Википедија:Уредувачко војување

(Пренасочено од ВП:УВ)
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:УВ
ВП:ВОЈУВАЊЕDUPA
Најважното од страницава: Не го злоупотребувајте уредувањето на Википедија за пресметување со други корисници. Несогласувањата треба да се надминат преку дијалог.
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

Уредувачкото војување настанува како последица на несогласување помеѓу уредувачите за тоа каква треба да биде содржината на статијата. Тие наизменично ги враќаат уредувањата на другиот наместо да се обидат да го разрешат спорот преку дискусија. Уредувачкото војување е неконструктивно и предизвикува анимозност помеѓу уредниците, со тоа отежнувајќи го постигнувањето на консензус. Корисниците кои активно се вклучени во уредувачка војна ризикуваат да бидат блокирани, па дури и банувани. Имајте на ум дека уредникот кој постојано ја обновува својата верзија на статијата исто така е учесник во уредувачка војна, без разлика дали се оправдани неговите уредувања. Изговорот дека „неговите уредувања биле корисни“ не треба да служи како оправдување за таквото однесување.

Постои јасна граница позната како „правило на тројно враќање“. Единечното враќање подразбира поништување на промените кои ги направил друг уредувач. Правилото „3РР“ вели дека еден уредувач не смее да поништи повеќе од три уредувања на друг корисник во период од 24 часа на една единствена статија. Секој обид за искористување на системот преку четврто враќање во период надвор од 24 часа е многу веројатно да биде третиран според ова правило. Постојат одредени исклучоци од правилото на тројно враќање, како на пример враќање на вандалски уредувања или поништување на јасни повреди на начелото за биографии на живи личности. Тројното правило е оптимален лимит во случај кога уредувачките војни се зачестена појава, но ни одблизу не го дефинира поимот „уредувачко војување“. Уредувачката војна може да трае и без да се крши тоа правило, па оттаму овие две начела не треба да се поистоветуваат.

Што не е уредувачко војување

уреди

Википедија има намера да ги охрабри корисниците да придонесуваат со полезни уредувања. Некое контроверзно уредување може да биде направено со цел да се увиди дали има спротивни мислења. Друг уредувач најверојатно ќе ја врати промената. Ако двајцата уредувачи отворат дискусија за спорната точка, тогаш настанува циклус познат како „смела промена-поништување-дискусија“, кој е прифатлив за Википедија. Уредувачка војна настанува тогаш кога по првото враќање не следи дискусија туку враќање од другата страна, и така до бескрај. Но, не секое враќање се смета за почеток на уредувачка војна:

  • Враќањето вандализам не е уредувачко војување. Уредувањето од своја сопствена гледна точка или други слични добронамерни уредувања не се сметаат за вандализми. За повеќе информации погледнете типови на вандализам и што не е вандализам.
  • Враќање на промени кои се косат со некои од најважните правила на Википедија (на пр. внесување шпекулации или непроверени информации во биографии за живи личности) исто така не е уредувачко војување.
  • Враќање на уредувања направени од банувани корисници не е уредувачко војување.
  • Враќање уредувања на сопствената корисничка страница ретко се смета за уредувачко војување. Традиционално, Википедија им нуди широк простор на корисниците да управуваат со нивниот кориснички простор како што им одговара.

Кога враќате уредување, најпрво осигурајте се дали сте дале образложение во резимето за таквиот ваш чекор.

Освен „тројното правило“, има и построги ограничувања со цел да се избегне уредувачка војна. Такво правило е т.н. „правило на единечно враќање“, кое ги има истите членови и потточки како тројното, со таа разлика што временскиот интервал може да варира од 24 часа до една седмица. Постои и неофицијалното начело „без враќања“ кое забранува какви било враќања и наложува дискусија за надминување на проблемите.

Справување со уредувачките војни

уреди

Што да направите ако забележите уредувачко војување

уреди

Подобро е да побарате помош околу некое спорно прашање отколку да започнете уредувачка војна за тоа. Ако избувне некое очигледно несогласување, сите вмешани страни треба да отворат дискусија на страницата за разговор или да побараат помош од одговорните органи отколку да започнат уредничка војна. Други пристапи се предложени подолу.

Ако и покрај обидите за смирување на страстите засегнатите страни не престанат со војување, пратете известување на огласната табла за администратори. Опомена не е пожелна, но доколку на корисникот не му е познато дека уредувачкото војување е забрането, можете да му испратите порака преку предлошката „uw3“ на неговата страница за разговор. Избегнувајте да испраќате ваква опомена доколку и вие самите сте вклучени во таа уредувачка војна - тоа може да се протолкува како закана. Можете и самите да составите порака во која ќе повикате за надминување на проблемот.

Како да не западнете во уредувачко војување

уреди

Во повеќето случаи, дијалогот е најуспешно средство за доаѓање до заемно прифатливо решение. Но, кога е очигледно дека постојат спротивставени мислења, избегнувајте да се потпирате единствено на оставање коментар во резимето. Наместо тоа, дадете го вашето мислење и вашето предлог-решение на страницата за разговор. Така ќе му ја олесните работата и на администраторот бидејќи ќе може полесно да се снајде при решавање на спорот. Притоа запомнете дека не постојат крајни рокови за решавање на споровите.

Ако дискусијата не вроди со обостран заклучок, можеби треба да се потрудите да изнајдете компромисно решение. Ако сметате за потребно, побарајте мислење од трет корисник или од членови на заедницата кои не се вмешани во спорот. Вклучување на трета (неутрална) страна само би помогнало во изградување на консензус по тоа прашање. Ако и тоа не помогне, тогаш разгледајте ги принципите за решавање на спорови.

Заклучок: Користете здрав разум и не запаѓајте во уредувачко војување. Наместо упорно да враќате промени, разговарајте за проблемот со останатите. Ако враќањето е неизбежно, и друг корисник би го заклучил истото и би ја поништил промената. Со тоа би постигнале консензус за таков чекор. Поубаво би било да побарате заштита на статијата отколку бесполезно да војувате.

Водич за администратори

уреди

Единствено администраторите одлучуваат дали ќе доделат опомена или блок. Овие мерки се преземаат за да го спречат и одвратат злокобното однесување, а не да ги казнуваат корисниците. Ако казнетиот уредник смета дека времетраењето на блокот не соодвествува на прекршокот, може да поднесе жалба во првите 24 часа од изрекувањето на блокот. Администраторите даваат подолги блокирања кога уредникот сторил тешки или повторени прекршоци, а врз нивната одлука влијаат и други фактори како учтивоста и однесувањето на корисникот. Кога повеќе уредници ќе го прекршат правилото на тројно враќање, администраторите во обѕир треба да ги земат аргументите и на двете страни бидејќи тоа е предуслов за праведна пресуда. Според начелото за администратори: „Доколку сметате дека некој администратор постапил неправедно кон Вас или некој друг уредник, би требало да ги искажете вашите грижи непосредно до одговорниот администратор.“

Поврзано

уреди