдат единки кои целиот свој живот го поминуваат одвоено. Единките кои живеат на едно исто подрачје воспоставуваат меѓусебни односи, како и односи со животната средина. На овој начин тие градат систем кој се нарекува население (во биологијата наречено и „популација“). Сите биолошки видови во природата постојат во облик на населенија, при што секој вид е претставен со одреден број во самото население. На пример, население сочинуваат сите глуварчиња на една ливада, диви свињи во една шума, како и лилјаците во една пештера.

Особености

уреди

Секое население е жив и динамичен систем. Таа непрекинато се движи како во просторот, така и во времето. Затоа може да стане збор за динамика на населението, при која под влијание на надворешните и внатрешните (внатре во населението) чинители се менуваат важните особености на населението.

Меѓу најважните одлики на население се:

Густина на населението

уреди

Густината на населението се изразува како број на единки (или нивна биомаса) на единица површина или волумен кој го населуваат. Во текот на времето, бројноста на населенијата значајно се менува во зависност од условите во животната средина. Кога ќе се стабилизираат одредени услови на средината, тогаш бројот на единки во населението може да нарасне до огромни размери, така што густината станува неподнослива, што води до наезда (на пример, на скакулци, губари или некои видови на пеперутки).

Просторен распоред

уреди

Единките од населението се на некој начин распоредени во своето станиште. Тој распоред зависи од условите кои постојат во стаништето. Така, распоредот на единките во просторот може да биде:

  • нерамномерен (случаен)
  • рамномерен
  • групен.

Случаен распоред постои кога условите во стаништето се еднакво поволни (тие се во својот оптимум). Рамномерниот распоред ретко се среќава и се јавува само ако условите на средината се подеднакво оскудни. Бидејќи условите во стаништето се ретко изедначени, најголем број од единките се собираат каде условите се поповолни. Резултат од ова е групниот распоред кој е и најчест во природата.

Родност и смртност

уреди

Родноста (наталитет) претставува зголемување на бројот на единки (полово или бесполово размножување). Тој е позитивен чинител на растот на населението. Можноста за создавање на нови единки е специфичен за секој вид и зависи од условите во животната средина. Некои видови даваат подмладок (потомство) еднаш во годината, други повеќепати, а некои се размножуваат постојано при поволни услови (како бактериите).

Смртноста (морталитет), пак, е негативен чинител на растот на населението. Тој најчесто е резултат од неповолните животни услови во средината (климатски чинители, поплави, пожари, каламитет или наезда од грабливци), но делумно и од антропогеното влијание (лов и риболов).

Старосен состав и бројност на населението

уреди

Старосниот состав го изразува бројот на одделните единки во одреден степен од нивниот развиток. Кога населението е младо, што значи дека во неа доминираат јувенилни единки, населението расте и бројно се зголемува. Доколку таа е стара, поголем број од единките се во своето старо доба, а населението или стагнира или опаѓа (негативен раст).

Поврзано

уреди