Википедија:Агитирање

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:АГИТИРАЊЕ
Најважното од страницава: За да се избегне нарушување на консензус и неговото градење на Википедија, корисниците реба да даваат мали коментари, да бидат неутрални и да не ги избираат примачите на пораките според новното убедување.

Агитирање е праќање пораки на повеќе википедијанци со намера да ги известат за одредена дискусија која се одвива на Википедија. Под одредени услови тоа е прифатливо, но пораките што се напишани за да влијаат на резултатот на дискусијата одошто на подобрување на квалитетот на разговорот може да се сметаат нарушувачки.

На следнава табела се гледа кога известувањата се сметаат за прифатливи и соодветни или неприфатливи.

  Скала   Порака   Публика   Транспарентност
Пријателски известувања Ограничени постирања и Неутрално и Непартиски и Отворено
Несоодветно агитирање Масовно постирање или Нарушувачки или пристрасно или Партиски или Тајно
Термин Прекубројно постирање   Кампањско агитирање   Влијание врз гласање   Тајно агитирање

Пријателски известувања

уреди

Неутралните известувања испратени до мала група на корисници се сметаат за „пријателски известувања“ ако тие се наменети за подобрување, отколку за влијание врз разговорот. Така на пример, ако се отвори дискусија за која е потребен поискусен корисник, тогаш се испраќа молба до корисникот да го види разговорот и да даде свои придонеси.

Запомнете секогаш пораките треба да имаат неутрален текст, и да оставате забелешка на страната на самата дискусија дека сте испратиле такво известување.

Несоодветна агитација

уреди

Несоодветна агитација е општо прифатлива како нарушувачко однесување на Википедија.

Прекумерно постирање/ објавување

уреди

Важните разговори понекогаш се случуваат на одредени локации на Википедија, па така корисниците се обидуваат да го популаризираат разговорот со масовно испраќање на електорнска пошта. Дури и ако целта на ваквото информирање не е да се влијае врз резултатот на дебатата, испраќање на објави до корисници што не се инволвирани во дискусијата се смета за штетно и неприфатливо.

Кампањско агитирање

уреди

Кампањското агитирање има за цел да се влијае врз личноста што ја чита пораката преку користење на ненеутрален тон, зборови или намери. Таквото однесување не се прифаќа на Википедија.

Влијание врз гласање

уреди

Влијанието на гласањето е обид да се издејствува консензус преку селективни информирање на корисници кои имаат слични или исти ставови со корисникот што агитира и со тоа се охрабруваат да се вклучат во разговор.

Тајно агитирање

уреди

Поради транспарентноста на праќање електронски пораки или видови на комуникација надвор од Википедија, ова не е прифатливо освен ако има јака и разбирлива причина за тоа. Во зависност од околностите, испраќањето на електронски пораки се гледа како негативна работа.

Форумско однесување

уреди

Форумското однесување се однесува на ситуација кога корисник постојано прашува за надворешни мислења сè додека не се достигне резултатот што тој корисник го посакува. Ова важи и за сите страници на Википедија.

Одговор кон агитирањето

уреди

Најефективниот одговор кон агитирањето е учтиво да се побара од корисникот да престане да агитира на разговорите, и ако корисникот продолжи со агитирањето, тогаш тој се блокира за да се спречи понатамошно објавување коментари. Што повеќе корисници се инволвирани во ваквата ситуација толку повеќе вакво однесување е присутно.

Корисници кои претходно биле замолени да не агитираат, се блокираат веднаш без повторно предупредување.

Ако имаш намера да агитираш

уреди

Следното упатство за испараќање пријателски известувања е широко прифатено од корисниците:

  • Биди отворен. Не пишувај коментари што на прв поглед наликуваат на индивидуални пораки.
  • Биди учтив.
  • Избегни излишност. Подобро од копирање по неколку пати еден есеј од пет страни е да ставиш врска до соодветната страница.
  • Не користи бот. Ако не сакаш да го поминеш времето во испраќање пораки, не ни го троши и нашето време со читање (отфрлување) на напишаните коментари. Ако се користат ботови без соодветна дозвола доведува до блокирање на ботот и на корисничката сметка.

Поврзано

уреди