Венко Марковски

македонски и бугарски поет
Ова е објавената верзија, проверена на 9 септември 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковскимакедонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писател[1] и еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

Венко Марковски
Роден 5 март 1915
Скопје, Кралство Србија, денес Македонија
Починал 7 јануари 1988
Софија, НР Бугарија

Животопис

 
Венко Марковски и Хаџи Леши, командант на албанските партизани, во околината на Дебар, септември 1943.

Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.

Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата „Ъ“ (ер-голем), за која тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.

Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилијата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилија биле протерани од Македонија во Бугарија.

Во Бугарија Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмија на науките. Има награди: „Херој на Бугарија“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.

Заради творештвото на бугарски јазик југословенските власти го прогласуваат за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБА.[2]

Според сведоштвото на Властимир Николовски, Венко на неговата сестра Дока во неговите претсмртни мигови, за неговата национална определба недвосмислено ѝ се обратил со зборовите:[3][4]

Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее! Никаде, во ниту еден документ јас не потпишав дека сум Бугарин

Дока го потврдила ставот на Венко ѝ во нејзиниот разговор со Ѓорѓи Марјановиќ:[3][4]

Творештво

Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.

Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.

На македонски јазик

Во Бугарија

Во Македонија

  • „Елегии“
  • „Гоце“
  • „Чудна е Македонија“
  • „Гламји“
  • „Климе“
  • „Над пламнати бездни“
  • „Сказна за резбарот“
  • „Голи оток - островот на смртта“

На бугарски јазик

  • „Орлицата“ (1941)
  • „Истината е жестока“ (1968)
  • „Легенда за Гоце“ (драма, изведена во Народниот театар „Иван Вазов“)
  • „Крвта вода не станува“ (1971, 1981, 2001 - одговор на книгата „Историја на македонскиот народ“)
  • „Преданија заветни" (1979)
  • „Бунтовни воштеници“, „Вековни врволици“ и „Судбовни маченици“ (Сонетни венци)
  • „Голи оток" (2015)

На англиски јазик

  • Goli otok - the island of death (1984)

Наводи

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 152 - 153.
  2. Goli otok page XVII of introduction
  3. 3,0 3,1 Виолета Ачковска. „Историски и современи македонски парадокси - Случајот на Венко Марковски (5 дел)“. Македонска нација.
  4. 4,0 4,1 Виолета Ачковска (2009). Историски современи македонски парадокси - Случајот на Венко Марковски (PDF). Скопје: ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ. стр. 250. line feed character во |title= во положба 41 (help)

Надворешни врски