Варан Баргиј

француски велосипедист

Варан Баргиј (француски: Warren Barguil; р. 28 октомври 1991) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[3]

Варан Баргиј
Баргуј на Тур де Франс 2018
Лични податоци
Цело имеВаран Баргиј
ПрекарВава[1]
Роден28 октомври 1991(1991-10-28)(33 г.)
Енбон,  Франција
Висина1,82 м[2]
Маса61 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубФортунео-Самсик
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2010–2011
2011
2012
2012
АК Ланестер 56
Бретањ-Шулер (стажант)
КК Етуп
Аргос-Шимано (стажант)
Професионални клубови
2013–2017
2017-
Аргос-Шимано
Фортунео-Самсик
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Планински пласман (2017)
Награда за борбеност (2017)
2 поединечни етапи (2017)
Вуелта а Еспања
2 поединечни етапи (2013)

Етапни трки

Тур де л’Авенир (2012)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2019)
Последна промена
3 мај 2020

Најпознат е по освојувањето на две планински етапи и планинскиот пласман на Тур де Франс 2017. Има освоено и две етапи на Вуелта а Еспања 2013.

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Баргиј ја започнал својата професионална кариера во 2011 година, кога возел за Бретањ-Шулер како стажант. Додека возел за оваа екипа ја освоил осмата етапа на Тур де л’Авенир и завршил петти во генералниот пласман. Следната година возел како стажант за Аргос-Шимано. Ова било успешна сезона, освојувајќи го Тур де л’Авенир и завршил како втор на Тур де По де Савоја.

Аргос-Шимано (2013-2017)

уреди

За сезоната 2013, Баргиј се приклучил на екипата како редовен возач. Тогашниот 21-годишен возач ја забележал една од најголемите победи во својата кариера, победувајќи на етапите 13 и 16 на Вуелта а Еспања. Баргиј немал други победи во сезоната, завршувајќи како четврти на Трката околу Келн и осми на Гран при д’Увертир Ла Марсејез.

Првиот резултат меѓу првите десет на Баргиј во сезоната 2014 дошол на Класик Ла Дром, каде завршил осми. Една недела потоа завршил осми повторно, овој пат на Страде Бјанке. Негов прв резултат меѓу првите десет на некоја поголема етапна трка бил на Волта а Каталуња, каде завршил на 9. место. Баргиј сакал да настапи на Тур де Франс, но екипата сакала Баргиј повторно да биде на Вуелта а Еспања, но да се насочи на генералниот пласман. Баргиј завршил осми на крајот на Вуелта, со негов најдобар етапен резултат на претпоследната етапа (етапа 20) на шестото место. Ја завршил сезоната во Кина, каде настапил на Трката околу Пекинг и завршил на шестото место.

Сезоната 2015 била прва каде главна цел на Баргиј била Тур де Франс. Баргиј се мачел со формата во пролетниот дел од сезоната, но завршил на 12. место на Тур де Франс како подготовка за Тур де Франс. Една недела по Тур де Свис, завршил четврти на националното друмско првенство. Баргиј ја отворил Тур де Франс со одлична прва недела, завршувајќи 13. на Мур де Бретањ и бил на осмото место во генералниот пласман по таа етапа. Се мачел во последната трета недела и отпаднал од првите 10 на последните етапи; ја завршил Тур на 14. место на крајот.

 
Баргиј на Тур де Франс 2016

На 23 јануари 2016 година, Баргиј бил еден од шестемина од Џајант кои биле удрени од автомобил додека тренирале во Шпанија. Сите возачи биле во стабилна состојба.[4]

Баргиј завршил на шестото место на еднодневниот класик Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Претходно завршил на 9. место на Флеш Валон. Баргиј завршил трет на седмата етапа на Тур де Свис и затоа ја презел жолтата маичка пред да отпочнат последните две етапи. Меѓутоа го изгубил водството следниот ден, поради тоа што завршил на 21. место на поединечниот хронометар. Баргиј покажал одлична форма на почетокот на Тур де Франс и бил на 4. место во генералниот пласман во првата недела. Меѓутоа, во текот на трката неговата форма опаѓала и на крајот завршил на 23. место. Учествувал на Олимписките игри, но се откажал од друмската трка. Исто така, ја напуштил Вуелта а Еспања на третата етапа. Негов најдобар резултат на есенските класици било осмото место на Џиро ди Ломбардија.

 
Баргиј го освоил планинскиот пласман на Тур де Франс 2017

Баргиј ја презел точкестата маичка по деветтата етапа на Тур де Франс; бил поразен за влакно на целта од Ригоберто Уран во возбудлив фотофиниш.[5] Ја освоил тринаесеттата етапа во спринтерска завршница помеѓу четворицата членови на бегството, поразувајќи ги Наиро Кинтана, Алберто Контадор и Микел Ланда; со тоа станал првиот Французин кој освоил етапа на Тур де Франс на Денот на Бастилја од победата на дванаесеттата етапа на Давид Монкутје во 2005 година.[6][7][8] Баргиј, исто така, ја освоил осумнаесеттата етапа (завршувала на искачување од екстра категорија) откако се одвоил од предводникот на етапата Дарвин Атапума (кој водел со 1 минута и 45 секунди на пет километри пред целта) 800 метри пред целта. По победата на етапата, Баргиј имал несовладливи 89 бода пред второпласираниот Примож Роглич во рамките на планинскиот пласман.[9][10]

Баргиј бил исфрлен од Вуелта а Еспања 2017 од Тим Санвеб по крајот на седмата етапа. Бил на 13. место во генералниот пласман со време 1:43 зад предводникот на трката Крис Фрум. Причините од екипата биле: негово несогласување со екипата за целите и тактиката; сакал слободна улога на планинските етапи и дека ова довело до неколку несогласувања во екипата; неговото одбивање да ги послуша наредбите на екипата за чекање на Вилко Келдерман откако Холанѓанецот имал дупната гума на седмата етапа и изгубил време поради тоа.[11][12]

Фортунео-Самсик (2018–денес)

уреди

За сезоната 2018, Баргиј се приклучил на професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик, потпишувајќи тригодишен договор со француската екипа.[13] Баргиј ја отворил сезоната на Тур Ла Прованс и завршил на 32. место. Негова прва трка во Светската турнеја во сезоната била Париз-Ница, каде завршил на 17. место. Неколку недели подоцна завршил на 15. место на Волта а Каталуња. На Критериум ди Дофине нападнал на шестата етапа, но подоцна бил достигнат од групата на фаворити. На Тур де Франс, Баргиј го направил првиот напад на првата планинска етапа, но немал среќа. На следните две етапи бил во бегство и собрал бодови за точкестата маичка. Завршил втор на крајот во планинскиот пласман и на 17. место во генералниот пласман. Негова завршница меѓу првите десет била на Трката околу Германија, каде завршил шести. Негов најдобар резултат во сезоната бил во септември кога завршил трет на ГП де Валони.

По тешкиот почеток во 2019 година, Баргиј го освоил националното друмско првенство во спринтерска завршница. Претходно се размислувал да се повлече од спортот поради недостиг на успех.[14] Баргиј настапил на Тур де Франс како вообичаено, повторно со цел за етапни победи.[14] Нападнал на неколку планински етапи, покажувајќи добра форма, но не успеал да освои етапи. Меѓутоа, завршил на 10. место на крајот. По Тур де Франс, Баргиј потврдил дека ќе остане со Аркеа-Самсик уште една сезона, иако добивал понуди од други екипи од Светска турнеја.[15]

Достигнувања

уреди
2009
4. Тур де Вале
8. Краен пласман Ле Трофe Сантр Морбијан
2011
4. Краен пласман Куп де насион Вил Сагне
5. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 8
8. Париз-Тур за млади
10. Краен пласман Тур де л’Ен
2012
1.   Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Етапа 4
2. Краен пласман Тур де Пеи де Савоа
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
2. Париз-Тур за млади
3. Краен пласман Тур Алзас
1. Пласман за млади возачи
2013
Вуелта а Еспања
1. Етапа 13
1. Етапа 16
4. Трка околу Келн
8. Гран при д’Увертир ла Марселеза
9. Амстел Курасао Рејс
2014
6. Краен пласман Трка околу Пекинг
8. Ла Дром Класик
8. Страде Бјанке
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Волта а Каталуња
2015
4. Национално друмско првенство
8. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
9. Класика де Сан Себастијан
9. ГП Квебек
2016
3. Краен пласман Тур де Свис
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Џиро ди Ломбардија
9. Флеш Валон
10. Милано-Торино
2017
6. Флеш Валон
8. Краен пласман Париз-Ница
10. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 13
1. Етапа 18
1.   Планински пласман
  Награда за борбеност на етапа 9 и на цела трка
2018
3. Гран при де Валони
6. Краен пласман Трка околу Германија
10. Копа Сабатини
10. Меморијал Марко Пантани
2019
1.   Национално друмско првенство
2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
3. Класик Ла Дром
6. Копа Агостони
9. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
9. Трофео Андрат-Љосета
9. Џиро ди Тоскана
10. Краен пласман Тур де Франс
2020
2. Класик Ла Дром
4. Класик Сид-Ардеш

Распоред на резултатите

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро не настапил во текот на кариерата
  Тур 14 23 10 17 10
  Вуелта 38 8 СО СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 72 СО 17 СО 8
  Тирено-Адријатико не настапил во текот на кариерата
  Волта а Каталуња 9 17 22 15 СО
  Трка околу Баскија СО 20 СО 16
  Тур де Романди СО
  Критериум ди Дофине 18 30 19 13
  Тур де Свис 30 12 3

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Монумент 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо не настапил во текот на кариерата
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастон-Лиеж 29 34 6 38 53
Џиро ди Ломбардија 47 36 20 8 34 26
Класична трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Страде Бјанке 8
Амстел Голд Рејс 72 15 45
Флеш Валон СО 23 26 9 6 45
Класика де Сан Себастијан 9 54
Гран при Квебек 9
Гран при Монтреал 27

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Фотерингем, Вилијам (13 јули 2015). „Will anyone stop Chris Froome winning the Tour de France again?“. theguardian.com. Посетено на 13 јули 2015.
  2. 2,0 2,1 „WARREN BARGUIL - Arkea-Samsic“. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 5 јули 2019.
  3. „Franck Bonnamour et Romain Le Roux avec Arkéa-Samsic en 2020“ [Franck Bonnamour and Romain Le Roux with Arkéa-Samsic in 2020]. Аркеа-Самсик (француски). Pro Cycling Breizh. 14 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-11. Посетено на 11 јануари 2020.
  4. „John Degenkolb and Warren Barguil among six Giant-Alpecin cyclists hospitalised after being hit by a car“. Irish Independent. 23 јануари 2016.
  5. „Tour de France: Uran wins stage 9 in photo finish“. www.cyclingnews.com. 9 јули 2017.
  6. „Tour de France: Barguil victorious in short, chaotic stage to Foix“. www.cyclingnews.com. 14 јули 2017.
  7. „Tour de France 2017: Chris Froome stays second as France's Barguil wins on Bastille Day“. BBC. 14 јули 2017.
  8. „Tour de France 2017, stage 13: Warren Barguil triumphs for France on Bastille Day while Fabio Aru holds onto yellow jersey“. The Daily Telegraph. 14 јули 2017.
  9. „Tour de France: Barguil wins on the Izoard - Froome survives final mountain test in yellow, Bardet gets over Uran“. www.cyclingnews.com. 20 јули 2017.
  10. „Tour de France 2017: Chris Froome in control, Warren Barguil wins stage 18“. BBC. 20 јули 2017.
  11. „Vuelta a Espana 2017: Warren Barguil ejected by Team Sunweb“. BBC. 26 август 2017.
  12. „Sunweb send Barguil home from Vuelta after disagreements over tactics“. ww.cylcingnews.com. 26 август 2017.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Fortuneo.
  14. 14,0 14,1 „New French road race champion Barguil: I thought about quitting cycling“. Cycling News. 1 јули 2019. Посетено на 30 јули 2019.
  15. „Warren Barguil to remain at Arkea-Samsic for another season“. CyclingPub.com. 30 јули 2019. Посетено на 30 јули 2019.

Надворешни врски

уреди