Зајас
Зајас — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево. До 2013 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.
Зајас | |
Координати 41°36′25″N 20°56′17″E / 41.60694° СГШ; 20.93806° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 2.567 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6253 |
Шифра на КО | 12022, 12522 |
Надм. вис. | 755 м |
Зајас на општинската карта Атарот на Зајас во рамките на општината | |
Зајас на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЗајас се наоѓа во северниот дел на областа Кичевија, на 10 километри северно од Кичево. Селото се наоѓа крај Зајаска Река. Името на селото на месниот дијалект е Зајаз (Zajaz).
Потекло на името
уредиСе смета дека името на селото доаѓа од долот (јазот) во кој се плакнело железото, а селото се наоѓало зад, па така е наречено зајаз, денес Зајас.
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 70 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Албанците во селото се населиле во XVIII век[3]. Изворното население на Зајас било христијанско. Околу 1740 г. селото е албанизирано со населување или исламизација. Населените Албанци ги нападнале околните православни села и ги колонизирале. Такви се Црвивци, Бериково, Трапчин Дол и други[4][4] К’нчов забележал дека во селото во 1900 година имало 2.150 жители Албанци.[5] Слични ставови имал и рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.750 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 г. во Зајас живееле вкупно 4.712 жители[8], од кои:
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.567 жители, од кои 1 Македонец, 2.449 Албанци и 117 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.150 | — | 1.869 | 2.109 | 2.343 | 2.829 | 3.571 | 14 | 3.883 | 4.712 | 2.567 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиКако едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Думовци, Џаковци, Лимановци и Браовци, сите заедно имаат околу 240 куќи. Доселени се од споменатата област Мат (во северна Албанија) кон крајот на 18 век.[14]
Зајас е албанско село.
Родови во селото се:
- Во Џума маалото се следните родови: Думовци, Лановци, Џаковци, Лимановци, Браовци, сите имаат околу (240 к.) куќи. Предците на споменатите родови се доселиле кон крајот на XVIII век. Во родот Думовци се знае следното родословие: Мустафа (жив на 51 г. во 1961 година) Асан-Муарем-Реџеп-Садик-Муарем, основачот на родот кој се доселил.
- Во Теќе маалото се следните родови: Томај, Јаовци, Пирковци и Коџовци, сите заедно имаат (117 к.), предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во родот Пирковци се знае следното родословие: Медија (жив на 62 г. во 1961 година) Велија-Усејин-Велија-Усејин, се доселил таткото на Усејин.
- Во Челиковци маалото е родот Челиковци (40 к.) основачот на родот е доселен кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век.
- Во Туфковци маалото е родот (10 к.) основачот на родот е доселен кога и другите родови.
Сите албански родови имаат потекло од областа Матија во Албанија.[15]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 814, 815, 816, 816/1 и 819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.171 гласач.[17]
Личности
уреди- Али Ахмети — политичар, водач на ДУИ
- Муса Џафери — политичар од ДУИ
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.266
- ↑ Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 95
- ↑ 4,0 4,1 „Димитрије Богдановић: „Књига о Косову", Београд 1986“. Архивирано од изворникот на 2007-09-10. Посетено на 2012-11-20.
- ↑ Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 255
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Зајас на Карти на Гугл