Македонски документ
Македонски документ (англиски: Macedonian document step 1) - рок-албум (компилација од 14 песни на разни македонски изведувачи), објавен од издавачката куќа „Трот“ во 1994 година.
Содржина
уредиАлбумот содржи 14 песни:[1]
- Падот на Византија, „Сепак истата состојба“ (мај 1985)
- Badmingtons, „Сите обични луѓе“ (мај 1984)
- Anstasia, „Давидова харфа“ (април 1990)
- Vermilion Deviate, „Криза“ (април 1992)
- Кисмет, „Heaven in Asia“ (јануари 1993)
- Fresh, „Revolution (април 1991)
- Seth, „Мирна“ (септември 1992)
- Архангел, „Сениште“ (септември 1989)
- Lola V. Stain, „Афионови полиња“ (февруари 1988)
- Нора, „Dear Prudence“ (јануари 1994)
- Don't! Who? One., „Ugly Children From Ugly Parents“ (мај 1994)
- Green Grass Dreams, „2 m. Underground“ (февруари 1991)
- Cyborg, „Waiting No More“ (февруари 1992)
- Suns, „Дваца“ (февруари 1992)
Информации за албумот
уредиАлбумот е објавен како прво издание на издавачката куќа „ТРОТ“. Неговото издавање го подготвило музичкото списание „Тротоар“, а со финансиска помош од Фондот отворено општество на Македонија. Инженер на звукот бил Бојан Угриновски, автор на фотографијата на обвивката е Киро Галевски.[1]