Монета
Монета или кованица - првобитно се однесувало на епитетот на римската божица Јунона. Јунона Монета ("Спасителка") имала храм на Капитол во Рим кој бил подигнат околу 344 г. пр. н.е. Подоцна овој храм станал дом на римската ковница, па од таму зборот монета почнува да се користи со значење на ковани пари.
Првите пари, онакви какви што денес ги знаеме (метално парче ковано со калап на кој претходно биле изгравирани знаци) се појавиле во малоазиска Лидија во VII век пр. н.е. Нивната употреба многу брзо се раширила низ средоземниот простор. Со појавата на парите животот на луѓето бил поедноставен од многу аспекти, иако според одредени верувања тие се воведени единствено за да се поедностави плаќањето на обврските кон државата.