Музика

(Пренасочено од Музичар)

Музиката — уметност која се состои од звуци и тишина искажани преку временска единица. Елементи на звукот кои се користат во музиката се интензитетот (вбројува мелодија и хармонија), ритам (вбројува такт и темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура.[1][2][3]

Музика
Слика од Старите Грци која прикажува музичка лекција (ca. 510 BC).
МедиумЗвук
КултураРазни
ЕраПалеолит

Употребата на музиката, во нејзиното создавање, изведба, значение, па и во нејзината дефиниција, варира во зависност од социјалниот и културниот контекст.[4] Таа варира од строго организирани композиции и перформанси до импровизација. За потребите на класификацијата таа е поделена во категории односно родови.

Музиката се користи за многу цели како на пример: Комуникација, религија, академско проучување, естетски форми, забава итн.

Историја на музиката

уреди
 
Флејтата од Дивје Бабе, најстариот познат музички инструмент. Изработена од ивер на пештерска мечка.

Музиката му претходи на пишаниот збор и е тесно поврзана со уникатноста на човековата култура. Развојот на музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на природните звуци како што се песните на птиците и звуците на другите животни. Праисториската музика, или примитивната музика е поим кој се дава на сите музички форми кои настанале пред писменоста на културите.

Античка музика

уреди

Најраните записи на музичко изразување се наоѓаат во Сама Веда во Индија. Индиската музика е една од најстарите музички традиции во светот, а класичната музика (марга) може да се најде во скриптите на Хиндуистичката традиција односно во Ведите. Кинеската традиционална музика е стара повеќе од 3.000 години. Музиката била и важен дел од општествениот живот во Стара Грција. каде што таа се користела за прослави, забави и во религиозни церемонии. Најпрославени биле полово мешаните хорови. Музиката била и дел од основното образование на децата на Старите Грци.

Средновековна и Ренесансна музика

уреди

Музичкиот живот недвосмислено го достигнал својот пик во средновековната ера, како што сведочат безброј пишани и уметнички дела кои се зачувани до ден денешен. Најпозната форма од овој период е литургиската музика на Римокатоличката црква. Голем број на школи за изучување на овој тип на музика постоеле во перодот по 1100 година. Напоредно со школите за овој тип на музика, постоела и жива традиција на секуларна песна која ја развивале трубадурите и веселниците.

Поголем дел од музиката која преживеала од 14 век во Европа е секуларна. До средината на 15 век, композиторите и пејачите, користеле блага полифонија за религиозните музички композиции, како што е на пример миса или лауда. Од секуларните форми застапени се шансоните и мадригалот. Измислувањето на машината на печатење имала огромно влијание врз разновидноста и разликувањето на музичките стилови.

Барокна музика

уреди

Првите опери се напишани околу 1600 година со подигањето на музичките композиции кои го дефинираат крајот на ренесансата и почетокот на Барокната ера која трае до 1750 година. Германските баркони композитори пишувале кратки дела кои се изведувале најчесто на жичени и дрвени инструменти, хорови, оргули, клавикорди итн. За време на оваа ера неколку главни музички форми се дефинирани кои понатаму продолжуваат да се развиваат, како што се на пример Сонатата и Кончертото.

Класична музика

уреди
 
Волфганг Амадеус Моцарт

Музиката од овој период се одликува со хомофонична текстура, овие нови форми тежат кон пеењето. Новите популарни инструменти доминираат во музичките форми, а на сонатата и кончертото им се приклучува и симфонијата. Волфганг Амадеус Моцарт е еден од најпознатите претставници на овој период.

Романтична музика

уреди

Бетовен се смета како транзицион композитор кои водат во периодот на романтизмот. Во романтичниот период музиката станува емотивна и повеќе експресивна, опфаќајќи ја за првпат и литературата и останатите форми на уметност и филозофијата. Композиторите од доцниот романтичен период, создаваат комплексни и долги дела, комбинираат разни стилови и форми, и воопшто ја прават музичката форма многу комплексна.

Импресионистичка музика

уреди

Импресионизмот претставува движење во европската класична музика кое почнува во доцниот 19 век и трае до средината на 20 век. Музичарите во овој период се фокусираат повеќе на сугестијата и атмосферата отколку на емоцијата и на следење на нарацијата. Тие почитуваат кратки форми, како што се Ноктурното и арабеската. Музичкиот импресионизам се појавил во франција, а негови типични претставници се Морис Равел и Клод Дебиси.

Музиката во 20 век

уреди

Музиката доживува револуција во XX век. Со пронаоѓањето на радиото, таа добива на широка популарност, а се развиле нови технологии за снимање и репродукција. Во 20 век, таа се одликува со нова слобода, широко експериментирање и нови музички стилови и правци. По Втората светска војна, напрвин дошло до подем и воопштување на додекафонската техника. Творецот на додекафонската музика, Арнолд Шенберг, ја урнал хиерархијата на тоновите и нив ги направил меѓусебно рамноправни, т.е. им наметнал строга дисциплина така што ниту еден тон во композицијата да не може да се појавува почесто од другите. По Шенберг се појавил Варезе, кој не само што ја укинал тонската скала туку и самиот тон, заменувајќи го со рафинирана организација на бучавата.[5] Следниот значаен чекор во развојот на музиката биле електронската музика и алеаторичната музика која се темели на импровизациата, т.е. на самиот изведувач на музичкото дело му се препушта да го избере редоследот на исполнување на деловите од музичкото дело. На тој начин, настанале музички дела составени од меѓусебно заменливи делови, кои дури може и да се елиминираат, според желбата на изведувачот на делото кој така станал соавтор на делото. На пример, композиторот Кагел создал дела во кои на изведувачот му дозволуваат пауза во траење од две минути во кои тој може да свири нешто што нему му се допаѓа или воопшто да не свири. Слично на тоа, за време на една изведба на „независните музички движења“ на Штокхаузен, изведувањето на делото вклучувало фрлање зеленчук во публиката и капење на пијанистот во поцинкувана када. Како чекор понатаму, во чинот на композицијата Кагел ја вклучил и мимиката. Имено, тој создал дело во кое од изведувачите барал да не ги допираат инструментите и да не произведуваат никаков звук, туку само да прават гестови како навистина да свират.[6]

Големата новина што ја донела електронската музика се состола во тоа што потполно била исклучена личноста на изведувачот на музиката, зашто на музичката лента засекогаш бил фиксиран оригиналот на музичкото дело. Исто така, електронската музика предизвикала големи промени и во однос на создавањето на музиката, бидејќи овозможила да компонираат и лица кои никогаш немале формално музичко образование.[7] Понатаму, во музиката за мали состави биле воведени механички извори на звук (шишиња, удирање по предмети, крикови снимени на лента, итн.), а претходник на таа постапка бил американскиот композитор Џон Кејџ. Паралелно со тоа настанале промени во музичката графија, зашто современите композитори повеќе не морале да го користат класичниот нотен запис, туку партитурите станале пикрографски, т.е. составени со помош на симболи, стрелки, цртички, криптограми итн. Со тоа, читањето на музичките партитури станало невозможно без советот на самиот композитор.[6]

Елементи на музиката

уреди

Според Џил Дорфлес, музичката уметност се состои од четири структурални елементи:[8]

  • мелодија
  • хармонија
  • контрапункт
  • ритам

Теорија на музиката

уреди

Во есејот „Бегство од времето“ од 1958 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале смета дека музиката, за која би се рекло дека е најмалку материјална од сите видови уметности, со текот на времето станала најгломазна, најматеријална од сите начини на уметничкото изразување. Тоа произлегува оттаму што музичките дела живеат во времето единствено низ нивното физичко изразување, кое бара концертни сали, инструменталисти, пејачи, режисери, сценографи и различен помошен персонал.[9]

Германскиот композитор на електронска музика, Штокхаузен, смета дека музиката не треба да го надживее, туку да го преживее својот творец, т.е. идните генерации треба да создадат сопствена музика, а не да го пополнуваат своето време првенствено со стара музика.[10]

Чешкиот писател Милан Кундера смета дека дури и најсложената музика сè уште е говор. Тој смета дека историјата на музиката е завршена, иако денес има многу повеќе музика отколку во нејзината најславна ера. Меѓутоа, денес, од музиката остана само стереотипна хармонија, банална мелодија и монотон ритам, а тоа е вечноста на музиката. Причината за таквата судбина на музиката лежи во тоа што во тие едноставни комбинации на ноти можат да се обединат сите луѓе во нивната согласност со постоењето. Кундера смета дека постои некоја „почетна состојба на музиката“ која е постара од нејзината историја, а тоа е состојба на првото поставување на прашањата, состојба пред првото размислување, пред почетокот на играњето со мотивот и со темата. Во таа почетна состојба на музиката (музика без размислување) е одразена супстанцијалната глупост на човековото постоење. Според него, денес, музиката се вратила на оваа почетна состојба (која тој ја нарекува „идиотизма на музиката“ или „идиотизам на гитарата“) која претставува состојба по последното размислување, сосотјба по историјата.[11]

Современата музика целосно го менува прашањето на нејзиното оценување. Во тој поглед, филозофот Армандо Плебе смета дека кај музиката е можно да се прави само техничко-акустично оценување, додека секоја друга оцена би била дрскост. На тој начин, од интерес на критиката би бил само развојот на разни музички граматики.

Музиката како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Музиката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Музиката како тема во книжевноста

уреди

Музиката како тема во популарната музика

уреди
  • „Необична музика“ (англиски: Peculiar Music) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts) од 1981 година.[24]
  • „Звукот на музиката“ (англиски: Sound of music) — музилки албум на Адиктс од 1982 година.[25]
  • „Поинаква музика во различна кујна“ (англиски: Another music in a different kitchen) — песна на англиската панк-група Базкокс (Buzzcocks) од 1978 година.[26]
  • „Музика од гетото“ (англиски: Ghetto Music) — песна на американската хип-хоп група Буги даун продакшнс (Boogie Down Productions) од 1989 година.[27]
  • „Ова е музика“ (англиски: This Is Music) — песна на англиската рок-група The Verve од 1995 година.[28]
  • „Пушти малку музика“ (англиски: Turn some music) — песна на американскиот соул музичар Марвин Геј (Marvin Gaye) од 1982 година.[29]
  • „Ноќна музика“ (англиски: Nightmusic) — песна на канадската музичарка Grimes од 2011 година.[30]
  • „Вечна музика“ (англиски: Musica Eternal) — песна на британската музичка група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.[31]
  • „Музиката и политиката“ (англиски: Music And Politics) — песна на американската рап-група The Disposable Heroes Of Hiphoprisy од 1992 година.[32]
  • „Кога музиката е завршена“ (англиски: When the music's over) — песна на американската рок-група Дорс од 1967 година.[33]
  • „Музички масакр“ (англиски: Musical Massacre) — песна на американската хип-хоп група Eric B. & Rakim од 1988 година.[34]
  • „Музика за навечер“ (англиски: Music For Evenings) — песна на британската рок-група Young Marble Giants од 1980 година.[35]
  • „Слатка музика“ (англиски: Sweet music) — песна на британската рок-група Јардбрдс (Yardbirds).[36]
  • „Кога музиката би зборувала“ (англиски: If Music Could Talk) — песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.[37]
  • „Музика за немузичари“ (англиски: Music For No Musicians) — песна на британската музичка група Колдкат (Coldcut) од 1997 година.[38]
  • „Музиката е љубов“ (англиски: Music Is Love) — песна на американскиот рок-музичар Дејвид Крозби (David Crosby) од 1971 година.[39]
  • „Музика кога ќе се изгаснат светилките“ (англиски: Music When The Lights Go Out) — песна на британската рок-група Либертајнс (The Libertines) од 2004 година.[40]
  • „Музика“ (Musik) — музички албум на канадскиот техно-музичар Пластикмен (Plastikman) од 1994 година.[41]
  • „Музика“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2017 година.[42]
  • „Мразам музика“ (англиски: I Hate Music) — песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1981 година.[43]
  • „Добра музика“ (англиски: Good Music) — песна на американската хип-хоп Рутс (The Roots) од 1993 година.[44]
  • „Музика за пешачење до дома“ (англиски: Music To Walk Home By) — песна на австралиската рок-група Tame Impala од 2012 година.[45]
  • „Страв од музиката“ (англиски: Fear of Music) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1979 година.[46]
  • „Музичка сцена“ (англиски: Music Scene) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1979 година.[47]
  • „Изгубен во музиката“ (Lost In Music) — песна на британската рок-група Фол од 1993 година.[48]
  • „Засвирете ми чалгии“ — фолк песна на македонскиот фолк пејач и композитор Јонче Христовски.[49]
  • „Музика за последниот пар“ (Music For The Last Couple) — песна на британската рок-група Џем (The Jam) од 1980 година.[50]

Музиката како тема во филмот

уреди

Поврзано

уреди

Список на музичари

Наводи

уреди
  1. OED, § 1.
  2. AHD, § 1.
  3. Epperson 2022, § para. 1.
  4. Mithen 2005, стр. 26–27.
  5. Milan Kundera, Knjiga smijeha i zaborava. Beograd: Veselin Masleša, 1984, стр. 191.
  6. 6,0 6,1 Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 144-145.
  7. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 115 и 142-143.
  8. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 146-147.
  9. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 111-112.
  10. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 145.
  11. Milan Kundera, Knjiga smijeha i zaborava. Beograd: Veselin Masleša, 1984, стр. 191-192.
  12. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 189.
  13. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 33.
  14. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 185-191.
  15. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 206.
  16. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 268-269.
  17. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 212.
  18. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 26.
  19. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 8-9.
  20. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 33.
  21. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 254-255.
  22. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 137-138.
  23. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 197-202.
  24. DISCOGS, The Adicts – Songs Of Praise (пристапено на 16.4.2022)
  25. YouTube, The Adicts - Sounds of music (Full album) (пристапено на 28.12.2016)
  26. YouTube, Buzzcocks Another Music in a Different Kitchen (1978) (пристапено на 8.2.2017)
  27. DISCOGS, oogie Down Productions ‎– Ghetto Music: The Blueprint Of Hip Hop (пристапено на 2 јули 2021)
  28. The Verve – A Northern Soul (пристапено на 7.4.2024)
  29. YouTube, Turn On Some Music ✧ Marvin Gaye (пристапено на 30.6.2017)
  30. Discogs, Grimes (4) ‎– Visions (пристапено на 15.4.2021)
  31. Discogs, Dead Can Dance ‎– Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020)
  32. Discogs, The Disposable Heroes Of Hiphoprisy – Hypocrisy Is The Greatest Luxury (пристапено на 8.10.2021)
  33. The Doors, Strange Days, Elektra/Asulum Records, 7559-74014-2, 1975.
  34. Discogs, Eric B. & Rakim – Follow The Leader (пристапено на 7.10.2022)
  35. Young Marble Giants – Colossal Youth (пристапено на 26.2.2024)
  36. YouTube, Yardbirds - For Your Love (Full Album) (пристапено на 7.4.2019)
  37. DISCOGS, The Clash ‎– Sandinista! (пристапено на 10.6.2020)
  38. Coldcut – Let Us Play! (пристапено на 25.5.2022)
  39. YouTube, David Crosby - 01 - Music Is Love (by EarpJohn) (пристапено на 28.3.2020)
  40. The Libertines – The Libertines (пристапено на 17.2.223)
  41. DISCOGS, Plastikman ‎– Musik (пристапено на 17.2.2021)
  42. „www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-15. Посетено на 2017-12-03.
  43. YouTube, The Replacements - Sorry Ma, Forgot To Take...1981 (Full Album 2002)US (пристапено на 12.6.2017)
  44. The Roots – Organix (пристапено на 31.1.2024)
  45. DISCOGS, Tame Impala – Lonerism (пристапено на 4.4.2021)
  46. YouTube, Talking Heads - Fear of Music (пристапено на 15.1.2017)
  47. YouTube, The Fall - Live At The Witch Trials (1979) † (full album) (пристапено на 29.6.2017)
  48. DISCOGS, The Fall ‎– The Infotainment Scan (пристапено на 22.10.2020)
  49. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
  50. Discogs, The Jam – Sound Affects (пристапено на 27.2.2021)
  51. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 83.

Користена литература

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • Colles, Henry Cope (1978). The Growth of Music : A Study in Musical History, 4th ed., London ; New York : Oxford University Press. ISBN 0-19-316116-8 (1913 edition online at Google Books)
  • Harwood, Dane (1976). "Universals in Music: A Perspective from Cognitive Psychology," Ethnomusicology 20, no. 3:521–33.
  • Small, Christopher (1977). Music, Society, Education. John Calder Publishers, London. ISBN 0-7145-3614-8

Надворешни врски

уреди