Време на Антарктикот
Антарктикот лежи на секој меридијан бидејќи на него се наоѓа Јужниот Пол во кој сите тие се среќаваат. Теоретски ова значи дека Антарктикот би бил во сите часовни појаси; меѓутоа, подрачјата јужно од Јужниот Поларник имаат екстремни дневно-ноќни циклуси околу јунскиот и декемврискиот сонцестој, што го отежнува одредувањето на соодветен часовен појас. Од практични причини, појасите обично се водат според територијалните претенденти; од друга страна, многу станици го користат времето на земјите кои ги поседуваат, или на земјите што ги снабдуваат (на пр. Мекмердо и Амундсен–Скот користат новозеландско време бидејќи главната база за залихи им е во Крајстчерч, Нов Зеланд).[1] Станиците кои се физички блиску се водат во различни појаси бидејќи припаѓаат на различни земји. Многу краишта немаат часовни појаси бидејќи немаат дури ни привремено населени места. Таму едноставно важи UTC.[2]
Часовни појаси
уредиОва се времињата во часовните појаси според нивниот запис во базите zone.tab и tz. Ова се однесува само на трајно населените станици. Некои летни станици може да следат поинакво време.
Државен код* | Координати* | Назив на појасот* | Забелешка* | Отстапување | Подрачје | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Стандардно време | ЛСВ | ||||||
AQ | −6448−06406 | Антарктик/Палмер | Палмер | −03:00 | не | Палмерова Земја | |
AQ | −6734−06808 | Антарктик/Ротера | Ротера | −03:00 | не | Греамова Земја | |
AQ | −720041 0023206 | Антарктик/Трол | Трол | 00:00[3] | 02:00 | Земја на Кралицата Мод | |
AQ | −690022 0393524 | Антарктик/Шова | Шова | 03:00 | не | Земја на Кралицата Мод, Ендербиева Земја | |
AQ | −6736 06253 | Антарктик/Мосон | Мосон | 05:00 | не | Мак. Робертсонова Земја | |
AQ | −7824 10654 | Антарктик/Восток | Восток | 06:00 | не | Копнен Антарктик, Земја на Кралицата Мод | |
AQ | −6835 07758 | Антарктик/Дејвис | Дејвис | 07:00 | не | Вилксова Земја | |
AQ | −6617 11031 | Антарктик/Кејси | Кејси | 11:00 | 08:00[4] | Вилксова Земја | |
AQ | −6640 14001 | Антарктик/ДимонДирвил | Димон-Дирвил | 10:00 | не | Аделина Земја, Викториина Земја | |
AU | −5430 15857 | Антарктик/Маквори | Остров Маквори | 10:00 | 11:00 | Остров Маквори | |
AQ | −7750 16636 | Антарктик/Мекмердо | Новозеландско време - Мекмердо, Јужен Пол | 12:00 | 13:00 | Росова Зависност | |
AQ | Антарктик/Јужен_Пол | 12:00 | 13:00 | Јужен Пол |
Координатите се однесуваат на географска ширина и должина, а за секоја од нив има по 2 до 3 цифри за степени, 2 цифри за минути и кај некои, по 2 цифри за секунди.
Летно сметање на времето
уредиЛетното сметање на времето (ЛСВ) во голема мера не се користи на Антарктикот бидејќи 95 % од континентот се наоѓа јужно од Јужниот Поларник. Поради присуството на полноќното сонце, летното време е излишно, и само дополнително би го усложнило општењето со земјите кои полагаат право на подрачјата.
Сепак, неколку области како Росовата Зависност, а порано и Палмерова Земја, го следат летното време како што се смета во земјите од кои добиваат залихи — Нов Зеланд и Чиле.[1] Станува збор зе летото на јужната полутопка (обратно од северната), на која се наоѓаат овие две земји.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Local Time → Antarctica @ Time Genie“. Timegenie.com. Посетено на 24 јули 2013.
- ↑ „Current local time in Antarctica – South Pole“. Timeanddate.com. 7 април 2013. Посетено на 24 јули 2013.
- ↑ Forskingsstasjonen Troll (Norwegian Polar Institute) (The Norwegian text under the webcamera says "The time zone where Troll is located, UTC 0, is 1 hours behind Norwegian time". Contacts with the Norwegian Polar Institute has revealed that they use UTC 2 (Norwegian DST) during the dark winter, for communication simplicity, since no airplanes fly anyway then)
- ↑ „Time Zone & Clock Changes in Casey, Antarctica“.
Надворешни врски
уреди- Претензии врз Антарктикот (англиски)
- Циклусот ден-ноќ (англиски)