Видео (лат. video - "гледам") или видеотехника е заеднички назив за низа технички постапки со кои се остварува снимање, запис, обработка, пренос и прикажување на подвижни слики што се гледаат на телевизискиот или компјутерскиот монитор.

Аналогни видео стандарди: NTSC, PAL, SECAM

Поимот видео се користи во сложенките како што се видеокамера, видеосигнал, видеорикордер, видеокасета, итн., но во секојдневниот говор тој често означува каков било видеозапис или направа за негова репродукција.

Попознати аналогни формати на видеозапис за домашна употреба се: VHS, S-VHS, Бетамакс (Betamax), Видео 2000, а дигитални се: Quicktime, MPEG-2, MPEG-4, MKV, RMVB и други.[1]

Видеото како тема во популарната музика

уреди
  • „Биди во моето видео“ (англиски: Be In My Video) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.[2]
  • „Го видов твоето видео“ (англиски: Seen Your Video) - песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1984 година.[3]

Наводи

уреди
  1. Video Formats, www.mediacollege.com
  2. DISCOGS, Frank Zappa – Strictly Commercial (The Best Of Frank Zappa) (пристапено на 31.5.2021)
  3. YouTube, Seen Your Video - The Replacements (пристапено на 7.6.2017)