Мочуриште или блатовлажно подрачје со шумска растителност.[1] Многу мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој.[2] Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера.[3] Некои имаат изолирани делчиња со нормална растителност, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања.[4] Постојат два вида на мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно мочуриште може да биде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго.[5]

Мочуриште кај езерото Селигер, Русија.
Мочуриште во Сидел, Луизијана, САД

Геологија

уреди

Одлика на мочуриштето е застојаноста на водата[6] или многу бавен проток. Под извесни околности, мочуриштата можат да се создадат и од самите реки. Друга одлика за мочуриштата е тоа што се присутни во мошне низок топографски релјеф.

Одводнување

уреди

Исцедувањето или мелиорација е начин на отстранување на мочуриштата со цел да се претворат во обработливо земјиште или пак за да се заштити населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти.[7] Човекот во минатото ги исцедувал мочуриштата и за сеча на дрва. Европа има изгубено половина од мочуриштата,[7] додека пак во Нов Зеланд се уништени цели 90%.[8]

Денес постои свест за еколошката важност на мочуриштата: живеалиште за рибите, констрола на поплавувањата, пречистување на водата, складирање на јаглеродот и како дом за разновидни животни и растенија.[9] Во разни краишта во светот, мочуриштата денес се заштитени и постојат големи потфати за нивно обновување.[2][10]

Мочуриштата во Македонија

уреди
 
Поглед на Моноспитовското Блато

Во минатото Македонија имала разни богати мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско[11] и Студенчиште.[12] Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха[13]

Денес поважни мочуришта се Катлановското, Моноспитовското и Белчишкото Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.

Список на поважни мочуришта

уреди
Список на поважни мочуришта во Македонија[14]
Мочуриште Место Белешки Координати
Белчишко Блато со Сини Вирој Белчишта, Дебрца
Катлановско Блато Катланово, Петровец
Моноспитовско Блато Моноспитово, Босилово
Кундинско Езеро Кундино, Пробиштип
Мездра и Ѓерам Мездра, Свети Николе
Мокро и Суво Езеро Страцин, Кратово замочурени езера на Козјак
блата Ченгино Кале - Клепало Ченгино Кале, Берово под Малешевските Пл.
Еленско Блато на Буковик кај Пехчево меѓу Кадиица и Малешевски Пл.
Студенчишко Блато Студенчишта, Охрид
Струшко Блато Радолишта, Струга крај Охридското Езеро
Слана Бара Царев Врв, Крива Паланка тресетиште на Осоговските Пл.
Кравја Млака на Караорман, Дебрца
Стењско Блато Стење, Преспа

Мочуриштето како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Мочуришна земја“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[15]
  • „Мочуриште“ (англиски: Swamp) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1983 година.[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Keddy, P.A. 2010. Wetland Ecology: Principles and Conservation (II изд). Cambridge University Press, Cambridge, UK. 497 p.
  2. 2,0 2,1 Hughes, F.M.R. (ed.). 2003. The Flooded Forest: Guidance for policy makers and river managers in Europe on the restoration of floodplain forests. FLOBAR2, Department of Geography, University of Cambridge, Cambridge, UK. 96 p.
  3. Wilcox, D.A, Thompson, T.A., Booth, R.K. and Nicholas, J.R. 2007. Lake-level variability and water availability in the Great Lakes. USGS Circular 1311. 25 p.
  4. SwampUSGS
  5. Keddy, P.A., L.H. Fraser, A.I. Solomeshch, W.J. Junk, D.R. Campbell, M.T.K. Arroyo and C.J.R. Alho. 2009. Wet and wonderful: the world’s largest wetlands are conservation priorities. BioScience 59: 39-51.
  6. „мочуриште“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  7. 7,0 7,1 Dugan, P. (ed.) 2005. Guide to Wetlands. Buffalo, New York. Firefly Books. 304 p.
  8. Peters, M. and Clarkson, B. 2010. Wetland Restoration: A Handbook for New Zealand Freshwater Systems. Manaaki Whenua Press, Lincoln, N.Z. ISBN 978-0-478-34707-4 (online)
  9. Keddy, P.A. 2010. Wetland Ecology: Principles and Conservation (2nd edition). Cambridge University Press, Cambridge, UK. 497 p. Chapter 11.
  10. Environment Canada. 2004. How Much Habitat is Enough? A Framework for Guiding Habitat Rehabilitation in Great Lakes Areas of Concern. 2nd ed. 81 p.
  11. „Втор национален извештај кон конвенцијата за климатски промени: Сектор „Биодиверзитет" (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-08-28. Посетено на 2013-06-27.
  12. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Блатна (мочуришна) вегетација во Република Македонија“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  13. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мелиорација на почвата“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  14. Маркоски, Б.; и др. (2016). Национална стратегија за заштита на природата (2017-2027) (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 258. ISBN 978-9989-110-91-7.М.&rft.au=Милевски, И.&rft.au=Матевски, В.&rft.au=Меловски, Љ.&rft.au=Поповска, Ц.&rft.au=Христовски, С.&rft_id=http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf&rfr_id=info:sid/mk.wikipedia.org:Мочуриште" class="Z3988">
  15. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 28-29.
  16. DISCOGS, Talking Heads – Speaking In Tongues (пристапено на 8.1.2022)

Надворешни врски

уреди