Костурино
Костурино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Костурино | |
Домот на културата во Костурино | |
Координати 41°21′25″N 22°36′33″E / 41.35694° СГШ; 22.60917° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 895 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2413 |
Шифра на КО | 27035, 27535 |
Надм. вис. | 440 мнв м |
Костурино на општинската карта Атарот на Костурино во рамките на општината | |
Костурино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКостурино се наоѓа во Струмичкото Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.
Надморската височина во селото е 440 метри а површината на селото изнесува 2.455 ха.
Селот се граничи со Три Води, Мемешли, Орманли, Злешево, Чепели, Раборци, Раброво.
Историја
уредиОсманлиски период
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Костурино се состоело од 102 семејства и 330 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 790 жители Македонци[2][4].
Во текот на т.н. афера Мис Стон, селото било посетено од страна на Гоце Делчев, каде се сретнал со Андон Ќосето и Иван Манолев[5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 936 Македонци и 5 Грци, и работело егзархиско училиште[2][6].
Југословенски период
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.
Стопанство
уредиПретежно занимање на населението е zемјоделие, sточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 575 ха[7].
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Албанци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.280 жители, од кои 1.276 Македонци, 1 Турчин, 2 Срби и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 895 жители, од кои 803 Македонци, 4 Албанци, 2 Срби, 3 останати и 83 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 790 | 941 | 1.069 | 1.173 | 1.403 | 1.626 | 1.530 | 1.403 | 1.235 | 1.280 | 895 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
уреди- Подрачно основно училиште Даме Груев
- Амбуланта
- Пошта
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 1830 и 1831 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Димитриј“, православен храм.
- Василица Чука, археолошко наоѓалиште од хеленистичко и римско време.
- Прогон, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и старохристијанско време.
- Растурен Брег, археолошко наоѓалиште од средновековно време.
- Орниче, археолошко наоѓалиште од неолитско време.
Редовни настани
уредиПеливанско борење кое се одржуваа по поводот Петровден на 12 јули секоја година
Личности
уредид-р Јанко Бачев, доктор на правни науки, универзитетски професор по меѓународно право и претседател на партијата Единствена Македонија (претходно Народно движење за Македонија)
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help) - ↑ „Пеливаните од Костурино биле страв и за Османлиите“. .vest.com.mk. Посетено на 2013-05-05.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Костурино“ на Ризницата ? |