Глицериј бил цар на Западното Римско Царство од 473 до 474 година. Не постојат многу податоци за неговиот живот[1]. Подоцна станал и епископ. Неговото владеење го одложило за некое време пропаѓањето на царството. Кога остроготите ги поставиле своите трупи во Италија во 473 година, Глицериј и неговата војска успеала да се одбрани од тој напад. Тој во суштина владеел само над Северна Италија. Без разлика на овој успех, Лав I не го признавал за цар на западот, па така го заменил со Јулиј Непот, заробувајќи го во Далмација. По ова, тој станал епископ.

Глицериј
Роден 420
Починал по 480

Наводи

уреди
  1. MacGeorge 2002, стр. 272.