Малкоец
Малкоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Малкоец | |
Поглед на селото | |
Координати 41°27′34″N 20°48′35″E / 41.48634° СГШ; 20.80972° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12043 |
Надм. вис. | 905 м |
Малкоец на општинската карта Атарот на Малкоец во рамките на општината | |
Малкоец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на левата страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат лево од патот Кичево-Охрид, недалеку од соседното поголемо село Попоец. Атарот на селото се наоѓа главно на планински терен.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Арамиска Падина, Краста, Малевица, Клокотарица, Завоји, Кутел и други.[3]
Селото е од збиен тип.[3]
Селото Малкоец се наоѓа во областа Горна Копачка, оддалечено 17 километри југозападно од Кичево.
Историја
уредиПо народното предание, Малкоец е основано кога и соседното село Попоец, односно во втората половина на XVIII век.[3]
Основачот на Малкоец има исто потекло како основачот на соседното село Попоец, од сливот на Црн Дрим.[3]
Во XIX век, Малкоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Жителите на селото многу страдале од непријателите во текот на Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 715 хектари, на пасиштата отпаѓаат 236 хектари, а на обработливото земјиште 105 хектари.[2]
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малкоец имало 120 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Малкоец имало 200 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Малкоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[6]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[7]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
26 | 15 | 7 | 0 | 7 | 92 | 98 | 190 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Малкоец е мало село, кое што во 1961 година имало 290 жители, а во 1994 година 43 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Малкоец живееле 35 жители, од кои 33 Македонци и 2 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 7 Македонци, 1 Србин и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 200 | 258 | 282 | 290 | 219 | 118 | 59 | 43 | 35 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиСелото Малкоец го основал братот на попот, кој го основал селото Попоец. Тоа било крајот на XVIII век и цело село потекнува од братот на попот, Мале, по кого селото го добило името Малкоец.[3]
Во селото е само еден род: Малевци, единствениот род во селото кој има 51 куќа.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Малевци (45 к.), по потекло од Клење во Голо Брдо и слават Свети Никола. Веќе се венчаваат помеѓу себе, што значи дека се поминати 7 генерации.[15]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Малкоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец и Попоец.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0773 според Државната изборна комисија, сместено во културниот дом.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[19]
Личности
уреди- Родени во Малкоец
- Темелко Јованов Стојаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Андре Дамјаноски (1895-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Славко Јованоски (1902-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Соколе Јованоски (1912-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Наќе Крстески (1912-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Петраќија Маркоски (1920-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Милко Митрески (1920-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ристо Митрески (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Аце Ристески (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Аритон Силјаноски (1905-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Дејан Стојаноски (1919-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стојан Стојаноски (1893-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Тренко Стојаноски (1926-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Илија Сталески (1914-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ратко Трајаноски (1927-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ѓуро Митрески (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[21]
- Црква „Св. Недела“ — главна селска црква.
Иселеништво
уредиПо Втората светска војна се појавиле поединечни иселувања од Малкоец. Едни иселеници отишле во Староец, додека пет семејства биле колонизирани во селото Јабука кај Панчево.[3]
Галерија
уреди-
Сретселото
-
Спомен-чешма од НОБ
-
Пат кон селото Малкоец
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 189. Посетено на 11 февруари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 89–90.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 февруари 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 февруари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 11 февруари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 11 февруари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 877–882.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.