Кирилични бројкиброен систем на основа на старословенската кирилица, употребувана кај јужните и источните Словени, вклучувајќи ја Македонија. Овој систем се употребувал во Русија сѐ до 1700-тите кога Петар Велики ја заменил со индоарапскиот броен систем.[1][2]

Часовник со кирилични бројки на кула во Бигорскиот манастир.
Бројни системи кај разни
народи и култури
Индоарапски броеви
Западноарапски • Источноарапски
Бенгалски • Гуџаратски • Гурмухски • Деваганарски (Индиски) • Синхалски • Тамилски
Балиски • Бурмански • Ѕонгкански (Бутански) • Јавански • Кмерски • Лаоски • Монголски • Тајландски
Источноазиски броеви
Виетнамски
Јапонски
Кинески
(Суџојски)
Корејски
Стапчиња
Хокиенски
Азбучни броеви
Абџадски
Арјабатини
Гиски (Етиопски)
Грузиски
Грчки
Ерменски
Кирилични
Римски
Хебрејски
Други системи
Атички
Брамански
Вавилонски
Глаголични
Егејски
Египетски
Етрурски
Инуитски
Кипу
Кхаростенски
Мајански
Муискански
Поле со урни
Праисториски
Чувашки
Десетични (10)
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе…

Системот бил квазидекаден, заснован на јонскиот броен систем и се пишувал со соодветни графеми од кирилицата. Секоја единица (1, 2, ... 9) имала своја буква, како и секоја десетка (10, 20, ... 90) и секоја стотка (100, 200, ... 900). Броевите се запшишувале од лево на десно со исклучок на броевите од 11 до 19. Тие биле пишувани од десно на лево. Броевите се разликувале од текстот по тоа што врз нив се придодавало титло. Доколку бројот бил поголем од 1000, бил употребуван знакот за илјадници се пишувал пред бројката ҂ и по него се пишувал бројот на илјадницните со соодветните букви.


Примери:

  • — 1706
  • — 7118 година по библиски стил, еднаква на 1610 н.е.)

Глаголичните броеви работеле на сличен принцип, освен тоа што бројките се пишувале по глаголскиот азбучен ред, а не по ред преземен од грчкото писмо.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Chrisomalis, Stephen (2010). Numerical Notation: A Comparative History. Cambridge, England: Cambridge University Press. стр. 180–182. ISBN 978-1-139-48533-3. Посетено на 2016-12-28.
  2. Yefimov, Vladimir (2002), „Civil Type and Kis Cyrillic“, Во Berry, John D. (уред.), Language Culture Type: International Type Design in the Age of Unicode, New York City: Graphis Press, стр. 369–147, ISBN 978-1932026016, Посетено на 2017-01-02