Катерина Коцевска
македонска актерка
Катерина Коцевска (родена на 11 април 1959 во Скопје) — македонска театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1982 година во класата на професорот Вукан Диневски. Од 1983 година, таа станала член на ансамблот на Драмски театар - Скопје. Од тогаш остварила бројни главни и споредни улоги во претстави на Драмскиот театар, но и во другите театарски установи во Македонија. Од 2019 до 2023 година, таа била директор на Драмски театар - Скопје.
Катерина Коцевска | ||
Родена | 11 април 1959 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогите во: Викенд на мртовци Хихирику Салон Хармони Пред дождот Самоуништување Турни ме да Кинисам Од зад грб Македонски народни приказни | |
Занимање | глумица |
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1983 | Записник ТВ-филм | |
1984 | Исчекување ТВ-филм | |
1984 | Хихирику - 5 години ТВ-филм | |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | |
1985 | На наш начин ТВ-серија | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | Марија |
1987 | Хај-фај ТВ-серија | |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | |
1987-1989 | Трст виа Скопје ТВ-серија | |
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Медицинска сестра |
1988 | Чук, чук Стојанче ТВ-серија | |
1989-1990 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | Гена |
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-серија | Мица |
1990-1991 | Еурека ТВ-серија | Секретарката |
1991 | Македонија може ТВ-филм | Зора |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-серија | Сигма |
1991 | Стрес или погрешна нота ТВ-серија | |
1992 | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | |
1992 | Хераклеа по втор пат ТВ-филм | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | Кате |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1996 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1996 | Самоуништување ТВ-филм | Стојна |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | Сваќата |
1999 | Хихирику Радио-емисија | |
2000 | Вета ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2000 | Стрес или погрешна нота ТВ-филм | Ели |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | Кралицата |
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | Цутика |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Мајка на Ице |
2004 | Хихирику Радио-емисија | |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | |
2010-2012 | Македонски стари приказни ТВ-серија | |
2011 | Турни ме да Кинисам ТВ-серија | Благородна |
2015 | Три дена во септември ТВ-филм | |
2018 | Сонуваат за крв и душа ТВ-филм | Судија |
2019 | Дедо и внук ТВ-филм | Катерина |
2019 | Скопје 2020 ТВ-филм | Доктор |
2022 | Снежана на крајот умира ТВ-филм | Славка |
2023 | Бизнисот на задоволството ТВ-филм | Надежда |
Театарски претстави
уреди- Еригон, од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, 1982
- Хај фај од Горан Стефановски, р. Љ. Георгиевски
- Карамазови од Душан ЈовановиЌ, р. Паоло Маѓели
- Р..
- Салома
- Тетовирани души
- Mалата сирена
- Закопаното дете
- Смртта на Дантон
- Стапица
- Собирен центар
- Медеја
- Ало будење
- Чија си
- Не сега драга
- Питачка опера
- Нашиот непрежален од 2007 година, освен како глумец се појавува и како автор на текстот, под псевдоним.
- Солунски патрдии
- Хамлет
- Како да ја убиеш сопругата и зошто
Награди
уреди- Награда на ССММ за улогата на Мира
- Награда „Војдан Чернодрински“ за најдобра глумица
- Награда за најдобро глумечко остварување „Војдан Чернодрински“, 1984
- Награда на фестивалот на Југословенскиот театар Сараево, за најдобра млада глумица во Југославија, 1985
- Награда за извонредна глумечка двојка во претставата „Брачна игра“, за време на Сеукраинскиот фестивал „Тернопилски вечери“, Тернопил, Украина, 2003
- Награда од публиката за најдобро глумечко остварување за улогата на ликот Илиен во претставата „Брачна игра“, 2005
ТВ и Радио улоги
уреди- Записник, тв драма, а потоа серија
- Хераклеја по вторпат, ТВ филм
- Исчекување, ТВ филм
- Ѕвездите на 42, ТВ филм
- Дивеч за одстрел, ТВ филм
- Обични луѓе, ТВ серија
- Хихирику, Радио серија
- Во светот на бајките, ТВ серија
- Македонски народни приказни, ТВ серија
- Трст виа Скопје, ТВ серија
Филмски улоги
уреди- П, Филм
- Пред дождот, Филм, режија Милчо Манчевски
- Викенд на мртовци, Филм режија Коле Ангеловски
- Вријеме ратника, режија Дејан Шорак
- Самоуништување, режија на Ербил Алтанај
- Вета, режија Теона Митевска
Надворешни врски
уреди- Катерина Коцевска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)